Кај мене овој месец се случи хиперстимулација на јајниците... За чудо некое дозата на кломифенот била изгледа преголема ( 2x1 пиев сабајле и навечер), па денес на 12-от ден имав 2 фоликули од кои едниот бесе 24мм, а другиот 32мм... Докторот ми рече дека сами ке прснат, да не ставаме Прегнил и да не одиме на инсеминација туку да пробам да останам бремена по природен пат. Што мислите вие на ова драги мои? Споделете некое искуство, ве молам...
Jас останав бремена со Кломифен фоликулите сами пукнаа не ми ставија Прегнил. Д-рката ми рече дека било поубаво сами да си прснат фоликулите без некоја провокација. Јас мислам да не ти ставаат Прегнил најубаво е да забремениш по природен пат. Срекно
Дали е можно кломифенот да делува задоцнето, на пример ако се пие од 5-ти до 9-ти ден, да почне да делува на пример после 11-тиот ден, бидејќи јас на 11-12 ден имав мали фолекули, не беа ниту 5,5 мм. Со оглед на тоа што имам нередовна менструација и секогаш ми касни од 5 до 15 дена, и според тоа што до сега на фоликулометрија, без употреба на лекарства, на 12 ден фоликулите секогаш ми биле мали, претпоставувам дека имам задоцнета овулација, ако воопшто доаѓа до истата, па мислев дали и се случило на некоја задоцнето реагирање на кломифен. А исто и ендометриумот ми беше тенок. Наредниот циклус ќе пијам и циклопрогинова за ендометриумот, ама се надевам дека нема да добијам нареден месец поради убава причина.
Драга Abeja... Не верувам дека кломифенот би можел да делува задоцнето, бидејки сепак со него се стимулира вештачка овулација... Значи или ке има големи фолекилу или ке нема. Во овој случај би требало да го обавестиш својот гинеколог , бидејки мислам дека ке треба да ја зголеми дозата на кломифен или да даде друга соодветна терапија за стимулација на јајниците. Во секој случај ти посакувам многу среќа наредниот месец и биди што послободна и поопуштена
Драги мои.... Дали може да касни менструацијата од кломифен, направени се фоликули 32мм и 24мм, не е правено инсеминација и не е дадено Прегнил, туку оставени се фоликулите сами да прснат... Ве молам за одговор доколку имате вакво искуство...
мене ми каснеше првиот месец од што вообичаено ми доаѓаше. Исто не примив прегнил. Ама нормално е со кломифенот малку да се поместува циклусот. Може да се случи и да се направи циста ако фоликулите не се прснати, па затоа да не ти даоѓа, ама ако ти касни неколку дена мислам нема потреба од грижи, или пак најдобро јави му се на докторот твој. А можеби си и бремена, се надевам тоа ќе да е
Можно е, мене ми се случи да имам различен период на овулација кога го примав Кломифенот од 3ти и од 5ти ден. Во првиот случај овулацијата ми беше на 14от ден, а во вториот на 16от ден. Кога се работи за жив организам се' е можно....јас на твое место до 18-19, па и 20ти ден би одела на фоликулометрија, чисто да се осигураш дека го достигнале максимумот, кој и да е тој, и дека прснале. Само тогаш можеш да бидеш сигурна како си изреагирала на Кломифенот. Јас за задебелување на ендометриумот ставав Утрогестан вагинално, најмногу ми помогнаа. Со среќа и со лесно
Zdr na site jas sum nova vo forumot. Imav 2 sponatani i od togas nemozam da zabremenam 1 i pol pa doktorkata predlozi klomifen vo kombinacija so dekortin. Pa ke vidime so ke ispadni. Momentalno gi pijam pa ke vidime so ke ispadni mn poz i spodelete nekoe pozitivno iskustvo
Jas imam namalena funkcija i momentalno pijam klomifen pa ke vidime rezultat. Dali ostana trudna ili veke imas bebence
Minatiot mesec mi dojde na 13maj a,aeve veke sme 14 juni 2 meseca unazad sum so Clomifen sakam da ve prasam dali e mozno da mi kasni od Clomifenot ili sum bremena denes mi e 33ti den veke...pozz....inaku mi ide redovno od 28-30 den
Јас би прашала : дали од кломифенот добивте грчеви во пределот на јајниците и тапа болка после грчот .? незнам која реакција да ја очекувам па затоа и си прашувам ..
мозжно е да си бремена,направи одма анализа на крв(хормнон бета хцг на GAK можеш)одма ќе знаеш и со среќа
Denes mi potvrdija bremenost po 1 i pol god posle spontaniot so prva tura klomifen dekortin i entrofen za (endometriumot) i vaginalno stavam utrogestan. Pijam eutiroks za namalena funkcija na zlezdata. Se nadevam na najdobroto. SO E NASE MORE DA SI DOJDI poz do site