Девојки, и јас сум со полицистични јајници и почнав да пијам кломифен од 4-8 ден, значи на ден по 2 апчиња на сабајле и на вечер. 9та ден бев на преглед ми кажа дека на левата страна кај левиот јајник ми се оформил фоликул од 11мм. Потоа ми рече да одам пак на 11 ден, тогаш ми кажа дека кај левиот јајник фоликулот останал ист, а кај десниот јајник се оформил фоликул од 16мм. Ми рече не бил доволно голем за да ја примам инекцијата прегнил и пак ме повика на 13 ден. Тогаш фоликулот достигнал до 25мм, ми рече да ја купам инекцијата прегнил и да ја примам. Значи ја примив некаде на 17 април. Сега сме веќе 20 ми рече да имам редовно односи некаде 6-7 дена. Сакам да ве прашам, дали овие апчиња исто служат за стабилизирање на менструацијата? Затоа што Февруари месец ми дојде на 24 а ми заврши речиси на 2 март. Април месец ми дојде на 3. И сакам да ве прашам кога да очекувам да ми дојде менструација, освен ако не сум останала бремена?
de3vojki mnogu sum srekna ke bidam majka denes doktorot mi potvrdi bremenost od 4 nedeli i 1 den malecko embrionce vi posakuvam site da ja osetite ovaa sreka kisss
Здравооо на сите Многу поддршка и мнооогу мноогу бебенца на сите ви посакувам Јас сум 2ден на кломифен, сега за сега никакви реакции немам, се надевам добро ќе го поднесам и ќе имам бааги фолекули ( во нестимулирана овулација имам само 1)
Se nadevam deka ne ti dojde, ama vo sekoj slucaj da ti odgovoram, mislam deka klomifenot nema vrska so ciklusot tuku samo ja stimulira ovulacijata, dokolku dobies pij Femisan A za sreduvanje na ciklusot, sepak se nadevam deka ke odmaras 9 meseci
(POSTOV E MALKU PODOLG.SE ZABORAVIV PISUVAJKI )Pozz Devojki nova sum na forumov i bi sakala mojot problemda go spodelamso vas. Otsekogas sum imala neredovni menstruacii,posetuvav mn ginekolozi no site imaa razlicni rezultati za mojot problem,Policisticni jajnici skoro site mi go kazuvaa ova no nikoj ne mi dade resenie za nego pij jasmin,pa dijane35 itn...Se odluciv da ne gi poslusam si napraviv hormonski status i se bese vo red samo imav malo pokacuvanje na Testesteronot no i nego go regulirav.Mojot maticen ginekolog kakoda ne bese mn zainteresirana damipomogne i den denes se cudam kako ne znaese sto da mi dade za problemot posledenpat mi rece da pijam Cikloproginova...Ne ja poslusav bidejki ne sakav da si igram so hormonite.Imam 24 godini Mazena sum veke 4 godini i se obiduvavme so mm za Beb4e no sekoj obid bese neuspesen i razocaruvacki...no ne se predavav ,Mi preporacaa eden Ginekolog od Ohrid ,seodluciv i otidov na konsultacija i pregled .Mi kaza deka imam policisticni jajnici i mi prepisa klomifen od 50mg treba da pocnam da gi pijamna 3 den od menstruacija.Pa sega si cekam da dobijam ako dobijam ako ne moram da zemam promilut pa posle odam pak na sledenje na folekulite se nadevam na uspeh ....iSEUSTE SE CUDAM KAKO OVA NIKOJ DO SEGA NE MI GO PREPORACA SO KLOMIFEN...:/ SEKOJ SE UBIDUVA DA BIDE LEKAR ,NO RETKO KOJ E....POZZZ IDNI MAMI4KII VE GUSKAMMM SITE
Zdravo , najverojatno cekal maticniot prvo da ti se sredat hormonite t.e. testosteronot pretpostavuvam inace denes skoro site go davaat, najbezbeden e i dava rezultati kaj tie sto imaat problem so ovulacijata apcinjata inace super se podnesuvaat jas eve 4den gi pijam i nemam reakcii negativni pozzd i dobredojde vo klubot na klomifenki hihihih tuka ima mnogu sto posle 1va ili 2ra doza ne izraduvale
Bas me izraduva ,i mi dade uste poveke motiv za ponataka ....Ostanuva samo cekanjeto koe edvaj go izdrzuvam ,pa ke vi pisam sto se slu4i sekoe dobroo
Чекам да добијам и од третиот ден на циклусот и јас почнувам со кломифен прва доза! Она што ме збунува е тоа што мојот гинеколог не ми спомна мерење на фолкулите и инекција прегнил, туку само ми кажа да ги пијам од третиот ден на циклусот и ако во рок од три месеци не останам бремена да се јавам кај него за понатамошни испитувања (канали и спремограм)! Нормално е така Без следење на фолкулите? Има друг таков случај?
Прашај го пак докторот кога ќе одиш да ти го препише кломифенот,ако ти го каже истиот веднаш да одиш кај друг гинеколог. Страшно,не ужасно Разбирам еден месец кломифен,следење фоликули и инекција прегнил,но ако е неуспешно одма се прави ХСГ(проодност на канали). Каде сакаш прочитај на нет ќе видиш дека одприлика тој е патот
Никако така не смее, ако нив ги мрзи ти ќе си инстистираш на фоликулиметрии обавезно, јас ги пиев 5 дена, во вторникот завршив, денес бевна преглед , имам бааги и големки и ми ставија прегнил и ми дадоја терапија и тоа на сите уредни резултати никаков проблем немаме со мм.И обавезно пред да пиеш хормони, проверете спермограм, хормонален статус и HSG. Барај да те следи цело време. Среќно и ако не го бива менувај го
zdravo na site mene prviot mesec ne mi uspea a vtoriot mesec so klomifen i estrofem ostanaf bremene sega sum 7 nedela prvo sto znam sakam da vi pomognam mora da se sledat folekulite obavezno na 9 11 13 den i treba da ima eden vodacki folekul koga ke dostigne od 20 25 treba da se stave inekcija pregnil mora da se pukne folekulot ako ne se primi inekcijata i ako se ostavi taka sam na sebe golemi se sansite istiot da se pretvori vo cista a estrofemot mi gi dadoja za endometriumot zatoa sto od klomifenot se istancuva endometriumot i ako e mnogu tanok ne dava signal za da moze jajce kletkata da se oplode zatoa sto ne moze da se vgnezde ako e tanok endometriumot zatoa zapazete koga ke vi gi sledat folekulite barajte da vi kazat kolku e endometriumot treba da vi e nad 10 mislam deka uspeav malku da vi pomognam vi posakuvam site da si gi vidite dvete crtki pozzz
Точно и мене тие денови ми следеа фоликули ама порано ми стави докторката прегнил (едниот кога беше 19 другиот 22) ендометриумот ми беше добар па сега чекам уште 6 дена да недобијам убави совети и мнооогу важни поззд и убава и лесна бременост
blagodaram draga ajde i ti da ne izvestis deka ke imas bebence ete go eniot ti e vodacki toj od 22 toj treba da se oplode so sreka
Некако се ми се чини ќе добијам месецов ги имам сите симтоми на добивање барем нешто да беше поразлично ќе ми дадеше надеж ама..... Ајде прва доза ми е кломифен и супер изрегирав може ќе биде нареден пат разочарувањето е големо ама мора да сме храбри фала на поддршката неизмерно ми значи, ајде за сигурно ќе ве известам на 26ти
Третиот месец го поминав со кломифен во комбинација со метформин. Гинекологот ми препорача 20 ден од циклусот да пијам и утрогестан.Минатиот месец добив на 28 ден. Денес ми е веќе 28 ден па чекам да не ми дојде а базалната температура вчера ми падна на 36,8 а денес веќе ми е 37,3 дали тоа значи дека ќе ми изостане менструацијата..? Мислам се надевам да не добијам, веќе подолго време се малтретираме со мм и мачиме за бебенце... А никакви резултати... Гинекологот ми рече да почекам ден-два ако ми доцни да направам тест за бременост.Јас се мислам денес ако не ми дојде,и утре ако не ми дојде веќе во четврток да направам тест за бременост. Мислите ли дека ќе добијам точни резултати..?И Ве замолувам да ми препорачате добар тест за бременост што дава точни резултати. Ви благодарам
Ако прв пат пиеш утрогестан можно е да ти доцни од него иако се надевам дека е бебенце ако примаше некаква стоп инекција пр прегнил тестот со мокрача може да е лажно позитивен зошто во прегнилот има хормон на бременост почекај 15 дена од прегнилот и направи Sure Check ти е најдобар домашен тест во било кое време од денот се прави се надевам помогнав ајде израдувај со 2 цртки
Јас добив овој месец правам пауза од кломифен за да одам раат на одмор па од другиот продолжувам! Има нешто врска ако направам пауза или не? Оваа ми беше прва доза. поззд и фала за поддршката мене ми е тешкичко ама ке помине
Јас би ти препорачала да не правиш пауза, тамам ти имаше ефект Кломифенот минатиот месец, нема врска што немаше бременост, ама ти сепак консултирај си доктор. Посебно што ќе одите и на одмор, опуштено и релаксирано на топлото време е многу голем плус во процесот