овој лек го има секаде на интернет , не е од баба рада не знам зашто си го препишува на неа многу ме нервира бабава жими се 40 смокви се ставаат во маслиново масло и стојат 40 дена потоа се јаде една смоква сабајле на гладно и се пивнува малце од маслото, многу е гадно само да казам јас многу работи сум пиела ама ова стварно немозев ми се лошеше смоквата беше ептен гадна. Јас така си јадам насабајле по една смоква
Мислам дека треба со рецептиве да се префрлиме на темата како до полесно забременување, таму го имате и рецептот со Рен и Вино bremenost/kako-do-polesno-zabremenuvanje-t121/60.html Во врска со рецептов сакам да прашам: Додека се чува (40дена) треба на светло и собна температура, а после тоа кога се јаде на темно и ладно или..??? фала
Да те замолам, дали ке може да ми пишеш во ЛП во која аптека ги најде кломифен, ги барам и јас неколку дена - ги нема за жал. Ти благодарам
мене ми дојде не сум изненадена сепак ми е тешко ,сега се мислам дали да ја пијам петтата доза кломифен зошто овој период што следи ќе ми биде ептен стресен и незнам колку ќе има ефект да го пијам
Зазарско немаш воопшто овулација без кломифе? А да одмориш месец- два? Оооо што да си изненадена навика ни стана доаѓањето туку кога ќе и текне да не се појави ууф нормално е да ти е тешко ќе помини- тоа е позитивна страна-поминува тука сме за тебе
здаво девојки јас вчера бев на контрола и за среќа има три фоликули од окули 16мм на 9 ден од циклусот се надевам дека ке биде се како со треба и здравје пред новагодина да добијам една честитка од гинеколог позззз до сите
Сите три се со тие димензии? БРАВО чипирипи, а без кломифен имаш овулација? Среќно и да стигне честитиката да славиме
јас мислам дека треба да се направи пауза, јас 3пати го земав преку еден месец, и сега минатиот месец правив пауза со вел овој месец пак да го пијам ,ама ми дојде на 15 ден, и гинекологот ми рече дека овој е ановулаторен циклус, сум немала овулација најверојатно поради кломифенот, бидејки тој ги троши јајниците... па сега незнам чекам да добијам нормален циклус, па повторно да го земам, ама сепак мислам дека треба да се зима преку месец, и не повеке од 3-4 пати... и јас имав првиот пат 4 фоликули, вториот 2, и тоа големи, ама ништо... незнам што да кажам
значи вака јас два месеци бев стимулирана со кломифен но не делувасе намене не растеа фоликулите е сега овој месец бев на терапија со кломифен во комбинација со инекции гонал ф во саботата бев пак на контрола двата фоликули беа околу 24мм а третиот 18 ми ставија прегнил за пуканње на фоликулите и си бевме доста вредни викендот со мажето па да се надеваме дека ќе биди овој месец инаку имам полуцистични јајници а со тоа и нередовен циклус незнам дали имам овулација и ако имам сигорно не е секој месец позззз и што поскоро да се израдуваме
Дали има некоја девојка која има тироидна жлезда со намалена функција која пиела кломифен? Нус ефекти дали имала? И дали забременила?
девојки мои знам колку ви е мачно да цекате да останете бремена јас од искуство ви препорацувам имав проблеми со пролактин и овулација пиеф кломифен 1 година со паузи нисто не ми помогна а инаку пет години се борев за бебе кломифенот само ми создавасе болки во абдоменот и во јајниците и цело време немозев да се опустам никако иа да си зивеам како сто сакам се таа мисла ме тепасе дали ке биди и овој месец па сто ако не биди и брбрбр, ина крајот дознав за достинексот и ми помогна стварно се скапи едно апце ти е околу пет евра и го пиев два пати неделно и од пет апцинја испиени си останав бремена по тооолку време и и сега носам зенско бебенце и прикрајот на јануар треба да се порордам срекно девојки и само таа пуста мисла нек ви се тргне од глава и без стрес поздравце
Ооо па тебе ти се ближи терминот, како брзо поминува времето ајде со лесно, ова е убав пример дека решение има, само мнооогу е потешко кај таквите како мене што им викаат се е ок, тогаш нема апче макар колку и да е скапо што ќе знаеме дека е лекот. За жал си тапкаме во место Со лесно уште еднаш и да не израдуваш кога ќе дојде на свет девојчето
јас во декември пиев кломифен од 3от ден 5дена по 2 и паралелно со тоа естрофем 3пати дневно,по вагиналните прегледи ми намали 2пати дневно и ништо добив пред недела дена,и требаше пак да продолжам од ново но го пропуштив 3от ден и земав на своја рака 5от ама прекинав и толку.многу ми предизвикуваат психичка тежина ме успоруваат,и на моменти од чиста мира ме фаќаат емотивни кризи со караници и неконтролирано плачење,дали некој од вас имаше нешто слично?(инаку чудно немам апетит и намалив 5кг откако ги почнав,но поради психичкиот ефект негативен не сакам да ги пијам повторно)
Здраво на сите. Од денес и јас сум нова овде , па за почеток само ме интересираше дали од кломифенот и од останатите хормони како што се циклопрогинова и утрогестан можам многу да се здебелам ? Од напред ви благодарам и на сите ви посакувам успешни пред се и лесни бремености
Може! Месецот пред да останам бремена пиев кломифен и се поправив 5кг. Никогаш не бев стигнала до таа цифра, колку што се сеќавам немав зголем апетит но затоа си имав плус 5кг Претпоставувам дека е од кломифенот, не сакам да помислам колку кг ќе ставев на мене ако требаше да го пијам уште три месеци (како што беше ,,договорот,, со матичниот) Но тогаш поголема ми беше среќата за бременоста, отколку стравот од вишокот килограми.