Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кломифен и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од rak11, 10 октомври 2011.

  1. Laura87

    Laura87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    52
    Здраво девојки... прочитав се, од прва до последна страна :D
    Е сега мојот проблем! Јас лани во февруари забременив, ама во 7 недела имав спонтан! Тогаш забременив после 6 месеци обидување... ама немав среќа, заврши за кратко! И направивме пауза од 3 месеци! Ама еве уште нема ништо! Поминаа веќе 8 месеци, а ни б од бременост немам! :( Се мислев дали да му спомнам на др да пробаме со кломифен или нема потреба?!
    Проодност на канали немам испитано, ни спермограм, ни ништо од тие подетални испитувања! Еднаш забременив и си викам ваљда се во ред тие работи! Што мислите вие, дали да почнам со кломифен или нема потреба?? :sweat:
    Поздрав и се најубаво! :inlove:
     
  2. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    мислам дека не се за кломифен само треба да се опуштиш изгледа психички ти влијае лошото искуство,сепка стапи во контакт со добар гинеколог чисто да те провери да не има некој проблем,и не се секирај опушти се штом еднаш фатило ќе фати пак :) .
     
    На Laura87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. veli4ekate

    veli4ekate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    547
    Пол:
    Женски
    mila isto i jas kako tebe ostanav bremena prokrvarev 6 nedela potoa giinekolog me natera da ispitam proodnost na kanalite bidejki rece stom plodot ne se zadrza vo matka mozno e kanalite da mi se zapuseni no jas ne ispitav,potoa godina okolku 6 meseci ne ostanv bremena i barav da pijam klomifen piev i od tretata pakovka ostanav bremena,redovno imav menstruacija sto ne pomisliv deka ima bremenost se dur ne se izgubiv 3 pati,prvo toj den koga se izgubiv mi se losese strasno i mnogu povrakav i imav mnogu jaka bolka vo stomak ama toa sto povrativ mislev deka e zatrovenie bidejki izedov dva sendvica.so brza pomos me pratija na drzavna vo gak i tamu otkrija deka sum bremena ama vonmatericno i rekoa deka odma operacija za da me spasaat mozese da umram bidejki tubite kanalite mi puknaa bidejki bile zapuseni bremenost se slucilo nadvor od matkata.nesakam da ti se sluci takvo nesto ni tebe ni na drugite feminki zatoa preporacuvam pred da zabremenete proverete proodnost na kanalite (tubite) i spermogram sekako.
     
    На eci85 и Laura87 им се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.520
    Слична ситуација како мојата. Останав бремена, па се испуштив и после тоа речиси цела година неможев да останам бремена. Мојот гинеколог ми кажа дека имам полицистични јајници, тие се причината поради која не можам да забременам. Не испитав ни проодност на канали, ни хормони, нити пак правеше маж ми спермограм, туку си започнав со кломифен. Матичниот ми кажа дека подобро да не губиме време и јас послушав. Договорот беше да го пијам 3 месеци, па ако не забременам во тој период да испитуваме проодност и спермограм. Ама јас го зезнав, забременив со првата доза :P и ете ме сега со стомаче и бебушка во него која ме клоцка додека ти пишувам на тебе.
    Поздрав и израдувај не наскоро, пофали ни се со две црткиии!!!
     
    На Laura87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Laura87

    Laura87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    52


    Срцка! :D Ти посакувам лесна бременост до крајот, да си родиш здраво и право бебе :D Ние решивме со мм да паузираме два месеци, да се опуштиме малку и пак одново! Здравје, накај Април ќе направам една контрола, и ќе му спомнам на др за кломифен па ќе видиме што ќе ми препорача... А дотогаш се надевам деќа ќе има нови трудници на форумов ;)
    Поздрав :inlove:
     
  6. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    и јас решив да не пијам кломифен до април некаде,природно ќе пробуваме,инаку испитавме сперма одлична е,проодност ок се,само од голем стрес на претходното раб.место ми се пореметија циклусите летото на 6август имав и следно 6октомври а и пред тоа јуни па следно 6август и изгледа немам овулација,барем според хормони тоа ми рече гинекологот,иако баш па и не верувам на ова докториве се ;) малку ми е секирацијата дека сум со пецеов-синдром(полицистични овариуми)но физиолошки се ми е исправно+за белја многу накачив минатата год едно добри 10кг а и претходно си бев изнад нормала 10кг и сега на режим на здраво хранење и со господ напред па што биде биде :) .
     
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    3.902
    devojki nitu klomifen nitu drugo se pie pred da.se proverat kanalite i spermogram. Najprvo od pricina sto ke.si gi iscrpite jajnicite so klomifenot,poznato e deka go vadi maksimumot od niv,a.zamislete da ima problem vo kanalite ili spermogramot,zaludno ste go piele. Potoa so klomifen i neproodni jajcevodi sansite za von matericna bremenost se dosta golemi :( toa se ednostavni proceduri napravete gi za vase dobro i sigurnost :* :hai:
     
    На eci85 и Laura87 им се допаѓа ова.
  8. Laura87

    Laura87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    52
    И јас јадев смокви, ама не ги чував 40 дена... одма почнав да јадам по една наутро! Во комбинација со 3-4 зрна бибер! Само незнам дали треба и двајцата да јадеме од смоквите или само јас??
     
  9. macenceee24

    macenceee24 Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    7
    здраво идни мамички, ете и јас си ги прочитав сите коментари на назад па еве го сега и мојот проблем:) :
    скоро 1 год се обидуваме да забременам но никако да успее, бевме на гинеколог ми рекоја да направиме спермограм и да проверам хормони, спермограмот си е во ред но проблемот е во хормоните, сите се некако повисоки отколку што треба, па ми рекоја да направам ХСГ ... овие дена ке го направам и тоа... па ме интересира дали некоја од вас има искуство со тоа хсг-то ... во постарите постови прочитав дека ако е добра проодноста на каналите, после хсг-то за брзо се постигнува бременост, бидејќи течноста која се вбризгува ги чисти каналите доколку се проодни, и дали бременост може да се постигне ако каналите се проодни а хормоните се повисоки отколку што треба? можеби поставувам глупави прашања но денеска толку ме имаат фатено депресии и толку ми е тешко што само неубави мисли ми доаѓаат ;( ;( ;(
     
  10. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    независно дали се проодни каналите и независно што контрасното средство ги чисти каналите најважен е нормален хормонален баланс,кај мене хормоналната нерамнотежа прави да ми отсуствува овулацијата :( значи најбитно е да ги средиш хормоните со соодветна терапија+алтернативна медицина е од голема помош па после и ќе бидат тие многу посакувани 2цртки :) и дај избркај тоа негативните мисли ти ја трошат позитивната енергија а таа како и да е многу ќе ти треба,опушти се и уживај си.
     
  11. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    9ти ден од циклус и имам убав фоликул до 17мм и вечер треба да ме боцкаат со прегнил ампула за утре инсеминација да се прави ама еве маж ми пак се предомисли најмногу се плаши да не му ја замешаат спермата со друга и сега незнаам дали да ме боцкаат или не?штете што ги пиев овие глупави лекови,џабе се резилам по доктори,смачено ми е веќе :(
     
  12. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    абе како ке ја заменат кои глупости леле кај ке правите во која болница? немозе да ја заменат нека им казе одма да пишат таму име, и мора да примиш инекција иначе фоликулите ке се претворат во цисти од кломифенот ако не примиш :!: ајде земи таму дај му да прочита дека нема шанси да ја заменат дека шансите се поголеми со инсеминација и дека тоа е патот до бебе ако вака он прави како сака бебе? од небо ке му падни? :worried:
     
  13. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    ех од уста зборови ми земаш,баш од небу планира да му падне со мене(прочитај во криза во бракот истово го имам пишано :) )не го молам ич,нека ме бодат ќе трпам само ме загрижува минатиот пат во декември она не ми даде прегнил,а сега ми дава ама не знае дека се премисли маж ми,да не ми дава за да ме подготви за инсеминација утре?или и да ме боцнат со прегнил нема да пречи?
    природно љуби човекот мој...ама не успева...некако :lol:
     
  14. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    со кломифен секогаш се дава прегнил инекција за да пукнат фоликулите и да се предизвика вештачка овулација, знам случаеви каде што не им дале инекција па се претвориле во цисти, гледај разубеди го некако ке му ја обработат спермата поголеми се шансите со инсеминација него ли со природно кога веке се мачиш и пиеш лекови греота е да пропадни шансата леле бе маживе немозам да го сфатам стварно
    братучеда ми се бори со неплодност и зетми никогаш не му паднале вакви мисли на ум , вели не е важно дали е од епрувета бебето или природно, важно да имаме бебе, тоа ке е наше исто, тоа си е бебе воошто не е битен начинот како дошло битно е само да дојди, ти пуштам срека да го разубедиш
    а не ми кажа во која болница идете , не ли можи докторката да позборува со него да му кажи дека се однесува детски ке ја заменеле спермата :tmi: па уште еднаш сака друг пат не сака, многу незрело од негова страна :worried:
     
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    докторката не знае дека пак се премисли,што и да и речам отпосле тоа ништо мене лично не ми менува,инаку во државна не пратија,немам искуство со инсеминациите и не знам како е во приватниве на пример,но што ми менува тоа кога маж ми се предомислува ден пред инсеминацијата :( .
     
  16. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    епа појдете на приватно ете систина, таму ке му обрнат повеке внимание и ке се согласи е таму нема шанси да сменат нешто, помалце инсеминации се прават дневно, повеке се пази :) така да му кажиш дека ке идите приватно и таму нема утка мислам околу 6000 чини инсеминацијата , а можи и ке му дозволат да си ја гледа спермата :D
     
  17. Cindarella

    Cindarella Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    Odmarav dva meseci od bolnici od bilo kakvi mozni stresni sitacii i ne bidna nisto na pocetok na mart gi spremiv dokumetite za uste edna inseminacija...i nemav potreba bremena sum 5nedela i toa bese najubaviot moj poklon sto sakam site da go pocustvuvate
    :D :D :D :D :D :D :D
     
    На Slonce91, kifla, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  18. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Po priroden pat si ostanala bremena??? :)

    Mnogu mi e milo draga Cindarella... Neka ti bide so lesno i najlesno da si ja pomines celata bremenost ;)
     
  19. Cindarella

    Cindarella Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    15
    da po priroden
    celi 4 godini ja cekam ovaa vest
    pravev inseminacija vo dekevri i ne bese uspesna doktorot mi rece da olbavam maku i vo mart da ja pravime drugaa inseminacija no za cela sreka nemase potreba od toa
    se nadevam na site ke vi se ispolni zelbata
    koga najmalku ocekuvate togs se slucuva :) :) :) :)
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Јас останав бремена со кломифен и само еден пат, те. вториот месец примив прегнил.
    Третиот не примив и тогаш останав бремена.
    Хиперстимулација на јајниците може да се случи, ама тоа е во помал број на случаеви.
     
    На katufce му/ѝ се допаѓа ова.