Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кломифен и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од rak11, 10 октомври 2011.

  1. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Здраво девојки , овој месец примав терапија Кломифен , се беше во ред имаше 5 фоликули Д-рот ми стави прегнил , по неколку дена појдов на контрола фоликулите беа прснати , но имаше уште еден нов фоликул 11 мм беше. Денес ми е 23 ден од циклусот напрајв тест сабајле тестот беше шур чек на него пишува дека дава резултати после 5-тиот ден од можното зачнување. Мене ми излезе негативен. Можно е да е рано или нема ништо и овој месец ???? :@ Ве молам кажете ми веќе незнам ни што да мислам :headbang:
     
  2. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Здраво феминки,
    и јас сум од утре на кломифен, имам нередовна менструација, а матичниот ми рече плодни денови да ги рачунам од 11-16 ден од циклусот. Мене никогаш не ми иди на 28 дена, дали има врска со кломифенот што ке го пијам па би ми биле тие плодни денови ?
     
  3. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Да, ако пиеш кломифен од 3 ден до 8ми ( 5дена) тогаш сметај дека овулацијата т.е фоликулите ќе пораснат околу 11ти ден а ќе пукнат или со помош на пргнил инекција или самите во наредните 3-4 дена. дај Боже да реагираш убаво т.е да имаш што повеќе фоликули а апчињата лесно се поднесуваат ;) Среќно :*
     
  4. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Рано е ;) домашните тестови се 99% сигурни ама барем околу денот на добивање :*
     
  5. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Фала ти многу... да се надеваме на убаво :)
     
  6. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    либра88 кломифенот нема врска со нередовната манструација тој е само да се створат повеке фоликули,така да пиј си го од 5 ден на циклус и ке ја увидиш разликата јас уште со пиење на второто апче ја осетив разликата ме болеше многу од лево па потоа најизменично,сега чекам резултати да видиме дали кломифенот ке помогне,инаку супер се поднесува јас немав никакви промени како што пишува во упатството. Со срека да си ја истераш терапијата и се читаме :* :inlove:
     
  7. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    И јас исто терапија со кломифен и 5 фоликули само не ми ставија прегнил туку сами пукнаа...ееее и мене ми е 22 ден од циклус но осекам затегање во стомак ко да има нешто :lol: страв ми е да земам тест да не се разочарам, и ке си чекам уште 4 дена не се многу...ајде ке си ги видиме и ние нашите две цртки :*
     
  8. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    тешко е кај нередовен циклус овулацијата да се погоди и за тоа со кломифенот барем се знае и овулација и фоликулчиња :) ;) ви посакувам стомачиња и на двете :* :*
    мене ми е точна на 28 дена и правам еден фолекул без стимулација јас една доза испив и ништо ама може пак да почнам за некое време ;)
     
  9. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25

    Јас мислам дека најдорбо е од кога ќе го допиеш Кломифенот после 3-тиот ден да одиш кај матичниот и да мери фоликули. Јас одев секој ден од кога го допив Кломифенот затоа што и јас имам нередовен циклус од 25-28 дена ми е. Не знаев кога ми се плодните денови а кога не. Најдобро е да одиш на мерење на фоликулите , јас така мислам. И дај Боже да се израдуваш со две црти. :party:

    Среќно :*
     
  10. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25

    Дај Боже да има нешто, јас немам никакви симптоми за идење само малку градите ме болат и ми се малку отечени :D значи околу 9 -ти треба да не добиеме двете. Лелееее ме факаат паники :rofl: Ова чекањето значи УБИВААААААА :headbang:
     
  11. Libra88

    Libra88 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2012
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    2.993
    Матичниот оди на одмор две недели од понеделник и ми ги кажа датите на плодни денови па ако се погоди ке славиме ако не повеќе среќа наредниот месец :x
     
  12. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Јас мислам дека најдобро ке биде да одиш, матичниот твој нема замена кај него да одиш??? Сепак, СРЕЌНО :*
     
  13. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    и јас ќе бидам од следната недела на кломифен и матичната ми рече да појдам на дванаесеттиот ден од кога ќе ми дојди, наводно тогаш ќе ми бидела овулацијата :?: и тогаш ќе видела што понатаму дали ќе ми дадела нешто за прскање на фоликулот, макар ми рече многу да не се надевам дека одма ќе се фати,оти резултати со кломифенот имало дури после 4 месец на користење на кломифенот :!: ,па ќе видиме како ќе биде со Господ напред :)
     
  14. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    лелее зазарско дури 4 месеци ли ке треба да чекаме па кај секоја жена не е исто :( тука на форумот има една од први месец една од втори месец забременила со кломифен... а за тоа дека на 12-ти ден ти е овулација ти сама можеш да си видиш и осетиш значи кога ке имаш бел исцедок како белка од јајце тогаш си најплодна.да ти кажам јас со кломифенот и после 12,13 и 14 ден имав исцедок што значи нема веза се до организамот,ти посакувам да направиш супер фоликули за да се оплоди барем еден :lol: па макар и двојка или тројка со кломифенот и тоа е можно :) :*
     
    На zazarsko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    Да,но јас секогаш имам редовна менструација на 26-ти ден...јас без стимулација правам само по два,со кломифенот повеке но ке видиме овој месец ако не биде одиме втор месец-кломифен ;)
     
  16. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    Дај Боже да не добиеме и јас исто немам никакви симптоми за идење и градите почнаа по малку да ме болат од денеска и отечени ми се,големааа паникааа леллее го чекаме 9ти да не ни иде оваа рога више аман ;)
     
  17. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Јас и претходно имав примано кломифен ама само два месеци, и тоа првиот месец направив сообраќајка, вториот добив тахикардија и така тргнав по други доктори и го оставив кломифенот. Од тогаш поминаја 2,5 години и се надевам дека сум психички спремна да го издржам сето ова, макар да почнаја да ме фаќаат кризи :x ама мажот ми ми е голема подршка и се надевам дека ќе успееме. Инаку со мм се надеваме на близнаци :D оти си гледав со прстен и ми излегоја близнаци женско машко. Ајде и кај тебе дајбоже близначиња, ти ја пуштам сета среќа , поздрав :*
     
    На eci85 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    lasica88 ова времето како во место да ми стои :lol: да видиме што работа ке ни заврши кломифенот,кај тебе има некој симптом за идење или не :( јас од мисли постојано си ѕиркам во гаки :D
     
  19. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    И кај двете да не помислила да доаѓа :) да си видите 2 црти па да ве удавам со прашања зошто и јас набрзо ќе прочнам пак да ги пијам ;) :* :*
     
    На lasica88 и eci85 им се допаѓа ова.
  20. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25


    Мене вчера како да ми дојде нешто како кафеаво беше па после розево. :sweat: Бев кај матичниот ми даде ултрогестан (2 по 1) и фолна к-на. Ми го измери ендометриумот 11,3 беше и ми рече дека е нормален но да потврдиме бременост било рано уште :( и дека нормално било да имало крв малку затоа што имав мн фоликули (5). Не знам од што можи да е ова дали навистина е така или ова е мензз :headbang: Ве молам кажете ми нормално е оваа ??? И сега имам ама малку крв :sweat: Кај тебе како е ??? :?: дај Боже да нема ништо барем ти да се израдуваш овој месец Искрено ти посакувам :*