Здраво на сите. Јас сум нова на форумов но сум загрижена и ве молам за помош. Последниот циклус ми беше на 22,09,2013, почнав да пијам Кломифен од 5-9 ден по 2 таблети на ден. Кога отидов на фоликулометрија , имав еден фоликул и тој ми беше 12мм, а после 2 дена кога отидов пак ми беше 16мм. Докторката ми рече дека нема да имам проблеми со забременување. Пред една недела почнав да имам симптоми: прво зачестено мокрење, изостанок на менструација, умор и поспаност, нозете ме болат, некогаш и рацете, главоболки многу, вртоглавици и по малце гадење. Но еден симптом немам, градите не ме болат воопшто, само осетив мало пецкање на нив на брадавиците, а тек денес осекам како тапа болка кога ке се допрам и имам секрет (бело прање). Ве молам за помош, дали имала некоја вакви симптоми па е останала бремена. Не знам што да мислам, денес бев на гинеколог ама тој не ми е сигурен, ми вели нема ништо па да сум отишла во среда. Ве молам за одговор. Поздрав до сите Заборавив да напоменам , исто имам и болки во долниот дел на грбот и грчеви кај јајниците. Дали е можно да сум бремена?
искрено, многу ми е страв. денес бев на гинеколог ама тој гинеколог никој не го сака и не кажува точно. првиот пат кога ме прегледа ми вели немаш ништо се е во ред, а јас си знам дека имам ПЦО и тоа ми го потврди друг гинеколог. Денес бев кај тој стариот и ми вели нема ништо, а јас упорно ги имам истите симптоми и немам циклус сеуште. Во понеделник ке одам кај другиот гинеколог и дај боже да останам бремена. Вие по ваше мислење што мислите, дали сум бремена? оти ми е страв да земам тест , офф ова исчекување убива
Здраво чупиња, пред 18 дена почнав да пијам цикло прогинова за зајакнување на матката пошто имав крварења после секс и продолжена менструација, ми открија исто дека имам и мала циста на лев јајник, и со тоа докторката ми кажа дека не доага до плодни денови , наводно цистата не дозволува, е сеа сакав да прашам дали ако почнам да земам кломифен,ке се предизвика овулација, посакуваме бебенце со партнерот ама оваа циста малку ме разочара.
Здраво феминки ве следам секој ден скоро и имам проблем како и вие значи година дена неможам да останам бремена имам направено скоро сите испутувања освен проодноста сите ми се добри освен хормонските.Хормонот за тироиднаата ми бесе повисок 5,7 а нормално е до 4.Имам и полицистични јајници исто така овој месец бев на кломифен од 3 ден со 2 таблети на ден сабајле и навечер. На 11 ден од циклусот имав еден водечки фолекул кој бесе 17мм со 13.пак бев на 13 ми беше 20мм во саботата бев пукнал и сега ми дадоа утрогестан од 200 вагинално навечер по 1.мегутоа сабајле имав некои болки во јајниците стомакот дали е од таблетите или П.С се извинувам за долгиот пост
Тестот многу подобро од нас може да ти даде одговор. Симптомите што ги кажа се слични и со бременост и со ПМС, така што не може ништо да се заклучи. И себеси ќе си олесниш ако направиш тест. Со среќа! И мене почнаа градите да ме болат и се плашам дека ќе добијам, а во петок ми се 14 дена од инсеминацијата и дури тогаш треба тест да правам...
Здраво на сите!! Последниот циклус ми беше од 7ми до 12ти октомври, а јас пиев кломифен таблети од 9ти до 13ти октомври.. Одев редовно на гинеколог и следевме дали има фоликули..на десниот јасјник имав еден, а на левиот беа повеќе, ама малечки...Завцера бев повторно да видиме дали настанала овулација и дали пукнал фоликулот беше 24мм и сеуште не беше пукната па примив една инекција Прегнил....Денес повторно бев и повторно не беше пукнат беше 32мм...Многу сум загрижена среда пак треба да одам да видиме дали пукнал, ама многу се плашам Дали некоја од вас има искуство во ова истото што го поминувам јас, и како се справиме...Ве молам за помош... Среќно нека ви биде на сите...Поздрав!!
точно,и мене ми кажаа во една аптека дека е дефицитарен, но прошетај по аптекиве сигурно ке најдеш...јас претходниот месец најдов на рецепт и тоа за само 15ден. сега правам пауза.поз
По два дена каснење ми дојде, не направив тест зошто бев сигурна дека нема ништо...Од недела ја почнувам четвртата доза кломифен, д-р ми рече без пауза било подобро па да видиме, што сака нека биде...... не се надевам дека ќе смени нешто само ќе ги издржам уште овие три месеци зошто не сакам понатаму да се прекорувам дека не сум направила се што е во моја моќ за бебенце и кога ќе биде доволно голем син ми да му кажам дека сум пробала се но ете Бог не сакал да има уште едно братче или сестриче, зошто почнува да ме прашува зошто тој нема ни братче ни сестриче а сите другари од училиште иако имаат исто години имаат или братче или сестриче..
Зазарско, а само на кломифен си или одите и со инсеминации? Јас сум втор месец на кломифе, докторот сега ми препорача да се прави инсеминација. Кај мене се годините во прашање (40), макар што и јас си имам едно детенце кое бара братче/сестриче. Да се надеваме дека ќе си добијат.
^^ Само на кломифен, ниту ми има спомнато инсеминации.. д-р ми рече дека доколку не сме успееле со кломифенот да сме размислувале за инвитро друго чаре нема
Ако имате убави фоликули не ја пропуштајте шансата, најискрен совет од мене одете на инсеминации, самата постапка е 5 мин, како на преглед, безболно, воопшто не е комплицирано напротив Додека спермата ја обработуваат напиј те се кафе, еден туш и назад на болница за 5 мин сте готови, јас овој месец без стимулација бев имам супер фоликула ама за викенд не прават (освен на приватно) инсеминации за жал и ќе правам нареден месец деновиве дома ќе сме активни Не се инсеминациите којзнае што
da, ама за инвитро бараат 4 неуспешни инсеминации, така да не губете време, плус помегу 2 инсеминации треба барем месец пауза, започнете, може некоја и ќе успее и нема потреба за инвитро ма да мали се шансите, јас имав и 2ра неуспешна, денес добивам, за жал, пред нова година ќе правиме и трета, февруари 4, и после тоа документи за инвитро... а времето минува, тоа ме убива
Јас имам впечаток дека кломифенот ми прави проблем таму долу. Ми се јавува свраб, црвенило, печење и чувствителност на слузницата веднаш после третиот ден од пиењето. Нешто слично како симптоми од кандида. Истото ми се случува веќе втор пат. Сте имале вакви тегоби при користење кломифен?
Можно е, мислам прочитав во упатството, кажи му го тоа на матичниот обавезно, мене не конкретно, јас друга мака имав, како рамнотежа да ми снемуваше и светки пред очи ми се појавуваа како предолго кога се гледа во светло, д-р ми вика не би требало да е од кломифенот ама пак никогаш друг пат не се повтори, којзнае...
Тоа со светките и проблеми со видот го има во моето упатство, го прочитав и на интернет. Ама, минлива појава е. Јас го користам кломифенот на Ремедиа, на Белупо ги немале одамна во аптеките. Ќе му кажам на докторот секако за мојот проблем, во четврток одам на мерење фоликули. Веројатно е нешто поврзано со хормоните и нивното влијание на пореметување на флората. А дека е проблем, е. Како да правам бебе кога ме боли?
здраво феминки нашата терапија со кломифен нажалост и овој месец неуспешна фоликулите не растат како што треба е сега докторка ми рече од нареден циклус да почниме со инекции сакав да прашам дали некоја има ставано од инекциите како се викат и некое искуство од вас позззз
Zdravo pak na site...znam deka sum si po malce dosadna ama covek koga ima maka od sekade bara soveti . Trebase da dobijam ciklus na 19 oktomvri bidejki bev na terapija so klomifen ama ne dobiv. Posle 10 dena otidov na ginekolog ama doktorkata ne mozese da vidi nisto. Pomina uste edna nedela a jas uste nemam dobieno ne znam sto da mislam i sto da pravam. Ve molam za sovet, dali nekoj imal vakva slicna situacija ?