1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клиники и цени за абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Pocahontask, 17 април 2013.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    A dokolku e ne prijavena?Odnosno nema zdravstveno osiguruvanje?
     
  2. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам дека државата плаќа за абортус. Мислам дека тоа се работи за оние случаи кога поради здравствени причини, каде животот на мајката е загрозен и мора да се изврши абортус, инаку за абортус од луксуз се плаќа од 100 евра до 9000 денари зависно од процедурата. Значи повторувам, државата не плаќа за абортус кога животот на мајката не е загрозен.
     
    На makedonkamak, galapce и Cka им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.549
    Ако не е пријавена, си плаќа по реферетна цена.Значи 100 евра СО АНЕСТЕЗИЈА.
     
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Regularno,so dokumenti,koga parite odat vo drzavnata kasa a ne vo djebot na doktorot.
    I malite bukvi znaeme da gi procitame.
     
  5. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    И да е пријавена плаќа, абортусот по желба каде нема медицинско оправдување се плаќа во целос, без оглед дали си осигуреник или не, тоа не спага во оснониот паќет на услуги кои ги добиваме со плаќање на придонесите.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе се форсира на сегашниот начин раѓањето на деца толку повеќе абортуси ќе има и легални и нелегални. Со законот за абортус и комплицирање на постапката и создавање на администрациски лавиринти и малтретирање на мајките со глупи закони само ќе се зголеми, ако не е и веќе драстично зголемен бројот на илегални абортуси. Наместо тоа нека се намали цената на апчињата за контрацепција и кондомите и најбитното нека се крени стандардот на граѓаните. Никој не абортира од ќеиф, луѓето абортираат од сиромаштија. А не сите имаат пари да си дозволат апчиња или кондоми. Не секој има 100 ден за кондоми, а нагонот си е нагон, природна работа. Поарно луѓето да имаат односи отколку да се дрогираат со лексилиуми и дијазепами. Бидете среќни што не сме почнале да наоѓаме бебиња пред ќуќните прагови и по контејнерите. Ако земите сите да пријавувате за нелегални абортуси само ќе му наштетите на народот на кој и така му е тешко. Која има пари ќе си абортира легално во во болница, која нема ќе го става животот на коцка која и така го става на коцка секој ден од самиот факт дека одвај крај со крај врзува пола народ.
    П.С. Попаметно ќе им беше кога се 100 евра во прашање за абортус, кога веќе ништо друго не сакаат да преземат од горенаведеното, да ги покрива фондот за здравство и така ги даваат за патни трошоци за едно одење и враќање од било кој град до Скопје и обратно на пратениците кои и така имаат повеќе од еден стан во Скопје и доволно плата ако сакаат и со хеликоптер секој ден дома да си одат.
     
    На Lolo5, stilas7, Safira26 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Првата реченица е тотална глупост, абортусот не е од вчера измислен.

    Нелегалните абортуси се должат на прифаќањето на еден доктор да ја изведе таа постапка. Докторот ја знае хирушката постапка, има услови (болницата), добива 50 евра на рака, а во иднина доколку има било какви несакани последици, самиот доктор нема да сноси никаква одговорност, бидејќи постапката не е никаде евидентирана. Можам да сумирам дека нелегалниот абортус е релативно добар начин на заработка. Воопшто не навлегувам во етиката на целата постапка.

    Во овој дел можеби ќе направам одредена грешка, но според мои информации (а сум 99% сигурна) во болниците има бесплатни кондоми. Контрацептивните апчиња се релативно евтини, па ни тоа не е некое јако оправдување.

    Стандардот на граѓаните ми делува премногу политички за темава. Не дека истиот не е поврзан со раѓањето и абортусот, но нема никаков ефект кај мене додека ја читам таа реченица.


    Неразбирливо ми е зошто абортусот, а конкретно и законот наидува на толкави критики. Добивам впечаток дека абортусот е перцепиран како толку секојдневна појава, па треба истата да се сведе на рамниште на вадење на заб.
    Наместо да се алудира на поевтинување на постапката, нели мислите дека треба да алудирате на некоја друга причина поради која доаѓа до абортус?
     
    На Sky-butterfly, Vertigo TJ и Cka им се допаѓа ова.
  8. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Девојки, не ми се допаѓа тонот на кој разговарате, нема потреба од груби зборови и конфронтирање кога се работи за тема од која сме сите ние засегнати. Не се согласувам дека сиромаштијата е главна причина за големиот број абортуси, туку причината е во не марноста на лугето.
    Никогаш не сум ги жалела оние кои имаат 10 деца и живеат во сиромаштија, ниту барам оправдување во сиромаштијата за зголемениот број на абортуси.
    Како тоа сите имаат пари за цигари а немаат за кондоми, апчиња или спирала?
    Не се согласувам дека сексот е потреба и мора да го практикуваме сите, сите имаме потреба од среќа па не сме среќни.
    Втора наприфатлива работа за мене е кога велите немаат пари да се заштитат а сакаат да уживаат до крај, епа ако немаат при ќе ги отворат очите 5 банки а не да си тераат ќеф до крај а да кукаат дека немаат.
    На крајот на краиштата на никој со празен стомак не му е до секс нели?
    Според мене спиралата е најдобро решение за сите оние кои веќе родиле и сакаат да се заштитат од несакана бременост, не е скапа а е долготрајна заштита.
    Исто така ве молам да не поштедите од партиска пропаганда посебно ако знаеме какви беа и тие пред овие и оние што претендираат да се вратат..
     
    Последна измена: 1 февруари 2015
    На Pcelka94, Eli23, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Па ете необробразованоста, неинформираноста и немањето средства за одгледување на дете во вториот мој пост мислам дека доволно алудираат. И да сметам дека абортусот можеби не на ниво на вадење заб, ама треба да се сведи на ниво на вадење на слепо црево.
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Чисто информативно влетувам на темава, апчиња за контрацепција на рецепт се 65 денари. Кондоми имаш и за 10 денари, не ти даваат најлонче за тие пари.

    Цената на кафето во Скопје е 80 ден и нагоре.
    Кутија цигари - 50 ден и нагоре.
    Автобуска карта во градски - од 25 денари до 40.

    Лебот, побогу е 30 денари и нагоре.

    Тоа што сакаат да се е...... а нејќат да им влезе:emo: и после се траќаат од земја, е само необразование, неиформираност и со извињење, ама многу голема простоќа. Знаат да ги соблечат гаќите а не знаат да прочитаат како не треба да се прават деца.

    Додека има неиформирани, ќе има и кој да печали на маката. Мислите па оваа женава што платила 50е за нешто нелегално, знае кои се ризиците, последиците, можност за инфекции, дрн дрн? Како па да не, гледа да си мине од редот, да си ги облече гаќите за да може па да ги соблече и ајт по дома.:tmi:
     
    На Pcelka94, makedonkamak, Eli23 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски

    Прв пат слушам за бесплатни кондоми по болниците. На клиника немам видено такво нешто (можеби во изминатите две години почнале да раздавват бесплатни кондоми).
    Освен невладините организации кои одвреме-навреме раздаваат бесплатни кондоми, не сум сретнала такво нешто по болниците.

    А ако за тебе 550-600 денари месечно се "релативно евтини" апчиња, кажи и го тоа на некоја жена што работи месечно за 6-9000 денари.

    п.с. овде во Мк контрацептивните апчиња ги плаќам поскапо отколку во државата каде живеам. За споредбите во стандардот е излишно и да зборувам.
     
    На Lolo5, makedonkamak и babyblond им се допаѓа ова.
  12. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    137.554
    Пол:
    Женски
    @Doozy :bow::bow: i :clap::clap: za komentarot....
    imav spontan i pominav niz kiretaza so celosna anestezija pa shokot i stresot od istata potoa go imav dooolg period....neosporen fakt e deka treba da se raboti na edukacija i zastita
     
    На Pcelka94, bittersweet, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Благодарам @Doozy .
    Ете го податокот кој ми недостигаше, апчињата се 65 денари со рецепт, па оттука секој муабет дека истите се скапи ви паѓа во вода.


    Информацијата за бесплатните кондоми се од пријател, чија мајка работи во оддел за гинекологија, во болница во Скопје, па затоа и реков дека не сум 100% сигурна дека е точна.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Што со тоа вреѓање на сите девојки/жени кои се одлучуваат да абортираат, што е со тоа нарекување на глупачи?
    Јас сакав на 33 години да абортирам и мојата мајка била глупача која не ме научила што е контрацепција?

    И не не сум глупача, ме научила и мајка ми и на училиште што е контрацепција, само во тој момент дека доев не пиев никаква контрацепција, не користевме кондоми затоа што после породувањето сеуште немав циклус а види чудо останав бремена.
    И не сум глупача затоа што сакав да абортирам, ми беше побитно како мајка да сум здрава и жива за тие две што веќе ги имам, место да си го ризикувам здравјето за тоа што сеуште не е родено.
    После зеленото светло од доктор се одлучив против абортусот, си ја сакам малата највеќе на свет ама си платив и тоа дебело со здравјето за одлуката која ја донесов.

    Така да колку девојки/жени толку причини за абортусот не е наше да ги вреѓаме и нарекуваме со погрдни имиња не само нив туку и нивните мајки, никоја од нас не може да каже дека утре нема да се најде во иста или слична ситуација.
     
    Последна измена од модератор: 3 февруари 2015
    На Kadporasnembicu, spacegirl92, ButterflyEffect1 и 23 други им се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.629
    Допаѓања:
    152.272
    aу ау ау темата отишла во неповрат
    Абортуси имало и ке има Имав и јас киретажа после спонтан во поголеми месеци и тоа киретажа од 20 минути без никаква анестезија на живо нешто најболно на свет не платив ништо
    Имав и намерен спонтан и тоа баш на црно од доктор кој што си работи на државна ама бидејки ен сакав да одам во болница си бев кај нег во привана ординација си платив 4000 денари
    Што не ви е јасно во врска со абортусот јас стварно незнам постоел и ке постое секогаш
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Да се надоврзам на муабетот на @bittersweet , метвицата (не знам кој е македонскиот збор, на англиски е pennyroyal) може да предизвика абортус ако се користи во големи количини. http://en.wikipedia.org/wiki/Mentha_pulegium

    И после музиката не била информативна8-|

     
    Последна измена: 1 февруари 2015
  17. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам да не ширите дезинформации.
    Орална контрацепција на позитивна листа на лекови НЕМА. Апчињата се купуваат приватно.
    Повелете страна 5. Билтенот датира од септември 2014 година.

    http://hera.org.mk/wp-content/uploads/2014/10/Bilten-za-semejno-planiranje-br.11.pdf

    И доста со тоа напаѓање - "за кафе и цигари имате пари, а за контрацепција немате". Ко некое здружение на тексашки баби звучите.

    Кој знае да одговори на прашањето од темата, нека даде одговор. Не сфаќам зашто е ова навредување :^)
     
    На Lolo5, makedonkamak, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Да не навлегувам во детали како и колку време ги пијам, кога почнав да ги купувам, беа по 350 денари. Пред Х години, многу одамна. :) Сега се 65-70 денари, во зависност од која аптека ги купуваш. Се смеевме со мајка ми дека уште малце ќе ги даваат и бесплатно како бонбони. :) Мислам дека воопшто не е дезинформација, баш напротив, повеќето се убедени дека апчињата се УАУ прескапи, штетни, итн итн и токму ради тоа не ги купуваат. Јас си зимам рецепт, си одам во аптека и си ги купувам. Како тоа ги нема кога еве јас ги пијам:?:, а се кладам дека ќе се најде и некоја друга што ги пие овде па да потврди. Прво ги пиев само за регулирање циклус, а со тек на годините си ги пијам и за контрацепција. Може да ти ги даде државен/приватен гинеколог, ендокринолог, па дури и дерматолог, во зависност за што ти требаат.8)

    И не планирам да престанам да ги пијам, знаеме, штетни, бла бла, ракови макови, се' знам, сум читала сум се информирала, барем нема да си ја чукам главата дали ми каснело или ми дошло навреме или да се замарам со глупости, се скинало, пукнало, се испуштило, па па па.:?: Впрочем и самата сум производ на едно такво ,,испуштање,, , не ми требаат такви авантури во животов.

    А дека не им се даваат пари за кондоми и за контрацепција е факт, па макар звучела и како тексашка баба или дедо или шо ти знам таму. Кога кажувам дека пијам апчиња за контрацепција ме гледаат како да сум од Марс падната, е до тоа дереџе сме. Кој друг им е крив за непланирана бременост и што голтаат овоа за ден потоа, како се викаше апчето.... како витамин Ц, освен самата неинформираност и желбата да се заштеди на нешто што мислам дека ама ич не треба да штедиш.:?:
     
    На India, Eli23, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    ^
    Ако го додадеме на ова и моментот што на многу возрасни девојки им е срам и да си купат презервативи од причина да не ги види некој, тогаш се' ќе ни стане јасно за тоа како стојат работите. Не знам стварно што е работава и од каде тој срам за такви најбанални работи, џанам тој што ќе ги види ќе ја открие пресветата тајна дека не везат гоблени со дечковците кога седат заедно, туку дека го прават безобазното ^_^ :rofl:

    И ве молам не осудувајте така ревносно, затоа што не знаете утре што ве чека. Ако не вас, тогаш можеби некој ваш близок, па тогаш не знам колку ќе бидете јаки на вилица. На страна новите закони што се донесоа, сметам дека секоја жена треба да има право да се одлучи дали ќе изврши абортус или не, без додатни психолошки стресови и тортури. Без разлика на причината сигурно ниту една жена не се одлучува туку-така на овој чекор и не мора сите да ги ставате во ист кош и да ги правите глупи и неписмени.
    Докторот ни јас не го оправдувам, ама тука повторно се премина некоја црвена линија и почна да се вреѓа и генерализира на велико како и вообичаено...
     
    На ButterflyEffect1, Lolo5, Eli23 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    @Doozy не знам кои апчиња ти ги пиеш. Можеби да има толку евтини. Иако во табелата дури и најевтините Микрогинон пишува дека се околу 170 денари.
    Јас говорам од мое лично искуство. Таблетите кои јас ги користам кога отидов во аптека (ланец на аптеки каде лековите се вообичаено поевтини) ми дадоа цена од над 550 денари. Во други аптеки истите апчиња беа дури и поскапи. Јас каде што живеам не плаќам толку скапо за контрацепцијата.

    Неоспорен е фактот дека цената ја диктира пристапноста на производот. Токму оние категории кои се најранливи во однос на несакана бременост и понатка одлука за абортус, се токму оние кои не можат секој месец да си дозволат да одвојуваат толкава сума пари за контрацепција.
    А за да нас кои користиме орална контрацепција не не' гледаат како паднати од Марс, недостасува нешто сосема друго. Сексуално образование. Е до тогаш ќе се смееме/плачеме колективно над "проверените контрацептивни средства" кои ги користат младите, како на пример замивање со кока кола :x
     
    На galapce и Annath им се допаѓа ова.