Здраво. Јас ги пијам кломифенот веќе втор месец, и при средина на терапијата ми се појавија краткотрајни главоболки, болки и осетливост на градите и болки подносливи во абдоменот и јајниците. Мојот лекар смета дека се норлани нус појави ваквите во зависност од пациент до пациент. Во секој случај не е страшно. Ајде со лесно, па фоликулите да созреат доволно за бебе Ти посакувам среќа.
@Tweety Sweety ти благодарам на одговорот и убавите мисли!! Истото ти го посакувам и на тебе!! Се трудев да ги поднесам сите нус појави, и да не пијам дополнително апчиња бидејќи доста ми се и тие дневно што ги пијам. Во понеделник сум на фоликуметрија, па ќе си споделуваме искуства!! Кај вас во што е проблемот, ако смеам да прашам? Ние се бориме со тератозооспермија, и сопругот пие Конденсил.. А јас, Достинекс за одржување на пролактинот, Еутирокс за одржување на ТСХ, Глукофаж за ПЦО, Овунорм за подобрување на квалитетот на јајце клетките и вообичаени витамини.. Па овој месец ќе пробаме со Кломифен... Секое добро!!
Секако дека е дозволено прашања за искушенијата со кои се соочуваме. Кај нас е ако верувате се во најдобар ред, со исклучок на јајцеклетките кои ми се доста оскудни (за моите 27 години). Не произведуваат доволно за да може фоликулите да созреат, па потребна е стимулација за нивна овулација, и затоа одиме со кломифен и прегнил. Претходниот месец прв пат пробавме со кломифен и имав навистина добри резултати, но не успеавме. Сега одиме на втора среќа. Еве денес ми е трет ден од кломифен. Па до следната недела, сум и јас на фоликулометрија и стискаме палци да биде се како што треба и да правиме тест, и секако да е позитивен. Кај сопругот имаме мн добар спермограм, единствено моите оскудни јајце клетки ни се маката. Посакувам да не израдувате овој месец со позитивен тест Секое добро и кај вас.
Zdravo ja sum nova na forumov i ne bas se razbiram od ovie rab moze.li nekoj da mi odg za sto sluzi klomifenot , kako pomaga i koga go prepisuvaat ? Fala vi mnnn
Здраво @Sandra456* Добредојде на форумот и побрзо да се преместиме во Труднички муабети Пред 4 дена ја завршив првата терапија со Кломифен. Ги пиев од трети ден, по едно апче. Мене докторот ми ги препорача за поттикнување на овулација, и раст на фоликули. За среќа добро изреагирав (денес бев на фоликуметрија) и имам водечки фолекул, примив стоп инекција (да престане да расте фолекулот и да не прерасне во циста) па останува да работиме на случајот Но, сепак Кломифен се хормонски таблети и без консултација со доктор немој да ги земеш на своја рака!! Пред да почнеш да ги пиеш сигурно ќе ти дадат да испиташ проодност на канали, и хормони за да се исклучат сите можни потенцијални попречувачи на нашиот трнлив пат.. Ти посакувам среќа во сите намери, па споделувај искуства!!
Fala ti mnoooogu ti posakuvam i tebe sreka ocajno sakam bebce i samo visam po forumive da se iznacitam sekakvi iskustva ke odam zadutre za hormonsko ispituvanje a za proodnost da zemam upat ttreba pa ke vidime.. jas imam ovulacija ok mi e (barem taka mi kazaa ) dali go prepisuvaat koga ima izostanok na ovulacija ili ? Do sega mi e ok pa sega da vidime kanalive kako se... pa me interesirase za klomifenot bidejki neznaev
Искуства со дабростон? Ми ги препишаа денес за подршка во овулативниот период? Фала Се извинувам. Може да ми кажете за каков вид на стоп инекција станува збор? Оти и јас сум под терапија за кломифен? Благодарам
На фоликуметрија докторот кога ќе востанови дека фолекулот има добра димензија, препорачува да се стави стоп инекција за да престане растењето на фолекулот, и да се спречи негово претворање во циста. И јас сум под прва терапија со Кломифен и на 11 ти ден имав супер големина на фолекулот и примив Прегнил. По примањето на инекција, по 36h прска фолекулот и настапува овулација. Но, има случаи кадешто докторите не даваат стоп инекција. Зависи од случај до случај. Затоа е препорачливо да се оди на фоликуметрија.. Се надевам дека ти помогнав, и дека заедно ќе се фалиме со позитивни резултати овој циклус.. Тебе кој ден ти е? Мене според стоп инекцијата, вчера ми беше овулација, но, докторот ми препорача редовни односи до недела..
Благодарам за исцрпниот одговор. Денес ми е 14 ден и ми ставија два прегнила. Пиев пола терапија од кломифен и сум постигнала по два водечки фоликули. Станувало збор за истата инекција, незнаев дека прегнилот е всушност стоп инекцијата. Сега по 36 часа треба да се работи. Истото како што си напишала и мене денес ми рекоа. Само не разбрав колку денови треба да се работи 5? Дај боже заедно да се радуваме. Јас имам десет дена до циклусот, па ќе се молиме да не протече. Исто го посакувам и кај тебе
Докторот ми рече ударно нека е на денот на овулацијата.. Насабајле и навечер (ова делува како антибиотик кога ќе ми препишат) а до недела редовно. Во понеделник кога ќе се измериме со мм -5кг Се смееме со докторот, ми вика: мора да е вака ударна доза за да му правиме заседа на фоликулот Пуштам среќа, и се читкаме
За работа ја напишавме веќе домашната повеќепати, туку колку дена ќе е потребно со тој интезитет? 5 дена после прегнилот?
Прашање до поискусните: од што може да бидат болките при однос што ги чувствувам? Ме боцнаа со Прегнил во понеделникот попладне, значи овулацијата би требало да има почнато во средата сабајле.. Вчера вечерта осеќав некаква чудна нелагодност..
Од хормоните осетливи ти се јајниците. Мене ми било така кога ме стимулирале. Дури и самата овулација ми била болна. Рефлексна болка до слабина сум осеќала.
Леле јас ко што имам болна овулација,којзне што ке ми направи Кломифенот,па и по две,така ми ги дозираше д-рот.Здравје ке видиме,се се издржува за бебче
Не се плаши толку. Не реагираат сите исто. Секој организам е различен, а и не толлу неиздржлива болка.
Немoј дa се плaшиш јaс првиoт месец имaв глaвoбoлкa aмa ги нaвикнaв пoлa aнaлгин и гoтoвo мнoгу ми беa пo 2 нa ден ми се прaвејa цисти сегa пo еднo си знaм не мoрa дa знaчи и кaј тебе тaкa кaј секoј е рaзличнo ништo стрaшнo милa хсг нaпрaви сегa зa клoмифен се плaшиш aјде прв месец сo клoмифен и пoследен oд прв дa бидни рaбoтaтa