не се нервирај можеби така треба и јас не сум точно запознаена,може да е некое мало крварење од матката,јас имам една колешка така прво ја бележи малку и после утврди дека е бремена, кај мене нема уште ништо,денес ми е 26ти ден (секогаш ми иде на тој ден) ама еве нема уште ништо само ми тече малку бело како водичка,незнам дали е тоа нормално,страв ми е да земам тест да не излезе негативен
Тој ми рече дека било рано да се потврди бременост затоа што јас добивам на 25 ден секогаш. Ендометриумот е задебелен како да има знаци на бременост и ултрогестанот ми го даде за во случај ако сум бремена да се зачува плодот да не дојди до спонтан, затоа што тој всушност е прогестерон Сега имам благи болки во стомакот, и имам малу крв ама мн е темна , нормално е ова ???? Ти ја пуштам цела среќа барем ти да забремениш
А од кој ден го пиевте кломифенот? Зошто мене док ми рече од 3 ден да го пијам, а тука погоре прочитав дека од петтиот ден почнале, а да и речам на док знаеш на фемина прочитав дека се пие од петти ден веднаш ќе ме измаршира од ординација
Мене матичниот ми рече да го пијам Кломифенот на 3 ден од циклусот. Ова ми е втор пат кај што пијам Кломифен и двата пати го пиев на 3 ден. Првиот пат имав бременост од прва се фати но за жал заврши со спонтан а сега ке видиме чекаме Ајде почни да го пиеш и за брзо да се израдуваш со две црти среќноооо
И едното и другото - од 3-7 или од 5-9 ден, нема врска кое од овие 2 Ти само уживај и само опуштено! Ќе одиш на 13-14 ден за фоликулометрија?
И јас го пиев од 3ти ден ама не бидна само еден месец го пиев Да ве прашам нешто Јас супер ги поднесов апчињата направиви повеќе од 5 фоликули ама 5те беа убави и големки е сега не бидна-здравје туку прашањето ми е нели ви беа малце под притисок темпираните односи? Мене да јас си реков кломифен не помага вака напнати, не водевме љубов туку ај мора овие 4 дена после Прегнилот а мм по цели денови се погоди на работа па ај договарај саат во колку сепак хормони пиев да не е за џабе може само мене така Се мислам пак да почнам па незнам како да совладам напнатоста дека баш мора тие денови
eci85 Како е кај тебе?? Има нешто ново??? Од срце ти посакувам да видиш две црти на тестот затоа што знам какво е чуството да чекаш, и потполно те свакам како се осеќаш. Кај мене исто како вчера само што денес имам помалку крв ама мн е темна не знам што ке биди После ке одам на преглед и ке видиме
Малку зафркнато е да да , и јас така се осеќав како крај на светот да фаќа па ај мора да имаме односи ке се помириш со тоа како јас. Јас тоа си го сватив како факт дека после Прегнилот а и со Кломифенот мора така да се постапува Ке си речиш мора да е така и тоа е. Како програмирани да сме сите: пиеш Кломифен 3-7 ден, потоа одиш мериш фоликули, па Прегнил, па односи 4 дена и на крајот чекаш, зафркнато е. Ама можеби еден ден ке вреди сето ова ке ни дај Господ бебенце
Е баш така цел месец како што опиша како под шема некоја ама да ајде може зошто ми беше прв месец пиење па бев под стрес како ќе биде, па малце ме болеше кога пукаа па докторката рече да мирувам во случај да се фатило абеее ...... дај Боже да се исплати еден ден zazarskoда убаво ти рекла на 12ти ден зошто со кломифен побрзо растат фол. и побрзо е овулацијата јас на 11 ден примив прегнил зрели беа фол.
Не растат со Кломифенот побргу, туку едноставно кога им е време, т.е. овулација Тебе тој месец ти се погодила (или пак секогаш ти е, не знам дали претходно си следела) овулацијата, не е дека Кломифенот нешто ти изменал. Јас сум мерена со и без Кломифен, и секогаш овулацијата ми била на 14от ден.
Значи јас имам мерено базална температура 8 месеци без прекин и овулацијата ми е на 14 ден од почетокот на менс. сега можеби затоа ми рече да појдам на 12, ја прашав за инекција дали ќе треба да примам за прскање на фоликулите ми рече ќе видиме како ќе се одвиваат работите
јас го пиев од 5ти ден така си пишува и во упатството,но штом ти кажала да го пиеш од 3ти така и направи ајде со срека па нека биди од прва
Уште си чекам и чекаммммм да недојде баба рога и еве ја нема ни денес(сакала да дојде после 9 медсеци ) незнам дали има бременост,само знам дека ми доцни....можеби кломифенот помогна од прва
Се манијачам по темиве да најдам дали си пишала дали си направила тест. Ајде више, аиииии. Ај направи тест, па јас неможам да чекам више, незнам како ти можеш женчеее!
ecapereca мили4ка моја те барам да видам дали си тука абе немам никаков симптом дека ке добијам само малку градите ме болат,дај помагај знам ке ми кажеш одма да одам да земам тест...а мене ми е страв да не се изнервирам
Кломифенот кај секој организам реагира различно некоја неправи со него стимулација некоја прави хиперстимулација, ама кај мене побрзо ги порасна фол. мене 14-15 ден ми се 19-20мм а со кломофенот на 11 ден ми беа 20мм, сепак се хормони нели? кај мене некој ден ја убрза работата со растењето затоа викаат докторите порано на преглед да не надминат големина подоцна па во цисти да преминат навреме прегнил да проценат ако треба да се прими Еци ајде прави тест нема да се изнервираш нема што да изгубиш веќе сме навикнати на добивање може само да не израдуваш а тебе најубавото да ти се случи
Еци, не чекај и не барај симптоми, еве јас до ден денес уште немам никакви симптоми, ни ми се гади, ни сум поспана, само малку градите ме заболуваат навечер. Никаква храна и мириси не ми сметаат, па еве бремена сум. Секоја е различна. Ајде јас веќе ти честитам, голема да си растеш во мешето и се најубавоооо ти посакувам!!! Wanna.be.mum, и тебе те чекам срцка, едвај чекам да видам да пишеш дека имаш позитивен тест, срциња мои убавки сте ми! А Лоричка пак ни се губи. Да знае само дека и неа ја мислиме и ја чекаме со убави вести!