Јас овој месев пиев по 1 наутро, 1 навечер. Докторката ми рече да видиме како ќе реагирам со таа доза. Доколку е слаба, наредниот месец ќе ми ја зголеми на 2наутро, 1 навечер и така може да се наголемува секој месец. Нека каже некој што ги пиел подолго време.
И јас исто претходниот месец пиев исто како и ти,но овој месец ми рече 2 наеднаш,од денес треба да почнам,ама јас ќе ги испијам покасно
Сега треба да пиеш еднаш на ден по 2 така? Ти објасни ли др зошто е тоа така? Јас претходниот месец пиев едно наутро, а овој два пати дневно по едно. Ти праќам среќа, дај боже да си се израдуваме наскоро
во врска со овие апчиња, дали пред да се препорачаат треба да се испитаат непроодни канали? Мене докторот ништо вакво не ми спомнал до сега а знае дека година и повеќе се обидуваме.
Мене ми ги препиша гинеколог. За проодност на канали ја прашав, ми рече прво да сме пробале вака, па потоа ако имало потреба ќе ме пратела да проверам. Јас првиот месец немав доволно пораснати фоликули па сега ми ја зголеми дозата на 2 наутро, 1 навечер.
Te молам кажи ми ако има промени некакви, односно негативен или позитивен резултат. Значи пред да одам да проверам проодност на јацеводи може гинекологот да ми ги препише така? А во кој случај ги препишуваат? колку пати треба да се покаже дека немало овулација?
што ќе кажете за кломифен за мажи? Дали пред да се почне да се пијат задолжително треба да се направи спремограм?
Јас немам проверено проодност па еве гинекологот ми го препиша. Препорачливо е да се направи но гинекологот ми рече прво да видеме како ќе реагирам. Имам полицистични јајници, веќе една година се обидуваме но безуспешно. Заради ПЦОС не знам дали воопшто досега сум имала овулација. После првата доза имав неколку што почнале да растат но недоволно па сега ми ја зголеми дозата.
A ПЦОС се утврдува само преку хормоналниот статус? Ако е така какви се резултатите за да се констатира ПЦОС? Истата ситуација е и кај мене затоа прашувам. Инаку почнуваш со кломифен и одиш на контрола кога?
Јас утре ќе испитувам хормони на 3 ден од циклус. Матичната ми даде и рецепт за кломифен, веројатно да почнам, но дали треба да ги чекам резултатите или можам да ги пијам независно од тоа. Тој дел не ми е многу јасен, не ја разбрав баш, и како се земаат ако може некој да ми каже.
Нема врска какви се хормоните,и да не се во ред ќе ти даде дополнително терапија,Кломифен се земаат од 3ден од циклус. Колку пати треба да ги пиеш?
Имам нередовна менс и уште првиот пат кога бев на гинеколог ме виде на ехо ми рече дека имам полицистични јајници, потоа ги проверив хормоните и ми го потврдија истото. Кломифенот го почнав од 3тиот ден од менс, 2х1 наутро и навечер, 5дена. Бев на мерење фоликули на 16ден од менс. Јас сакав порано но ми рекоа бидејќи немам редовна менс, во ред било на 16ден.
2×1. Сега видов на рецептата дека се пијат од 3ти ден, а до кога треба да се пијат? Ќе ги земам и нив утре.