Добар ден. Како сме? Некој да се пофали со убави работи Денес ми е 22ри ден од циклус, а 9ти ден откако ме боцнаа со прегнил. Имам интензивни болки во јајниците и пецкање при мокрење, но само при крајниот млаз? Некој слично искуство по примање на прегнил и кломифен да имал?
@Tweety Sweety , мене ми е 20-ти ден, 9-ти откако примив Прегнил. До вчера чувствував благо пецкање во јајниците, повремено во едниот па во другиот.. Денес поретко.. Цело време барам симптоми, и ме убива чекањево Прочитав дека ова ти е втор месец како си пиела Кломифен, па ме интересира кога доби? Јас имам нередовен циклус и незнам како ќе изреагирам....
Чекањето и неизвесноса ме убиваат и мене. Ајде уште 4 дена ќе знам инаку, да втор пат сум под иста терапија. Ми доцнеше два дена претходниот пат, ама знаев дека ќе добијам оти симптомите ми беа исти како за циклус и никогаш не ми доцни. Доцнењето било од прегнилот. Рече докторот најмалку седум дена па да се прават тестови, оти може да бидат лажни под дејство на прегнилот. Болките ги имав и тогаш, но ова пецкањето ми е ново. Некаква чудна нелагодност чуствувам цело време и тоа последните два дена ми се случува па незнам дали е нормално. Сосема ми се различни симптомите од претходниот пат. Малаксаноста и поспаноста ми се исти. Благодарам на советот.
Јас си спијам нормално, по природа сум си спанка.. Јас пред два циклуса примив само Прегнил, без Кломифен, и добив на 25 ден.. Сега незнам што да очекувам.. Може некоја од поискусните членки со || ќе сподели искуство
Мене циклусот ми е 25 дена. Со оглед дека поради прегнилот добив со два дена доцнење, значи претходниот месец сум добила на 27 ден. Ќе видиме сега овој месец. Да, може ако некоја знае да ни помогне со дилемиве, што да очекуваме, дали болките во јајниците кои се тапи болки се нормална појава како симптоми за бременост? Оти очајно бараме сиптоми некакви кои ќе наговестат дека овој пат е успешен. Имам недоумица: ми доцни еден ден, од прегнил примање ми е 12 ден. Да направам ли тест или да почекам уште некој ден? Очајно сакам позитивни резултати
Сѐ уште не.. Ама јас имам нередовен циклус и незнам кога ќе ми дојде... А така имам некое чувство дека ќе ми дојде... Немам никакви вообичаени симптоми, 23 ден ми е.. кај тебе каква е ситуацијата?
Главобоки, ситни вртоглавици, болки во половините и многу силни болки во јајниците, осетливи гради и поспаност. 25 ден ми е. Се надевам нема да протече. Претходниот месец протече на 27 ден, а обично имам редовен циклус. Затоа си викам да почекам до понеделник за тест, оти би ми бил 27 ден и трет ден каснење. Заради хормоните знае да доцни, и претходниот месец од нив ми доцнеше. Ме убиваат последниве денови, ќе протече или не ми е се во мислите.
Мене ми е прв месец со Кломифен + Прегнил. Но, пред два месеци имав убав фолекул според докторот, и ми стави Прегнил без никаква стимулација. Тогаш добив на 25 ден... А инаку добивам од 30 до 35 ден.. Тест купив, и незнам како успеав да не го направам.. За утре не гарантирам дека ќе се воздржам Најверојатно утре ќе го направам, си имам и упат за преку крв, па ако ми доцни ептен ќе го употребам..
Ајде стискам палци да биде со II извести не за резултатот и израдувај не Тест имам и јас, ама си викам да почекам да не биде нешто лажен под дејство на хормонскава терапија.
Сега ве читам на друга тема, дека треба да поминат 14 дена од кога сум ја примила прегнилот.. Што значи дека тест ќе правам во вторник, ако не ми дојде до тогаш.. Се читкаме
Да се распрашував, имам доста дилеми. И констатацијата е иста. 14-15 ден од прегнил да направиме тест, оти ако овулацијата вештачки предизвикана со прегнилот настанува после 36 часа, а оплодувањето се мери од 10-14 ден, тогаш навистина треба да се почека до 15 ден од прегнил. Така и ќе направиме. Втроник е најдобро. Па чекаме II
Zdravo zenski. Oddamna se nemam okluceno na Forumot. Se obiduvame za vtoro. Veke vtor mesec kako pijam klomifen 3ti do 7mi den vo ciklus. Me interesira kako vi e iskustvotoo so Nego. Si Nokia go ispiv vtoroto i Pocna da mi tupka srceto I mibese min lad I I zesko istovremeno.sabajle imav Nagoni za Povrakjanje. U apteka Prasav i mi rekoa normalna pojava e da vidam i vecer kako Ke bide ako ne mi e dobro da se javam na Doktor.
Jas imav I normalno po Eden Folikul Ama nema bremenost i Doktor me sovetuvase so klomifen.prviot mesec imav 3 golemi I dobro reagirav Sega ke vidime ovoj mesec. Inace sum vi Germania I na eho kje odam na 10 den od period. AMA straf mi e od simptomite.
И јас не реагирам на кломифен. Првата доза ја поминав,не изреагирав. Нареден циклус со 2×1 зголемена доза треба да се проба
генерално, како е подносливоста на кломифенот? дали прави некои пореметувања во емоции, дебелина и слични карактеристични за хормоните?