Јас 3 пати сум ги пиела сум немала никакви несакани ефекти, сега ги зимав пак од вчера ама денес како да ми се врти памет не знам дали е можно од кломифенот или пак ми паднал притисокот. Ти почна да ги пиеш?
Здраво феминки... Сакам да ве прашам кој ден после циклус се почнува со кломифен и дали може да го земам без рецепт или мора матичен да ми препиша?
Здраво Еци кломифенот можеш да го земеш без рецепт од матичен гин. Некаде 107 ден е не е скап. Јас го зимав од 3 ден. Со среќа да ти направи супер фоликули позз
Денес ми е 3ти ден од циклус може да го земам но во дилема сум... Треба прво да одам кај мојот гинеколог а на приватно сум тој е во друг град ке поминат деновите додека отидам кај него
На своја рака сакаш да ги земеш? Може и од 5 ден од циклус да се земат но ако сакаш прво со гин. Да се консултираш па ако дојде вештерката септември тогаш ке ги земеш кломифенот. Инсеминации ке правите или не?[/QUOTE]
Еци кломифенот треба да ти е препишан од лекар. Можеш да го земеш без рецепта но без консултација од лекар не. Ако имаш полицистични јајници,не. Јас немам полицистични ама по секоја доза кломифен ми се правеа цисти
Еве и јас најверојатно ќе започнам со Кломифен. Ме интересира, Естроген, од кој ден пиете и во колкави дози?
Ако дојде баба рога овој месец треба негде од 26-27 да почнам со кломифен а воедно и прва инсеминација некое искуство да ми каже некоја од вас? позз и убава вечер
Не пиев естрофем за инсеминации. А правев и на приватно и на ГАК Кломифен пиев од 5ден на циклус,сабајле и навечер по 1 таблета,5дена. Добивав доста фоликули,многу бев нервозна од него,си добив плус на килажа... Секој е различен,кај секого делува различно. Дај боже да не добиеш,а ако добиеш договори со матичниот која доза кломифен би ја примала. Со среќа
Фала ти за одговорите! И јас на ГАК ќе ја правам. Искрено, не ја плснирав, сум закажала пред два месеци и еве, дошол ден за преглед, па отидов. Ќе пробам, ништо не губам. Само ова со дозирањето ме мачи. Матичната ми е на одмор, а мене ми е прв ден добиено и се ми е кнап. Трет ден ми доаѓа во недела и на своја рака ќе го почнам Кломифенот, ама за естрогенот не знам ни од кога, а ни колку..
Ги пиев откако ќе завршев со Кломифен. Јас пиев не стварав фоликули ми требаше појака стимулација. со среќа
Сабале вечер по едно и ќе види каков е еднометриумот докторот ако треба ќе ја зголеми на 2×2 мила каб мене така беше ми слабееше од кломифен и ми зголемуваше сега почни си оо едно и нека те зирни ако треба ќе ти зголеми по 2
Мене општо ми е слаб ендометриумот одвај 7-8 мм максимум. А, докторката ми е на одмор. Договорот за инсеминација ми е направен со доктор од ГАК кој пак не се меша во терапијата и сега малку сум "оставена" сама на себе со оглед дека не ми е тука матичниот доктор.
Фала за советот, јадам тоа Фоликометрија ќе одам неколку пати, плус денес се видов со докторката од ГАК и објаснив дека матичната не ми е тука за контрола на естрофем колку да зимам, така да договорено е по 2*2, извадив контролно хормони за старт, ќе мерам естрадиол пак во петок, така да некако се потсмирив што нема се на своја рака да го истерам ова.