Јас и мојата пуста радозналост утрово направив тест излезе негативен , ама навикната сум на негативни тестови , сега останува да чекаме до 7 да видиме дали ќе ми дојди. Поздрав
Без предвремено разочарување Мене првиот тест кој го направив беше негативен, за недела дена направив уште еден и беше позитивен! Останав бремена уште со првата доза кломифен! Не очајувај, нпарави уште еден тест после една недела и ако биде повторно негативен не се разочарувај, бидејќи наредниот месец има повторни шанси за позитивен тест! Со среќа, од срце
Не правам тест,радознала сум како тебе zazarsko но ке чекам прво ако ми касни тогаш може а сега предвреме несакам да се разочарувам...и јас чекам да не ми дојде на 8ми но мислам дека ке ми касни 2-3дена од утрогестанот а може и 9 месеци
snegulkata Бравооо,значи кломифенот си ја заврши работата кај тебе одпрва...јас бев втор месец на кломифен и со двата обиди супер фоликули...останува да чекам резултат од втората доза, но што даде Господ тоа нека е дали освен кломифен примаше и нешто друго?
И јас сум радознала ама се плашам да направам тест не знам каков ке биди мене вчера требаше да ми дојди но еве уште ја нема не знам што и текна овој месец да ме залажува. Искрено не се надевам воопшто на бременост, можи да ми касни од утрогестанот?? Но него го прекинав со пиење уште во саботата последното го испив тогаш и самиот организам не ми го поднесува појке, не знам зошто. Ми е страв и да одам кај матичниот да не се разочарам пак да не почни да ми вели како прошлиот месец што ми велеше: рано е, да почекаме уште некој ден, задебелен енд....веке преку глава ми дојде со тие муабети си се помирив со се што сака нека биди сега ке чекам и не се замарам воопшто. Затоа, чекај и ти не прави тестови за џабе рано е до 7-ми ( и јас почнав да звучам како мат.мој) ама мислам дека навистина е така. Тоа што е наше ке си дојди
Ништо друго не примав... само кломифен! Дури и фоликули не меревме, гинекологот ништо не ми спомнам туку само ми објасни кога да го пијам кломифенот и толку! И се фатле двечки ама едното се исушило а другото за среќа се задржало! Бидејќи веќе имам еден спонтан(без кломифен тогаш забременив) ми препиша лекарот дабростон кои ги пијам по две на ден! Но сеуште нема срцева акција, гинекологот ми вели да не кревам паника бидејќи смета дека покасно сум зачнала што значи и дека покасно ќе имаме срцева акција! Се молам на Бога се да биде во ред и едвај чекам да помине оваа незивесност! Дај Боже и ти да се израдуваш овој месец, од срце ти посакувам две цртки и после девет месеци едно слатко машко бебче! Со среќа!
Lasica, Eci, zazarsko и уште некоја ако заборавиви извинете ајде што чекате секој ден за вас отварам темава сакам 2 црти кај сите да прочитам дека има
"Wanna.be.mum....Јас и ти треба да почекаме....јас чекам 15 да не ми дојди...ти кога?и да ве прашам дали главоболката 3 дена со ред може да е симптом на бременост? позз
Јас на 16ти ќе си почекаме, ама јас не се надевам месецов некако ама тука сум навивам за вас да ме охрабрите со мешиња и да се убедам од наредново добивање да продолжам со кломифен
и јас бев на тгерапија со кломифен, првиот пат пиев по едно апче насабајле, и не изреагирав, бев на мерење фоликули и сум излегол само еден, и тоа мал, на 10 ден беше 8 мм, и после правевме еден месец пауза ( така пишува во упатството, а така ми рече и гинекологот) и после еден месец пак пиев дупла доза, од 5 до 9 ден по 2 апчиња едно сабајле, едно вечер и овојпат успешно изреагирав со 4 фоликули, и тоа прилично големи... па примав инекција за овулација и правев инсеминација, па сега се надевам дека берем 1 од тие 4 фоликули ќе се оплоди.. треба да (не)добијам за една недела. дотогаш чекам
И јас чекамммм ама ова чекањето убива значиииии нема позафркнато нешто од тоа да чекаш и да си во неизвесност. Баба рогава ја нема уште се надевам нема ни да ја има во наредниве 9 месеци. Уффф ми е страв тест да направам не знам каков ке биди. Мм нон стоп ми се јавува од работа да праша дали ми дошла оф лелеле ова веќе вака не се издржувааа. На никој од вас не му посакувам да е на мое место, најискрено! Дај боже сите уште со првото правење на тестот да си ги видите историските 2 црти
И јас потполно како тебе со мојата радозналост сабајле направив тест но со втората мокрача и повторно излезе негативен тестот беше шур чек, не знам зошто ама мн ме му верувам на овој тест (изгледа резултатот што го дава не ми одговара) Отрпнав со овие негативните тестови почнаа навика да ми станваат аман веќе од нивввв а баба рогава уште ја нема , денес ми е 28 ден. И сега што да правам јассссс ????????
Девојки да ве прашам вчера цел ден имав кафеав исцедок...и многу многу бел исцедок помешано...што можи да е?ми е страв да не ми дојди пред време мислам на 15 не треба да ми дојди .....
3 дена ми касни ке почекам до вечер и ако не дојди ке одам утре кај матичниот. Работи тој нон-стоп приватен е
А да прашам нешто друго јас... инсеминацијата колку пари е ??? Колку е на државно преку ФЗО (ако можи), а колку приватно ??? Колку е сигурна?? Јас појма немам Ако ми дојди до вечер да не дај Господ ке одам на инсеминација и ке пијам пак Кломифен од 3 ден. Ова вака веке не можииииииии инает почнува да ме факааааааа Ве молам кажете ми затоа што стварно не знам кај терам
lasica88 за инсеминација со сигурност знам дека е 7000 денари па може и да е 8000 зависи од испитувањето за секој е различно бидејки некои имаат достигнување на големина на фоликули , некои пак немаат на товар на ФЗО,а за приватно немам информација зборувам за кај Доктор Органџиски во Штип, бидејки така ми кажа тој