Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кломифен и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од rak11, 10 октомври 2011.

  1. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Па барем ке си знаеш што ти е и како ти е. Секако утре ти е 3 ден можеш да си испиташ.
     
  2. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Немам упат, како не пишав порано.
     
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Не е страшно да пробаш со кломифен еден месец на ништо неиспитано. Ако не бидне овој месец со кломифен прави следен месец хормони и хсг. Инаку кломифенот може да се пие 3 месеци едно по друго ама на ништо неиспитано се пробува само еднаш па после се испитува и нормални ќе следиш инструкции од гинекологот.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    Аха, а несакани ефекти сте имале некои?
    Јас во моментов сум со главоболка секако и воспален желудник зато и се плашам.
     
  5. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас немав никакви несакани ефекти со кломифенот.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Ретко има несакани ефекти. Може да се случи да се има некои слаби несакани ефекти ама ништо страшно. Само редовно следете фоликули на ехо и со среќа:l:
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    4.666
    Пол:
    Женски
    @MaGi36 , @Iris-1234 фала ви :l:
    На 9тиот ден се одеше на преглед така?
    И 2х1 ми пишал си мислам да пробам прво со по едно..
     
    Последна измена: 26 август 2022
    На MaGi36 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Консултирај се како ќе ти каже ама за првпат доволно е по едно дневно.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.500
    Допаѓања:
    7.742
    Пол:
    Женски
    Ne me svakaj pogresno. No jas taka lani piev klomifen eden mesec, no na sekoj vtor tret den me gledaa na eho da gi pratat folikulite kolku rastat i dali da ja primam stop inekcijata za da dojde do nivno pukanje. Koga se pie klomifen ne se odi samo ednas na eho. Ne e toj lek sala. Posle klomifenot , doktorka specijalist za neplodnost me iskara zosto sum go piela bez da ispitam proodnost na jajcevodi. So toj lek gi trosime rezervite a nemame pritom nisto ispitano. Ne sakam da te plasam no edna clenka ovde dobi hiperstimulacija i zavrsi na bolnica od cisti radi klomifenot. Taka da navistina neznam kako moze da ima taka neodgovorni ginikolozi da ti dade klomifen i da te vidi samo ednas na 12 ti den od ciklus. No i jas go delam mislenjeto kako drugite clenki pojdi na giniklolg sto pobrzo i ne cekaj i ako treba da pies terapija ke pies. Klomifenot ima prodolzeno dejstvo i ako imas cisti tie samo mozat da prodolzat da rastat od nego i da ti napravat problem. Znam deka zelbata ti e pregolema za detence kako i na nas site ovde. No nemoj taa zelba da napravi da ti steti na zdravjeto. Bidi mi pozdravena i da bide se vo red i sto pobrzo da vidis dve ubavi crtki.
     
    На Anomis11 и MaGi36 им се допаѓа ова.
  10. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Се согласувам целосно.
    Има протокол кој треба да се следи пред да се започне со стимулација.
    Да се следи овулација (дали ја има или се работи за ановулаторни циклуци), да се испитаат хормони, да се испита проодност на канали. Партнерот да направи спермограм. Јас дополнително испитав и резерва на јајце клетки.
    Кај мене се утврди дека каналите се запушени, па правев прво лапароскопија, тек после лапаро пиев кломифен. Месецот кога ги пиев кломифенот, на два дена одев на ехо, па др ми кажа кога ќе биде овулацијата. Со помош на кломифен и добро следење сега сум 26та недела бремена.
     
    На Ceneva, Bejb15 и Anomis11 им се допаѓа ова.
  11. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала ти за искреното мислење сите ние овде споделуваме лично искуство, не знам дали ми ги прочита мислењата погоре, тоа е она што јас цело време месец дена се нервирам НЕОДГОВОРНОСТ. Некој ке ми рече ама таков е он побрз тоа мене не ме интересира јас нема да се мажам со него чим си се нафатил да ми помогнеш посвети ми внимание објасни ми упути ме што зошто како. За фоликулите ме викна само еднаш да се видат од кај јас да знам дека треба неколку дена да се оди, значи све што знам во врска со кломифенот е од тука ваши искуства. Тој самиот вика чекај до сабота па јави ми се, не вика дојди да се осигураме што како, не мора да доаѓаш јави ми се. Поздрав и до тебе
     
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Имам сретнато повеќе доктори што сметаат дека доволно е еднаш да се видат фоликулите. Не знам дали е правилно или не, тоа тие си знаат ама знам дека не е само твојот така што мисли, не се грижи.
     
    На MaGi36 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Значи според вашите мислења кај мене не дошло до овулација не пукнале фоликулите и се создале цисти и поради тоа мене ми доцни?
     
    На Anomis11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Па фоликулите премногу пораснале и кога ќе надминат одредена големина не можат да пукнат туку прераснуваат во цисти. Затоа докторот во текот на процесот со кломифен треба да одлучи дали ти е потребна Стоп инекција (која ќе ги пукне фоликулите). Е сега има многу случаеви каде што не даваат инекција и фоликулите сами пукаат ама најверојатно тоа не било случај кај тебе. Најдобро е сега да одиш на лекар да ти дадат лекови за да прснат цистите и да си добиеш.
     
    На MaGi36 и Anomis11 им се допаѓа ова.
  15. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала за одговорот ке закажам за понеделник па ке ви пишам што сум направила. Поздрав имајте убав ден
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.078
    Допаѓања:
    20.058
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ви го кажам моето искуство со Кломифен. Истата докторка на која што и верувам и знам дека знае што прави ме стимулираше два пати. Проблеми со хормоните имам од секогаш зошто сум со пцос и на нив работеше ендокринолог, кога дојдоа на задоволително ниво примив стимулација 5 дена 2х1. Пред тоа само маж ми имаше направено спермограм, јас немав направено хсг. Ја прашав докторката, она рече ќе пробаме еден месец, ако не биде ќе направиш. За среќа се фати од прва стимулација, но за жал имав неуспешна бременост од други причини. Ова беше пред скоро две години.

    Годинава во Мај бев повторно стимулирана со истата доза. Хсг повторно прашав дали да правам, одговорот на докторката беше дека еднаш сум забременила, во меѓувреме не сум имала инфекции, плус запушените канали биле благо воспалени и се појавувале на 4д ехо, што кај мене не беше случај, така да примив стимулација без хсг. Овој пат не даде резултат, иако хормоните беа средени, фоликулите не растеа. Со докторката бевме договорени да примам три пати со пауза од еден месец измеѓу. Се погоди период на одмори, лето и разговаравме пак со неа и решивме летото да го паузирам целосно и здравје во Септември да пробаме пак со Кломифен.

    За среќа без премногу надеж и очекувања забременив спонтано минатиот месец. Дали Кломифенот имал продолжено дејство или се погодил моментот не знам.

    Кломифенот не е наивен лек, освен цисти со негова несоодветна и прекумерна примена доаѓаат многу посериозни последици. Секогаш, апсолутно секогаш треба да сте под надзор на стручен лекар кога го пиете. Јас го доживувам како многу индивидуален лек. Кај некого дава резултат, кај некого не. Сепак и други околности во моментот играат улога. Секогаш кажувам и машкиот фактор обавезно да се провери пред стимулација. Зошто да се трошат јајниците кај жената ако не сте сигурни дека сѐ е во ред со партнерот.
     
    На Orhideja7593, kikiritkaTa, Iris-1234 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам да си имаш убава и лесна бременост. Дај боже сите да се израдуваме со тие две црти.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.528
    Допаѓања:
    17.119
    Пол:
    Женски
    Да. Кај мене беа по 24 мм и др рече јас стоп инекција не препорачувам и ми ги кажа компликациите. Притоа идев секој ден на пратење фолекули.
    Е последно кога требаше да видиме дали настанала овулација не отидов бидејќи имав стомачен вирус.
    Др. ми кажа и дека се гледало дали е настаната овулација.
    Ако немаш хормони испитано, направи и тоа.
     
    На MaGi36 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Пред да почнам со пиење на било што прво испитав хормони па после со терапија
     
  20. MaGi36

    MaGi36 Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    А исто сакав и да ве прашам за таа инекција што ја споменувате предходно видов прегнил сега вие ја викате стоп, колку кошта, приватно се зема, самите ја ставате или докторот? Бидејки мене мојов ништо не ми кажал