. Jas od prva doza klomifen ostanav bremena I eve za nekolku dena veke sinceto mi pravi 1 godinka ne mi stavaa inekcii za prskanje na folikuli, samo bev 11tiot den da mi gi vidi folikulite ginekologot ( na moe insistiranje ) Pri preglrdot mi kaza deka imam samo eden folikul I da ne se razocaruvam ako od prva ne ni uspee, ama ni uspea nemozam da opisam kolku bev najsrekjna koga doznav deka sum bremena. A mozesndanmunspomnrs za folukuli da dojdes, cisto da se ohrabris koga ke gi vidis folikulite. Jas bev presrekjna koga vidov eden folikul zasto prirodno so meseci ne ovulirav, ama ete imali lek I za toa
Што е хсг? Инаку денес бев од утре ке го почнам да го пијам, значи од 3 ден до 7ми. Па за 10 дена ми рече да одам да ме види за фоликулите па ќе ми каже што како понатаму. Иначе ќе пијам 2x1 апче. Инаку имам останато еднаш бремена, но за жал несреќно заврши. Но еве сега се обидуваме повеќе од шест месеци природно но неќе. Па ајде да пробам со апчињава.
хсг е постапка со која се гледа проодноста на каналите и матката во целина. постапка која треба да се направи пред да се даде било каква стимулација али добро толку ни се стручни матичниве .
Па добро, сепак со оглед дека еднаш имам останато бремена мислам дека нема потреба да направам и такво испитување, можеби и затоа док не ми спомнала ништо за тоа. Ајде прво да видиме како ќе биде со кломифенов па за понатака ќе видиме.
Девојки значи вака- сакам да споделам нешто со вас и да знаете дека НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА.. Јас имам нередовен циклус и имав последна менстрација на 23 декември 2015г... пиев кломифен првпат и во јануари откако ми каснеше една недела отидов на лекар но немаше ништо..после 2 недели уште немав добиено и пак отидов на лекар но ми кажаа дека 100% не сум бремена...и на 26 февруари отидов пак за да знам дали да земам Примолут нор за да добијам и кога најмалку очекував лекарот ми рече дека сум бремена веќе 5 недели...Нема поубаво чувство од тоа, ви посакувам на сите среќа и што е најважно имајте надеж <3
Здраво Феминки Би сакала да ве консултирам за следното: Овој циклус, од 5от ден почнав со терапија - Кломифен 2x1. Докторот од Ремедика ми го препиша ова, е сега проблемот е што треба да патувам точно четвртиот и петтиот ден од терапијата, па се прашувам дали е безбедно патувањето, да не случајно ме спопадне хиперстимулација (која знае да се случи при терапија со кломифен). Дали некоја има искуство со екстремно лоши ефекти од кломифенот кои би ми го пореметиле патувањето? Докторот меѓу другото ми рече дека еден ден по завршување на терапијата треба да отидам на фоликулометрија па да се види дали има потреба од прегнил или сами ќе си пукнат (надежно) створените фоликули. Инаку го пијам поради тоа што 1,5 година неуспешно се обидувам да забременам, правев хистероскопија пред 4 месеци и сега се решив за оваа терапија, да си ја пробам среќата Ве молам ако има некоја слично искуство нека ми пише, можеби тоа ќе влијае врз мојата одлука дали да се пакувам за 2 дневно патување или да си лежкарам по дома
Здраво на сите, Нова сум на форумот, иако често ги читам темите. Се одлучив да пишам во оваа тема за да им дадам надеж на сите кои ги чекаат двете црти со помош на кломифен. Останав бремена после првата доза и сега сум 16 недела. Воопшто не се надевав дека ќе успееме веднаш бидејќи го пиев во период кога ни јас ни мм немавме мн време за односи, постојано на работа, изморени и под стрес, ама ете кога сака - сака. Така да бидете позитивни и кога најмалку се надевате, сепак постои надеж.
Здраво девојки,ве следам постојано но сега решавам да ви пишувам,јас имав успех со кломифен,и тоа ми се чини од првата доза,но на жалост морав да направам прекин во 5ти,месец и сега планирам обид по втор пат па ме интересира дали може да се зема кломифенот од 2ри ден на мц,пошто ми рекоа од 2ри,3ти или 5ти...сега сум со прашалници,а проблем ми се фоликулите кои некој месец се мали а некогаш касно пукаат...поздрав
јас го пиев од 3ти ден по препорака на гинеколог. знам дека се пие од 3ти или 5ти. а на своја рака ли планираш пак да го пиеш или по консултација со лекар?
Девојки јас вчера завршив со кломифенот и сега да видиме што ќе биде, дајте некоја утеха првапат ги пијам а многу одамна имав спонтана но неуспешна бременост и од тогаш дури сега се решив но не одеше па со консултација со доктор ги пиев од 5 ти ден заклучно со 9 само пет дена па сега да видиме. Надежта последна умира
Јас со кломифен останав бремена и тоа само после една употреба. Јас го пиев од 5-ти ден исто како тебе. Откога ќе испиеш 5 апчиња за неколку дена созреваат фоликули. Не губи надеж и позитивно мисли. Со среќа.