Според моите резултати ид хирмонската анализа најверојатно и јас го имам сличен проблем како твојот. Нередовна овулација, ако воопшто ја има Мене пролактиниот не ми е над референтните ведности, ама докторот ми кажа идеално било да е малку пониско. Моите вреднисти не се како твоите?! Кај мене резултатот е 19,, реф вредност 25. Јас одма закажав кај Лазаревски во Систина, не ми се губеше време по секакви доктори. Он ни препорача за да ни се зголемат шансите ама и да не кажеше ние и за ин витро бевме спремни да прашуваме.
Еј ајде позитивно малку, сите сме тажни што не е така лесно кај сите, еве јас не познавам многу кои без проблем направиле бебе, за жал денес се повеќе парови имаат потреба од помош. Прочитав дека кај многу биднало и после терапијата, бидејќи кломифенот има продолжено дејство , не се откажувај, па постои и ин-витро се вреди да се проба, мене докторот ми рече ‘‘и порај тоа што земаш кломифен пробај колку можеш да се опуштиш и да не мислиш на тоа‘‘ (добро ајде знаеме дека тоа не е можно покрај кломифенот) но барем ми кажа ‘‘обиди се да не се разочаруваш ако не биде одма‘‘, рече, ‘‘ќе пробаме се, што се секираш‘‘ Е и уште една работа да ти кажам, еве да ти ја поткренам самодовербата , се изначитав форуми и наши и хрватски и англиски ииии еден куп .... и една работа ми падна во очи и ми влеа многу надеж, ги читав постовите на девојки уште од 2008-2009 година, па можам да речам дека повеќе од пола се пофалија со кломифенот но најважно , нели има слики на некои форуми од страна ако сакаш да си ставиш, и сите денес на сликите имаат бебееее што значи на овој или на оној начин мора да бидеее
Епа не знам зошто мене не ми рече за инсеминација ништо, а ми спомна ако не биде вака да ми прави (е сеа не знам дали сум грешка или не) мислам дека ми рече лапароскопија или хистероскопија (не ми се смеј само те молам појма неам шо е шо) ама не сум сигурна, демек да види дали е се во ред во матката ... што знам да не имало нешто што смета таму, така нешто го разбрав, ја реков ок се ке правиме нема проблем а може сега во недела да си потпрашам за инсеминација за посигурно па да видам шо ќе ми кажат
Епа јас прашав да праам да не праам и он ми објасни вака; ‘‘не сега, ајде да пробаме со кломифенот па ако не да правиме тоа Л. или Х. како и да е, ми рече тоа ХСГ е само снимање и не е ништо што помага, освен ако не се работи за толку мали запушувања како мрежички кои и онака не прават проблем, и ако се запушени секако ке треба да го правиме ова второво со кое се гледа и дали се запушени, а и од друга страна ми кажа дека ако се запушени они ги затвараат скроз бидејќи така правеле повеќе проблем а не ги отпушуваат и секако се оди на ин витро ако се запушени. Мене ова објаснување ми е ептен логично и решив да послушам се како што ќе каже он .
А како решил докторов твој да те стимулира без да направиш основно испитување?! ХСГ мора да се направи пред да примаш било каква стимулација. ХСГ дава основни насоки дали каналите се проодни. Ако не се проодни, џабе пиеш било што, кога секако бременост не може да се случи. Јас кога отидив кај Лазаревски задолжително ме прати на ХСГ па после ми даде терапија.
Јас му реков ајде тоа другото одма да го праиме па после ако треба кломифен, ама ми рече да земам кломифен сега, ја стварно не знам
Мене матичниот ми предложи овој месец инсеминација пред да го направиме последниот спермограм кој бесе 81мил. со 35% подвижност. Ми даде кломифен од 3 ден. Но ете сега откако го направивме последниот спермограм излезе само 26мил. со 60% подвижност. Има ли шанси или да не си го губам времето за џабе??? И уште нешто, дали смее да се пие во исто време и кломифен и чај од ајдучка трева????
Mislam za da ima nekakvi sansi inseminacijata, treba da ima min 5mil po obrabotka. Kaj tebe mislam deka ke bide ok, osven ako ne e slaba morfologijata pa znacitelno da vlijae. Koga i kade ke pravis inseminacija?
Јас за прва бременост бев стимулирана со кломифен, третио месец со кломифен и останав бремена, и исто никакво друго испитивање, освен пап, микробиолошки брисеви и спермограм на мм, не правев. Ако имаш доверба во докторот, остави го да прави како мисли дека треба, ако немаш доверба, тогаш барај друг. Јас се надевам дека ќе останеш бргу бремена
Фала Sky-butterfly за подршката и јас се надевам, сакам повеке од се!Многу му верувам на докторот, кај него сум подолго време, многу позитивни искуства знам од кај него, и операција имам правено (цин) пред една година и требаше една година по тоа да не пробуваме и сега конечно дојде време, пред тоа и тој пролактин беше проблем, што на крај излегува дека ние сега допрва прв пат пробуваме за бебе, спермограм: нормозооспермија, ПАП: се во ред, микро: се во ред, е друго не сум правела..
И јас се надевам, ајде нека помине овој месец бидејќи имам уште едно кломифенче за вечер и утре на мерење па да пробаме и ако не биде ќе видиме што да се испита уште, мислам дека сега е најважно да се опуштам и да не мислам многу на ‘‘што би било кога би било‘‘
Ова Е како коцка. Во најлош случај ќе се стимулираш хормонски, ќе си ги трошиш резервите на ј. клетки и секој месец ќе се нервираш на негативен тест. Јас не би ризикувала вака.
Ништо не те кошта да направиш хсг. 5 Мин работа, а ќе завршиш голема работа. Се надевам нема да ти треба воопшто
значи аман од неписмени доктори без хсг не де дава стимулација поготово кломифен кој ги исцрпува јајниците, што ако каналите се затнати напразно ке е се плус има големи шанси за вонматерична бременост. хсг е толку едноставна лесна процедура од едвај 5 мин што смешно е да не се направи не само каналите се гледа и матката каква.е со неа
Значи сакаш да кажеш дека ти знаеш подобро и повеќе од докторите? Мојот доктор ме знае исто така долги години, значи нешто многу битно е докторот да ја знае историјата на пациентот. Тоа му помага да одлучи дали треба илу не нешто дополнително да превземе. Во мојот случај, ме лечеше настрана од стерилитетот, секој пат неговата терапија за мене, што можеби не би одговарала на некоја друга, беше ефектна. Е затоа кажав дека е ствар и на доверба. Па забога јас колку и да читам по нет и форуми, нема да знам повеќе од него. Оној момент кога ќе се посомневам во него и неговата стручност, ќе побарам друг. Ок е да кажете вашето мислење, ама колку и да е нешто различито од вашето "докторско" убедување, не е пријатно да ги нарекувате неписмени. Друго, зимска го започна процесот, сега тоа е, треба малку поохрабрителни да бидеме, тоа најмногу значи сега, опуштеност, а не сомнеж во тоа што прави. Може секогаш да изабереме да ја гледаме чашата полуполна, а не полупразна
ХСГ само е плус во создавањето на комплетна историја на пациентот и добра појдовна основа за некоја терапија. Он од око не гледа дали се затнати или не. Колку и да знае историја на пациентот, истата не е комплетна без да провери дали причина за стерилноста е можеби непроодност на канали. Не сум доктор ама верувам дека е ствар на среќа. Ако не биле затнати каналите ќе дејствува терапијата, ако се затнати за џабе се клука пациентот со лекови. На жалост многу девојки веќе биле во вторава категорија...
Баш ме интересира како успеал докторот твој да види дали каналите ти се проодни покрај сета историја? Си имала среќа дека се било во ред. Не дека докторот завршил работа. Заради такви доктори здравството ни е кај што ни е. Се надевам зимска ќе биде исто така среќна и ќе се радува наскоро.
Мене ми препиша кломифенот бидејќи неколку пати по ред ме следеше на ехо и се воспостави дека фоликулите не ми растат доволно, те. ми изостанува овулација (што е вообичаено во некои месеци кај секоја жена, повеќе или помалку,кај мене повеќе), ама сепак земајќи во предвид дека се обидувавме и упорно изостануваше овулација кога ме следеше на ехо, пробавме со кломифен. Спојлер плус поради една претходно завршена бременост предвреме, немаше индикација дека каналите се запушени (највероватно). Тоа е дел од мојата историја на пациент. Можеби имав среќа како велите, Божја работа е тоа,јас така верувам, можеби не бев долго во процесот па не сум упатена толку, ама сепак не дојдов во стадиум да наречам доктор нестручен.