1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клиники и цени за абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Pocahontask, 17 април 2013.

  1. Macufka*

    Macufka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2018
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    14.750 den e vo sistina , 17800 re medika i 6000den vo drzavnite bolnici.
     
  2. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Колку време трае и дали веднаш може да се оди дома и дали треба контрола
     
  3. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Трае 15 минути,а те пуштаат после 2 сати дома,на контрола мора да одиш да проверуваш дали добро те исчистиле или можеби има сеуште делови од плодот,ако не си добро исчистена или ќе мора да те дочистуваат или да пиеш нешто за да се доисчистиш.
     
  4. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    На контрола може каде било? Прашивам зашто сим од внатрешноста а абортусот би го изведувала во ск
     
  5. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Кај матичниот ќе си одеш на контрола не мора таму каде што си го правела,јас имав спонтан па кога ме исчистија,после тоа само кај матичниот одев на контрола не сакав во болница да одам.
     
  6. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
  7. Didi7

    Didi7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5

    Девојки помагајте!
    Забременив од психопат!
    Двапати одам на абортус и се откажувам ...одам дома и плачам.
    Но не знам дали повеќе ќе плачам ако го родам ова бебе.
    Што живот би му пружила.
    Моментално сум во општ хаос и оваа бременост најмалку ми требаше.
    Веќе сум во 16 недела.
    Каде може да абортирам...некоја приватна ординација?
     
  8. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    Веќе си 16 недела не е така едноставно за абортус веќе е плод,не може киратража,туку треба да се умвртви плодот па да го родиш.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.185
    Допаѓања:
    23.873
    По новиот закон, за абортус од 12 до 22 недела треба жената да помине советување, па мислење од гинеколог за спроведување абортус, плус може да се бара и дополнително мислење од втор гинеколог. Прашај кај матичниот гинеколог како е процедура. Во приватна болница мислам дека не се нафаќаат да вршат абортус над 12 недела.
     
  10. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.136
    Пол:
    Женски
    Имам другарка која без било каква медицинска индикација се одлучи да абортира во поодмината бременост во 19-20 недела . Абортусот го правеше на ГАК и ја кошташе (мислам) 15000 ден . Дефинитивно најдобрата одлука која што можеше да ја донесе . Најтешка да, најтрауматична да , ама животот ќе и одеше во комплетно друг (лош) правец ако одлучеше да го роди детето . Се нафатија и во Систина да го извешат ама знам дека ценовно разликата беше голема . Ти си ја знаеш ситуацијата најдобро , одлуката е пре претешка ама размисли добро и ако сметаш дека сепак тоа е вистинската одлука .. Прашај си најдобро во клиниките ќе си добиеш точни информации .
     
  11. Didi7

    Didi7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5

    А дали постои опција со царски рез? Значи да ме успијат целосно и кога ќе се разбудам да биде сè завршено.
    Ве молам за одговори од сите вас кои сте добро информирани ...или доколку помеѓу вас има доктори гинеколози...
    Верувајте ми во многу очајна ситуација сум.

    За сите оние кои ми одговорија им се забалагодарувам.
     
  12. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.136
    Пол:
    Женски
    Ти пишав погоре ама не ти ја објаснив процедурата . Значи во толку одмината бременост аботус се прави единствено со метода на индукција . Прво го умртвуваат плодот , па со провокации кои ти ги даваат добиваш контракции и го раѓаш мртвиот плод . Со царски рез не постои абортус .
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.717
    Пол:
    Женски
    Во твојата ситуација нема да правиш абортус туку ќе го раѓаш бебето. Прво ќе го умртват па ќе го родиш. Раѓање класично, со сите салтанати, ама царски мислам ептен ако ти дојде нож до коска ќе го раѓаш, бидејќи при нормален пораѓај на живо бебе ризикот е да не се изгубат тоновите, а кај тебе секако ќе е мртво бебето. Јас не би се одлучила на ваков чекор, би раѓала и би го дала ама не би го убивала. Ти имаш бебе кое мрда, има живот во него, не е како во 6та недела пример. Не те осудувам, скраја да е, ама досега си требала да го завршиш тоа ако си одлучена дека не го сакаш бебето, сега процедурата ти е многу долга, болна и тешка. Размисли убаво.
     
    На Alishan30, Cka и Martka им се допаѓа ова.
  14. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    тоа бебе е живо битие веќе и ќе треба животот да му се одземе.
    размисли за опција да истераш до 9ти и да го дадеш на семејство кое не може да има деца.
    не знам како идат процедурите ама распрашај се, размисли убаво, не избрзувај.
     
    На bibiiii и Martka им се допаѓа ова.
  15. Didi7

    Didi7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5

    Очајна сум.
    Самохрана мајка сум.
    Ситуацијава ми е кошмар!
    Мислев дека нема шанси да сум забременила...но ете се случи.
    Знам дека скратувам живот на едно бебенце но каков живот ќе му пружам?
    Да го растам покрај психопат?!
    Човекот и бремена ме тепаше.
    Јас не сакам со него да живеам а не па уште и дете да раснам покрај таков.
    Со него бев неколку месеци...
    Ама на крај се покажа дека е болен...психопат!
    Една блиска личност дури и се омажи за еден за кого мислеше дека е нормален а на крај се покажа дека е психопат кој во два наврати сакаше да ја убие.
    Сега и јас се плашам да не овој ме повреди во иднина.
    Затоа морам под хитно на абортус...
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.606
    Допаѓања:
    151.853
    Јака ти душа
    оди си на гак прашај си за процедурата што како па со Господ напред
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Didi7

    Didi7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Пиши ми во инбокс број од докторот
     
  18. kremceemce

    kremceemce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Од која недела може најрано да се абортита?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Доста ја малтретирате девојката да роди ако не сака.
    Ако толку сакате да раѓате деца, родете си по едно ваше. И износете си го 9 месеци.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Секој има право на избор, ама многу си чекала. Оди кај матичниот ке ти даде упат за на клиника се ќе ти објаснат. Со лесно
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.