Најдобро е да се консултираш со гинекологот. Овунорм е исто за стимулација на јајниците ако не се лажам. Кломифенот е стимулација и од него растат фолекулите. Кај мене пораснаа толку што докторката не дозволи стоп инекција. Следен месец еден од нив беше прераснат во циста. Муабетот ми е, да не направиш преголема стимулација, доколку прв пат ги пиеш и незнаеш како делуваат на твојот организам. За се консултирај се со гинекологот.
Да прв пат пијам. Дејството на кломифенот може да се продолжи и нареден месец? Извини ако добро те разбрав, наредниот месец ти се појавила циста не месецот кога си била стимулирана?
Ова зборам мене лично како ми делуваше. Првиот месец идевме на природна овулација и ништо. Вториот почнав со кломифен и плус некои таблети за здебелување на ендометриум. Планот беше да идеме и со стоп инекција. Идев секој ден на фоликуметрија и дента кога требаше да одлучи докторката фолекулите беа преголеми и рече доколку идеме со стоп инекција може да дојде до некоја компликација. Добив и тој месец. Последно реши да пратиме како се зголемуваат фолекулите и при преглед виде дека еден фолекул не пукнал и се создала циста. Тој месец кога требаше да идам дента да видиме до каде е фатив стомачен вирус и незнаеме што и како е со цистата. Месецов решив да одмарам , се спремаме за свадба и ако бидне нешто бидне. Инаку да, може да се пие мислам до 3 месеци по ред, но се во консултација со гинекологот и како он смета дека треба и како смета дека е најбезбедно за тебе. Бидејки кломифенот на некој начин вештачки стимулира и плус други таблети сама на своја рака не земај. Доктор ке ти прати како делива на тебе кломифен и ќе ти дава насоки. Со лесно и дај боже од прв месец да ти се појават две ||.
Здраво. Бета хцгто ми излезе негативно преку крв а мене сеуште ми доцни не знам што да правам гиникологот вика да почекам до сабота ако не ми дојде да му се јавам да ми даде терапија, но јас не сакам да пијам ништо додека не бидам сигурна што е. Дали има некоја од вас со слично или исто искуство?
Колку ти касни? Др ми кажа дека еднаш до двапати да доцни повеќе од нормалата не е загрижувачко, влијаат еден куп фактори, како стрес на прво место, промена на клима… Ако треба да пиеш ќе пиеш и на трет ден провери хормони. Може имаш и циста и од тоа да ти доцни и треба да пиеш за да добиеш бидејки може цистата да ти се зголеми и само непотребни проблеми да си направиш. Никоја од нас несака да се клука со таблети , ама кога ќе ни текне за што ги пиеме и по 10 таблети ќе пијам само да успеам.
Ми доцни 18 дена пиев кломифен и ако не сум бремена требаше да ми дојде на 7ми но еве се уште ништо. Сакам второ мислење од друг гиниколог но моментално е на одмор. Ме убива ова чекање!
На 18 дена доцнење и негативно бтхцг не си бремена. Големи се шансите да се има формирано циста ако фоликулите пораснале премногу од кломифенот. Најдобро оди на лекар и нека ти дадат лекарства за да добиеш побрзо и после да си продолжиш со обиди.
Да си прифатиш да ги пиеш таблетите за да добиеш. 18 дена а притоа си пиела кломифен ,веројатноста да имаш цисти е голема ( пример сум ти јас ). Незнам како ти се чека, не ме разбирај лошо. Не сте свесни што се може циста да направи проблем, ама не навлагаме во таа тема сега. Башка идеш кај доктор каде што немаш доверба.
Душо не дека немам доверба него проблемот е во тоа што докторов е во пензија и работи приватно нели и влагам кај него да ме види нема ни 5 минути од прегледот сега последно кога бев кај него влегов во 18:00 во 18:03 излегов. Значи јас сакам некој да ми посвети внимание да ми објасни пример ти давам терапија со кломифен и тоа е тоа. Јас цела тема овде ја прочитав и така знам што е и како е, јас немам искуство со тие таблети прв пат ги пијам. Друга работа е тоа што кога ме гледаше последниов пат ми вика има нешто ама рано е да ти кажам што. И сега има нешто а јас не знам што е проблемот со мене. Го барам на телефон за резултатите од бхцг ок чекај до сабота јави ми се да ти дадам терапија јас го прашувам што мисли дека било тоа он ми спушти. И секако дека јас сум збунета не знам што е проблемот со мене и секако дека барам второ мислење од друг доктор.
Ако си од Ск имаш доста добри доктори за второ мислење. Најдобронамерно ти кажувам не чекај да се врати другиот од одмор.
Женски од февруари сме со обиди за второ дете. Бев кај матичниот месецов ме виде на 12ти ден рече помината ти е овулацијата пред 24часа, ми препиша кломифен да ги пијам ако добијам. Јас добив, утре ми е трети ден треба да почнам да ги пијам, ама мн несакани ефекти прочитав и незнам дали да почнам да ги пијам, ни хормони немам испитано ни ништо туку така ми ги препиша. Посоветувајте ме шо да правам