Здраво,сакам да прашам дали има некоја жена со искуство,бев под хормонска терапија,имам проблем да останам бремена пишував и претходно можеби некој ќе се сети,на крај од терапијата кога јајце клетките и ендометриумот ја имаат потребната големина добивам последна инекција за овулација.Минатиот пат направив тест и покажа позитивен,ама докторката ми кажа дека тоа е поради тоа што ја сум го примила тој хормон bhcg и затоа е позитивен(лажно позитивен не бев бремена). Сега ја повторивме постапката истата инекција ја примив петокот,дали некој знае колку време се задржува тој хормон,во смисла кога можам најрано да направам тест ама да не е лажно позитивен,да знам дека не е од инекцијата.Иначе имам контрола на 6 јули,ама сакам да направам порано тест...па да знам од прилика. Поздрав
Најмалку 11-12 дена чекај да поминат после инекцијата. Ама може да е многу рано за да ти покаже позитивен, па најдобро да си чекаш до ден на испуштена менструација.
Секогаш добивав хиперстимулација и овај пат терапијата траеше подолго со помали единици,до петокот,а всушност понеделникот требаше да добијам а ми доцни не добив досега,затоа не знам што се случува,дали да правам воопшто тест или сепак да чекам до 06.07.Се мрднав
Ќе ве замолам за совет. Во април имав спонтан сите испитувања ги направив што ми ги даде докторката и беа резултатите совршени без никаков проблем. Докторката ми рече да почекам 3 циклуси и да почнеме со обидување пак. Денеска ми е трет ден од третиот циклус и наредна недела треба да почнеме со обиди, меѓутоа од пусти страв дека нема да останам бремена поради спонтаниот и страв дека ќе ми се случи истото пак незнам што да направам, читав многу за кломифен бидејќи матичната не ми кажа за никаква терапија да примам, дали ќе ми штети ако земам кломифен за сигурно да имам овулација или предлог за некоја друга терапија што помага за овулација? инаку циклусот ми е на 25,26 дена.
Јас лично не би зимала нс своја рака. Кломифенот колку е добар толлку е и лош. Си влечр како секоја терапија нус појави. Нрма потреба да ти е страв ако еднаш било не значи дека ќе биде повторно..опуштете се уживајте во односите. Може месецов е твој
Се согласувам сп @Shekjer, не треба на своја рака да ги земаш сепак се работи за хормонска терапија. Најпрво направи испитување за хормони (знаат гинеколозите ќе ти дадат упат)ако не си ги испитала досега и потоа ако има индикација ќе ти дадат кломифен,ако нема потреба не си ги истоштувај јајниците без потреба....И секако уживајте еден со друг,не си ставајте притисок дека мора да се фати уште првиот месец обидување и позитивни мисли
Убаво ти пишале, немој на своја рака. Кломифенот се зема под надзор. Се прави фоликулометрија, стоп инекција и.т.н. Обично за инсеминација се користи. Може да имаш и престимулација и да се створат цисти. Згора на тоа со него се трошат резервите на јајцеклетки. Знак прашање дали ти воопшто ги имаш испитано резервите за да се процени дали се на задоволително ниво. Сега е лето, одмарај ,сончај се, храни се здраво, пливај.Имаме ние езера за одмор не мора да одиш којзнае каде. И најважно опуштете се како кога сте биле на почеток на врска и водете љубов, а не да гледаш во календарот па дали требало секој втор ден и не знам ти што. Секој ден едноставно сакајте се.
Да, правев хормони и сите беа во нормала. Знам дека на психа ми е се што сум премногу претпазлива и оптеретена. Ќе пробам да се опуштам, морам фала за советот
Фала ти за советот. Сите испитувсња ги правев и хормони и сите беа во нормала. Е сега незнам тоа со резерви на јајниците дали испитуваат на трансфузиологија кога ги правев не ги разбирам имињата и кратенките дали се испитало и тоа ама резултатите ги виде докторката и рече се е нормално ме испрати со ај со здравје работете на случајот и се гледаме во право си треба да уживаме а не да гледаме на календарот. ♀️
Тоа е АМХ ( Анти Милеров Хормон ). Не се испитува ако нема потреба. Обично пред изложување на хормонска терапија, пре инсеминации и ивф го испитуваат. Ти сега уживај во летото, рано ти е за тоа...
Zdravo devojki Pred izvesen period bev bremena ( prirodno) no za zal zavrsi so missed abortus plodot bese zastanat na 6 nedeli i nekolku denovi. Pravev ispituvanja bese prisutna ureoplazma. Se izlekuva. Imavme los spermogram so terapija od 3 meseci se podobri. Opsto kaj mene se e vo red folekuli super matka super samo menstruacija posle kiretaza 2 na 30 dena i edna na 39 den. Mojot ginekolog mi prepisa klomifen za naredna menstruacija problem e sto zaminuvam stranstvo i ne znam dali da pocekam barem 1 menstruacija da mi dojdi tamu pa da pocnam so klomifeno ili da gi pocnam odma
Мое мислење, бидејќи веќе еднаш си забременила природно, немаш потреба од стимулација со Кломифен, пошто ти всушност спонтано си имаш овулации. Кломифенот не е едноставен, не знам дали знаеш ама мора да правиш фоликулометрија од кога ќе го испиеш и евентуално ако има потреба да примаш стоп инекција. Јас мислам дека чим си ја излечила уреаплазмата и сопругот го подобрил спермограмот, за брзо време пак ќе си останеш бремена. Ти посакувам многу среќа!
Go isprativ rezultatov i vo drugata tema za spermogram eve i tuka ke go objavam Dali da cekame uste podobruvanje na patoloskite ? Za 3 meseci se namaleni za 10% na prethodniot spermogram bea 80% a sega se 70%
Девојки денес бев на гинеколог,ми рече од втор ден од циклус да почнам со кломифен,а да продолжам и со циклопрогиновата и следна недела да појдам за фоликулуметрија,е сега прашајнево мие што денес мие втор ден од циклус,а таа ми рече од денес да ги почнам,а ве читам вас обично од 3 или 5ти ден го почнувате,дали има некаква врска тоа?