Девојки јас втор месец по ред пијам кломифен и искрено мене мн ми ствара нервоза, напнатост си плачам за глупости А инаку супер реагирам ба кломифенот. Нешто ме буни, минатиот пат и сега ме болат јајниците два три дена во плодните денови, а инаку ме болат само еден ден и знам дека тогаш ми била овулацијата. Сега не знам кој ден ми е овулацијата и ме интересира зошто е така? Сите фоликули можно е да прснат? Како прскаат сите одеднаш или можно е еден денес друг утре па затоа повеќе дена ме болат јајниците? Се побудалев и со кломифенот и со јајнициве
Хормон е и нормално е да ти е така. И мене кога пиев симптомите на овулација ми беа поизразени. Тогаш кога мислам дека прсна фоликул имав малку болки и при односи. Јас имав два фоликули, не верувам дека секогаш пукаат во исто време пошто нели најчесто кога се два или повеќе еден е водечки, односно најголем. Кај мене конкретно се оплоди една јајце клетка.
Zdravo moze nekoj da mi kaze kade da se obratam za vaucerot zosto mesec dena cekam i zvonam uporno preku 20 pati na broevite nikoj ne kreva
Обично се пие 5 дена, од втор ден или петти ден од циклус, ама можеби се работи за индивидуализирана терапија затоа ти го пролонгирал на 7 дена
Девојки здраво, пак јас. Пиев кломифен 10 дена, така ми рече матичниот. На 17от ден ја правевме инсеминацијата. Болки огромни во стомак, дијареа...не можев да издржам од толку бол, матичниот гинеколог живее во друг град, и отидов трчајќи во најблиската болница. Докторката ме гледаше и се зачуди...матката зголемена многу, јајниците исто, со по повеќе фоликули и на двата. Ми дијагностицира хиперстимулација. И сега сум исплашена, ќе трчам утре кај мојот матичен да ми каже што да преземам. Не сакам многу да читам на нет, се испоплашив од се што прочитав. пишува и дека не е добро да се остане бремена бидејќи синдромот може значително да се влоши. Докторката исто посумња најпрво на рана бременост.
Па тоа е стварно многу, затоа дошло до хиперстимулација, јас на два пати имам пиено кломифен и тоа 5дена по едно.
земи си најдобро и тестови за овулација, ќе видиш точно кој ден ти е овулацијата обично се нели околу 13от ден ама почни си од 11ти.. кај мене беше дури на 16 ти ден… па право на работа тогаш само опуштено и се ќе биде во ред
Јас ја сеќавам овулацијата, секогаш сум добивала после 14 дена од денот на овулација, пратев уназад. Само сега со кломифенов малку ме буни, повеќе дена осеќам болка напнатост во јајниците ама мислам дека овулацијата ми беше во саботата, значи треба на 17. да недобијам. Инаку од тоа што имам пратено до сега овулацијата ми е од 14. па најкасно на 18. ден од циклус. Циклусите ми траат најчесто 29, 30 дена, поретко и повеќе. Ако добијам овај месец ќе пробам со тестови за овулација.
Инаку сакав и да прашам дали е можно од кломифенот да имам зголемен бел исцедок? Баш овие два месеци кај што пијам имам проблем со исцедокот.
Здраво девојки после 2 ипол години брак (20 години имам) и ништо од бременост почнавме со испитувања , се беше во ред Во средата бев во њу борн и тамо докторот ми рече дека имам премногу цисти и поради тоа нема бременост (предходно бев на терапија за хормони и се среди) но цистите останале .Исто така ме гледаше на ехо (12 ден ) фоликулите 7мм и пи препиша Кломифен. Од 2 до 6 ден и после да види како иде растот на фоликулите ( да напоменам дека се чудеше како имам редовна менструација ако немам пукање на фоликули) Исто така ми рече ако наререн месец нема разлика со кломифен ке мора на ин витро ... Совет за сличен сличај дали сте имале овулација а сте имале цисти
ПЦОС ли имаш? Зашто после само еден циклус на кломофен ти предлагаат инвитро? Ако не успее со кломифен, има и други начини да се стимулира растот на фоликулите и да се постигне овулација. Премногу си млада и има време за да се проба и со други поконвенционални методи, наместо директно да се избрзува со инвитро.
Ќе ме извиниш, ама на 20 год возраст само ради цистите да те праќаат на ивф ...ми е ту мач. Да си појдиш и на друг специјалист.
И во ре медика и во њу борн истото ми го рекоа бидејки цистите се многу големи се , шансите за природно се многу мали
Докторот ми рече дека ако пробаме со инекции ке направи проблем на јајниците и ке ми подуат бидејќи и вака болат на допит поради цистите
И рече ако барем малку разлика во фуликулите ке биде добро па ке тераме со кломифен а ако нема ке мора дека може поголем проблем да настане Неколку месеци веќе се 7мм
Те читав и пред некој ден, во другата тема прашуваше. Гледам дека не си многу запознаена со процесот, па еве ќе пробам пак да ти објаснам зошто ова што го кажуваш нема логика (барем мене ми нема). Со мала доза на инекции ќе стимулирате еден/два фоликули да пораснат и да се постигне овулација, па да пробате природно оплодување. При инвитро со истите тие инекции во многу поголема доза ќе стимулирате да пораснат многу поголем број на фоликули кои ќе се извадат со пункција неколку часа пред овулација, за да идат на инвитро оплодување. Ако нема место за еден фоликул, како ќе има место за десетици фоликули? Или нешто не сте се разбрале или не знам што е идејата. На 20 години да идеш на инвитро од причината што ја кажуваш не е оправдано. Инаку за какви цисти станува збор?