Ајде без губење на надеж......јас вечерва ги завршив кломифенот утре сум на мерење...па ќе видиме...искрено јас ич не се надевам...ми се чини џабе и кломифен и се.....незз такво чуство имам :/
А твојата надеж каде е??? Ајде утре ќе видиш што ќе ти кажат зошто да е за џабе пиши како ќе поминиш и ти посакувам мноогу фоликули
еден ништожен фолекул.....ме отепаја од хормони и на крајот ти вика оди на проодност на канали.....НЕМОЖАМ ДА РАЗБЕРАМ...ни канали сакам ни бременост ни фолекули...ако даваше господ ќе даеше и бес овие стресој
Кај некој дава туку така кај некој со мака Денес слободно нервирај се ама од утре или менувај матичен или предложи зголемена доза кломифен во комбинација со дексаметазон давало големи резултати кај жени кои биле резистентни на кломифен И уште нешто еден не е ништожен фолекул некој со еден прави инсеминација и инвитро колкав е?? а канали да мораш прво тоа да провериш
Всушност два фолекули едниот 13мм другиот 23....искрено првиот пат имав 3 фолекули од 23 мм и нисто...па сега ќе бидни?хахха нееее......мене многу ми е страв од то проодноста на канали..кизнај колку боли....и плус кај нас во ова битолава и во болницата наша уште да одиш....
Не се плаши од испитувањето - боли колку јаки менструални болки, а трае многу пократко од нив. За 5 минути цела работа е готова И еден фоликул е доволен ако требало да се случи - со среќа!
Мелек немој да се разочаруваш, ако реално гледаш на работите за да се дојде до бебенце потребна е една единствена јајце клетка и еден единствен сперматозоид. Јас потполно те сваќам јас бев во слична ситуација примав 3 месеци само кломифен.... првиот пат два големи фоликули, вториот пат само еден третиот пат исто само еден. Самата си велев зошто се трујам со хормони кога имам само по еден фоликул ама тоа е. Овај пат пиев и кломифен и примав инекции мерионал, добро реагирав имав 5 големи фоликули и неколку помали правев и инсеминација па сум во очекување на резултатот. Иначе за проодност на канали или хсг правев во плодност ама бев со аналгезија така да не почувствував никаква болка, многу лесно поминав! Не се секирај се се издржува за бебуш!
Мелек драга, немој да се нервираш и толку лесно да се откажуваш. Јас досега правев три инсеминации и чекам резултати од 2 инвитро со само еден фолекул(и јас бев на природен циклус и примав само кломифен). Ако треба да биде ќе биде баш тој едниот. Јас правев хсг во Битола во болницата во јануари 2012 година, без анестезија, иако инсистирав. Значи имав страшни болки(сега тоа зависи колкав ти е прагот на толеранција на болка) и двата канали ми беа непроодни. Со тој резултат отидов во Ремедика и бидејќи докторот се сомневаше и правев повторно хсг овојпат со анестезија и каналите испаднаа дека се проодни. Не ти сугерирам ништо само сакам да го споделам моето искуство.
Извини да те прашам а колку плати во Ремедика?ти од Битола си?мене поќе ме фаќа страв од болницата наша од колку болката...ќе стегнам заби...
Јас одам утре на мерење фоликули...па ке видиме...само сакав да ве прашам кога почнавте да го примате естрофемот...
Мене минатиот пат ми го дадоа додека траеше овулацијата, откога ми ставија прегнил, 4 дена го пиев и после утрогестанот вагинално 2 недели. Сега кај друг д-р сум па ке видиме што ќе даде јас имам време сабота одам на мерење, уште пијам кломифен Ти посакувам фоликули големи и многубројни
Денес бев на мерење,како што ми е 10ти ден имаше супер пораснати фоликули по 15мм,на 13ден одам пак па ке видиме до колку ке достигнат
Девојки ке може ли некоја да ми објасни за кломифен имам многу прашања па незнам од каде да почнам да прашувам ме интересираше се во врска со тоа па очекувам дека ке ми пише некоја
Прочитај ја прво темава, па ако не си ги најдеш одговорите, слободно прашај јавно, може информациите ќе им се најдат корисни и на други идни мајки
Нема проблем за тоа сме тука да си помагаме и да си даваме совети и искуства Иначе јас правев ХСГ во Ноември тогаш кошташе 6 000 ден плус си платив 2 000 ден за аналгезија за да биде безболно! Ама ако сакаш ако не немораш со аналгезија тоа е по твој избор! Е сега не сум сигурна ама мислам дека е оскапено ХСГто бидеќи и инсеминациите се оскапени од 6 000 на 9 000. Прашај си на информации ќе ти кажат точна цена! Ако немаш евети бр 047 208 880! Ако те интересира уште нешто слободно прашај си!