Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кломифен и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од rak11, 10 октомври 2011.

  1. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Не знам ке видиме тоа што е наше ние ке си го завршиме :lol: но другото оставаме на Господ. Велиш дека е можно да забременам со еден фоликул??? Господ да те слушни иако јас не верувам многу во тоа, си велам 5 имав прошлиот месец не забременив, сега со 1 ке забременам, нема шанса тоа да се случи :?: Ама кај е Господ никој не е :)
     
  2. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Мило ми е за тебе, дај Боже да имаш позитивен тест ;) Како што почна Кломифенот да ти реагира супер од почеток, така да остани и до крај и да даде позитивни резултати :* По ова што го кажуваш мислам дека (да не ти давам лажна надеж) , сигурно ке видиш 2 цртички ;) затоа што имаш повеќе од 4-5 фоликули, енд.11, тоа е одлично. Сега фрлиму се на мажето и работете на случајот :lol: без напнатост и нервоза, и што ке биде , нека биде. Оставете на Господ. И да не израдуваш со позитивен тест :inlove:
     
    На eci85 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Ако е здрав и испушти јајце клетка и сте вредни нема зошто да не биде ;) еден е доволно- секогаш ми вели мојот д-р :!: Многу жени што имаат мака со овулација тешко доаѓаат и до тој 1 па имаат успех :*

    Еци супер фоликули ти држам среќа ^_^ :hug:
     
  4. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Добро ни дојде во клубот на кломифенки :) и јас пробувам 2 год и некој месец. Очајни сите сме тука :lol: не си само ти ама често и многу позитивни- без поддшка не би можеле ;) Пиши како ги поднесуваш и ти држиме среќа за да има успех.
    п.с еден совет од мене- не си врши преголем притисок јас читав на многу од 1ва фатило и толку се преоптеретив и со 5 фоликули ми се чини од стрес не фати :lol: дај Боже да фати кај тебе одма ама со резерва има и втор и трет пат.......јас така си се тешам
     
  5. melek21

    melek21 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Благодарам премногу...јас ги пијам кломифено истовремено ми е 5 ти ден менструација и крварењето и болките од кога ги испив ми поминаја па се осекам убаво..Знам дека не треба да се нервираме...се е тоа божја волја....ти посакувам и тебе што побрзо да те благослови господ со едно ангелче...ти благодарам за подршката :*
     
  6. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    Добренидојде во темета ''Кломифенки'' ;) не се грижи Господ е голем ке ни го подари и нас тоа најубаво нешто-бебуш :) па макар и 2 или3 нека бидат :lol: со кломифенот и тоа е можно,ајде со срека да си ја истераш терапијата и да направиш многу фоликули, а сами кломифен ти даде?
     
  7. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Вчера јас бев на ехо и д-р рече дека добро сум реагирала на кломифенот 8) и на едниот јајник имаше само 1 фолекул 2,3мм а на другиот јајник имасе 3 и сите беа отприлика по 2 мм :rock: што е добро и сега ни вика д-р на вас е другото седум дена барем еднаш во денот односи :$ ,и ја прашав дали треба да примам нешто за да прснат фолекулите и таа ми рече дека доколку сами не прснат значи не вреди ниту да се пие кломифенот ниту да се оди на инсеминација туку директно на инвитро :tmi: битно денес мислам дека го сетив дека пукна фоликулот , бевме супер активни со мм :$ па да видиме што ќе биде. Инаку не ми даде ништо да примам, ми рече само фолна ништо друго се додека не се потврди бременост. Господ да ни е на помош нас и на сите коишто чекаат :*
     
  8. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Зазарско 20мм така? утна една нула многу важна :lol: Среќно и работно деновиве :* Мој совет после овулацијата пак да и одиш на ехо, онака заради ендометриум и сл мое мислење е тоа ;)
    :hug:
     
  9. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Како викаат една нула една кула ,сум ја лапнала нулата , ми рече да одам само да и кажам каков ќе бидел резултатот, т.е. дали сум бремена или не, а да и појдам на ехо не верувам да има слободен термин, докторката ми е пребукирана слободен термин дури по два месеци, за брис закажав на 4 јуни а ми закажа за 15 јули, па сега види ти како стои со слободни термини, а за ехо е бетер ред неможиш да дочекаш
     
  10. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    А зошто не одиш на приватен гинеколог??? Јас на приватен одам и се таму ми испитва брис, пап, ехо освен ако треба некој хормон да се испита одам директно во приватна лабораторија. Оди приватно и одма ке завршиш работа, и резултатите ке ги земиш веднаш и знајш дека си на сигурно ;) Ти неможеш да чекаш долго време. А што ако е нешто хитно да не дај Господ :o
     
  11. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Добро ни дојде во темава Кломифен :* Се надевам дека нема да бидиш долго во оваа тема набрзо ке се префрлиш во темите за трудници ;) Искрено ти посакувам многу среќа со Кломифенот и да забремениш од прва ;) (иако ние маки мачиме со него некое време) но тоа е индивидуално. Има многу во оваа тема што останале бремени од прва со Кломифен. Една од нив бев и јас , но за жал заврши со спонтан ;( но тоа е, мора да се оди напред. Најважно од се е што се тешиме една со друга, имаме меѓусебна подршка, си даваме совети, секакви мислења, тука сите го имаме истиот проблем а главната цел ни е бебенце :inlove: Само со Господ напред и се ке си дојди на свое место :)
     
  12. melek21

    melek21 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    душо моја од се срце ти посакувам брзо забременување...извини на ова што ке ти го кажам но во твојот спонтан абортус има и нешто добро а тоа е што ти можеш да забремениш...ти си плодна...но ете ти се случило тоа и немој да се нервираш воопшто добро? си била стегната и затоа се случило...овај пат ке биде друго овој пат ке ќе си го држиш ангелчето во рака мила :) сите сме тука да си се поткрепуваме....еден ден и нас бог ќе не благослови.....:(
     
  13. melek21

    melek21 Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    12
    Да само кломифен ништо друго..а оти има лошо нешто?јас сум од битола имам ојдено и кај Таше се е во ред а матичната ми е Настевска...доколку знај некој за оваа докторка нека ми кажи мислења бидејќки многу се жалат :(
     
  14. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    ок е,тебе ти е прв месец со кломифен па ке видиш како ке се одвиваат работите може и од прва да забремениш,а веке од 2 месец се дава утрогестан или естрофен но тоа треба да го утврди док.дали треба да го земаш.инаку не сум запознаена за твојата др. можеби некоја друга феминка ке ти даде одговор. ;)
     
  15. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Покрај кломифенот мене ми ставија Прегнил на 11ден па додека имавме односи за време на овулацијата Циклопрогинова-белите апчиња само- тоа е Естрадиол :) и од 15 ден натака Утрогестан за поддршка доколку се фатило-вагинално ;)
    Во Плодност ми ја дадоа шемава а за Лили лошо немам слушнато иако не сум била кај неа мислам дека како лекар е ок
     
  16. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431

    20мм? :) неможе да биде 2,супер пораснал но ако не прсне ке треба да ти стави прегнил инекција,може така треба па не ти даде други апчиња инаку за да се задржи полодот доколку има бременост даваат утрогестан
     
  17. lasica88

    lasica88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    25
    Лошо немам слушнато за неа имам одено кај неа 2-3 пати супер е , многу е фина , а за работата искрено немам воопшто слушнато лошо за неа. Многу мои другарки одат кај неа. ;) Јас појдов кај неа затоа што матичниот мој беше на одмор и не беше во градов :)
     
  18. zazarsko

    zazarsko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    122
    Ајде кломифенки :D помош, дали сте забележале некои промени на телото за време на овулацијата, значи стомакот ми е подујан незнам колку, на работа дури ме прашуваа да не има нешто ново, градите ми се натежнати, а круговите околу брадавиците ми се зголемени и бојата му е мноооогу потемнета, мм ми се смее како полни месечини ти се :$ , гасови имам исто многу, а долниот дел на стомакот ми е како под анестезија целиот здрвен, а утрово на бришење забележав крв, измешана со цервикалната слуз и болки во стомакот имам неверојатни, дури и кога седнувам како игли да ми се качат во стомакот :sweat:
    позз :*
     
  19. eci85

    eci85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    431
    Здраво мои кломифенки.. :* сакам да ве прашам ...значи од синоќа почнав да го ставам утрогестанот,сабајле кога станав толку многу ми се мокреше што мислев дека ке се измочкам во гаки :D отидов во вц но само две-три капки и неможев да станам од шољ...дали е можно ова да ми се случува од утрогестанот,да ми ја задржува мокрачата и по малку да мокрам :(
     
  20. Wanna.be.mum

    Wanna.be.mum Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    1.101
    Пол:
    Женски
    Појачани симптоми при овулација се нормални кога се пие кломифен, јас и се радував кога го осеќав така стомакот тоа значи се формирани бааѓи фоликули ;) е сега незнам за крвта зошто се појави болките се ок ако се во границите на нормала тоа значи пука некоја голема фоликула, кај мене 4 ден после прегнилот мнооогу ме болеше стомак и бев на ехо па морав после да мирувам.