Не би требало повеќе од 16 дена после стоп инекцијата да ти доцни циклусот , таа и да е боцната на 20 ти ден од претходен циклус максимум 36 часа од боцкањето се случува овулација .... Зависи како се вгнездува ембриончето чим сеуште немаш циклус многу е веројатно да добиеш две цртки....
Дај Боже да немаш потреба да го пиеш пак. Јас претходниот пат од прва доза забременив, овој пат ќе видиме. Какви нус појави имаше? Јас ништо немав.
Па стомакот ми се поду и многу јадам, многу мислам на секој саат по нешто. Лицето ми се нафрла неможам со ништо да го исчистам. И нервозна сум многу. И моментално само трчам во вц и гледам дали сум добила
На 13ти ден ја примив и тоа на мое инсистирање бидејќи си имав проблеми со цисти и не сакав да ми се направат пак
Zdravo zenicki, Eve ja da spodelam edno neubavo iskustvo so kolmifen. Bev 3 meseci na 50ml I mi se napravija 2 golemi cisti, edna folikularna a druga cokoladna od 6cm. Ja sledevme so doktorkata I koga dobiv mi puknala sto toa retko se desava za ovoj vid na cisti. I sto da vi kazam, zavrsiv na itna od bolka. Megutoa od druga strana moze I podobro sto toa se sluci bidejki vo sprotivno ke trebase hirurski da se otstrani.
Дали има некоја феминка периодов на кломифен да си дружиме ? Мене денес ми е 5 апче во четворток сум 9 ден од цуклус на мерење па да видиме дали ќе делува кломифенот исто и од 5 ден почнав со циклопрогинова белите Да се надеваме на позитивно
Фала ти мила да ни се пофалиш со II прими инекција или сами прснаа ,јас прв пат сум со кломифен па си се надевам
Не примив инекција, а не знам и дали прснале зошто не бев да проверам. Се надевам дека да.. Решив да не се форсирам и да оставам да биде како што треба да биде.. Втор пат ми е мене со Кломифен, првиот пат забременив без инекција, ќе видиме како ќе биде овој пат. Со среќа и тебе мила, се надевам ќе имаш успех од прва.
Здраво девојки, и јас сум на кломифен од пред 2 дена. Дали следите големина на фоликули по пиењето ? Прв пат ми е со кломифен некако ми е страв што ќе биде . Се надевам на најдобро...
Јас бев овој месец со кломифен од 3 до 7 ден од циклус, а на 5 ден од цуклус почнав со цикло прогинова и на 9 ти ,13,и 15 ден од циклус на мерење најпрво на 9 ден кога бев ми рече гледам некоја течност е излиена за да на13 ден имав два добри и гилеми фоликули на десен јајник а два помали на лев На 15 ден кога бојдов веќе ги немаше и двата на десна страна имаше мн течност ,ние си бевме доста вредни сите денови па сега очекувам ......... Со среќа и тебе мила ти стискам палци за прв пат со кломифен успешно да ти биде и да си ги видиш II <3
Имаме ли во темава феминки со успешна бременост само од кломифен? без инсеминација пример. ќе почнувам терапија и се бодрам со позитивни прикаски
Еве сум со еден јајцевод сум, прв обид со кломифен природно и 30та недела веќе стигнав, само позитивно
Успешна бременост за жал не, имав прекин во 33та недела од други причини. Но, успешно забременив со прва доза Кломифен и спонтани односи, без примена стоп инекција. Со среќа!
Здраво, Јас пиев кломифен од 3ти ден циклус 5 дена, бев на преглед затоа што ги пратиме фолекулите после стимуланси и имав на десниот јајник 2 по 9мм а на левиот немаше, јас сум со полицистични јајници и имам меѓуциклусно крварење па така и овој пат имам браун исцедок прашањето ми е дали мислите или имате вакво искуство дали е можно сепак да раснат фолекулите и да дојде до оплодување?