Зависи како ќе ти каже гинекологот. Некои препорачуваат од 2 до 6 ден, некои од 3 до 7 или од 5 до 9 ден. Слушај си го гинекологот, како тој ќе ти каже, така прави.
Здраво на сите, прилично нова сум во оваа тема, но мислам дека многу помага поддршката и заеднички полесно поминуваат деновите до денот кога (не)треба да добиеме. Со мм пробуваме веќе една година , се е во ред и со моите и со неговите резултати но сеуште нема нисто , бевме на консултација кај др. Трајковски па ми даде овој месец да пробаме со стимулација со Кломифен природно, па доколку нема ништо следниот месец да пробаме со инсеминација. Овулацијата ми беше на 7ми супер ни се истемпираа односите затоа што бевме дома за празниците па имаше време за работа а треба да добијам на 18ти, сега осеќам многу слаби грчеви од време на време и зголемено бело прање , што може да е и пред добивање ама си се тешам дека може е и бременост не сакам да правам тест порано зошто знам дека секако ќе е негативен а не можам да се воздржам што ви помага на вас да одолеете на тестот ? и дали има некоја членка што останала трудна само со кломифен ? фала и ви посакувам на секоја од вас што побрзо да испрати слика со II
Ништо кај мене овој месец драги дами, се тестирав со лентите имаше благо црвенкаста линија и наеднаш почна да бледее секој нареден пат, плус одев и на фоликулометрија имав фоликул 11мм на лев јајник и подоцна утврдивме дека не расте туку за жал се намалува.. (додека пак Др за ендометриумот кажа дека е одличен и се движел во супер насока како и за епителот само малку по омекнат требал да е) Ако кажам дека не ми е мака навистина ќе лажам, но пробувам да дојдам на себе и со нови сили следен месец, а на сите вас ви ја пуштам целата среќа за две жар цртки месецов Инаку со полицистични јајници сум, но добивам секој месец редовно ама малку измешано времетраење и крварење. Пиев плуморут нор добив на 31.12 и имав до 06.01 сега пијам сиофор и спиронолактон и ќе видиме како ќе биде. За следен циклус Др предлага стимулација со Кломифен, искуство некој да пише? Се извинувам однапред за долгиот пост
Дечки дали имате несакани ефекти од кломифенот? додека ги пиев 5те денови како депресивност осекав,, сега од овулација (од средина на циклус) имам како напади за плачење, раздразливост
Здраво на сите, овој месец стимулација со Кломифен 5 дена по едно апче, денес 11 ден од циклус бев на контрола и ми рекоа два фоликули од 15мм во едниот јајник и уште еден фоликул од 15 во другиот, ендометриум 9 мм. Ми закажаа прва инсеминација за во понеделник а во сабота во 21:00 да се боцнам со стоп инекција. Нема да е многу голем период меѓу стоп инекцијата и инсеминацијата, вака што читав обично сите ден пред инсеминација се боцкаат ? Освен ова пијам само фолна , па ке видиме во понеделник после инсеминација што ќе ми препишат. Ве молам за искуства , инаку прва ни е , резултатите се во ред и кај двајцата но еве веке 2 години нема ништо, минатиот месец пиев само кломифен и се обидовме со темприани односи но немавме среќа. Со среќа и со лесно на сите и ви посакувам 2 црвени линии што побрзо
Jas se bocnav vo sreda navecer, vo petok pravev inseminacija i izleze uspeshna. Ama za zal kaj mene ispadna ekstrauterina. Ti posakuvam sreka!
Navistina mi e zal ama sigurna sum deka ke ima uspeh, nema otkazuvanje i odime ponatamu i jas imav eden spontan i ne bese voopsto lesno ama butkame samo napred i eden den ke se izraduvame i ke guskame bebce ❤❤❤ so sreka i so lesno
Zdravo na site, sakav samo da pisam tuka za poddrska na site koi edvaj cekaat da gi vidat dvete linii na testot.. Mojata prikazna so klomifen denes polni 1 godinka.. Nikogas ne se otkazuvajte, opusteno i vi posakuvam srekja na site
Zdravo na site denes mi e 11ti den od inseminacija, stimulirana so klomifen 5 dena i stop inekcija den i pol pred inseminacijata.Spored kalendar trebase denes da dobijam , a premnogu mi e redovna i nikogas ne mi kasni. Denes imam mnogu bolki vo jajnicite identicno kako za dobivanje, pa se mislam da ne treba da dobijam a zatoa sto pijam progesteron se se prolongira.Dr mi kaza da pijam do 15ti den ama nekako ne mi se veruva da sum bremena a vakvi bolki vo jajnici da custvuvam a i tocno premnogu se poklopuva so denot na dobivanje za da recam aj moze e implantacija. Napraviv i test denes ama negativen e iako moze i rano e da pokaze. Dali nekoja druga od vas imala vakvo iskustvo?
Девојки, сакам да го споделам моето позитивно искуство со кломифен. После една година обиди, направив ХСГ при што ми беше кажано дека тубите се запушени. Веднаш закашав кај Лазаревски кој ми кажа дека без лапараскопија не почнува со ин витро. На лапароскопијата испадна дека тубите се затворени од цисти. Иначе со ПЦОС сум. Др ги исчисти тубите и направи и дрилиг на јајници и беше презадоволен од операцијата. Потоа еден месец се обидовме на природен циклус, неуспешно. Наредниот циклус од 3 до 7 ден пиев по половина апче кломифен 2 пати дневно. Од прв месец со кломифен останав бремена. Денес слушнавме и срценце. Во борбата за дете, голем мотив ми беа успешните приказни кои ги читав на форумот, поради што сакав да споделам. Со среќа на сите
Има некој искуство со кломифен, да му доцни циклус а да има негативен тест за бременост. Правев во понеделникот тест негативен, ама имам болки веќе три дена како да секој момент ке ми дојде. Би испитала преку крв ама матичната не ми е тука за упат да ми даде. Обично добивам на 30-35 дена ама докторот ми рече дека после инекцијата треба да добијам на 28 дена. Неам памет веќе.
Претпоставувам си следела овулација на ехо? Ако знаеш кога точно ти била, тогаш треба да очекуваш да добиеш или не после 12-16 дена, толку трае фазата од циклус после овулација. Почекај уште некој ден, не знам како ги има калкулирано тие 28 дена докторот.
Ја добивам циклус од 30-35 дена. Да бев на ехо на 13ти ден имав два фолекули на десен јајник еден 23мм еден 24мм ендометриум 11мм. Ми рече дека е идеално. Примив инекција. Па 28 дена од денот на последната менструација не како што ми доаѓа на 30-35 ден. Го цитирам " направи тест за две недели од сеа, после велигден ако не добиеш трудна си" направив во понеделникот како со ми кажа ама не со утринска мокрача, негативен, би испитала бета ама неможам упат да земам а дека одев приватно во new born и многу пари дадов не ми се даваат уште 800 ден, зошто ако не сум бремена ќе треба пак да одам а таму секој преглед се плаќа над 2000 ден. Стомаков три дена ме боли како да имам добиено ( а јас коа имам циклус имам ненормални болки ) и си се шетам со улошки три дена и налет веќе
Сега веќе ми е појасно, во просек втората фаза од циклусот е 14 дена и затоа така ти има кажано. 14ти ден овулација + 14 дена се тие 28. Ама кај секоја жена е индивидуално, има жени со пократка и подолга лутеинска фаза. Почекај уште некој ден и повтори го тестот. Ти посакувам многу среќа!
Сопругот ми вика праеше за велигден, негативен беше. Прај сеа за бајрам може ќе е позитивен хахаха Инаку фала ти најмногу
Хаха па да може ќе имаш среќа, не е важно кој празник е. И јас сум месецов со Кломифен, ама тек ќе имам овулација. Нека ни е со среќа и на двете.
Дај боже да се радуваме, ја прв пат го пиев и мислам дека веќе нема да го пијам многу несакани ефекти имав и сеуште имам