Мене ми рекоа дека не е нормално и да престанам со терапија 2 месеци . Многу сум збунета .... Ми рекоа дека дошло до пореметување на хормони.
Здраво девојки едно прашање пијам трет месец кломифен првите два месеци се супер поминав е сега третиов месец има поминато пет дена одкако ги испив и имам страсни болки ме тера на мокрење често и имам болка како воспаление на бешиката таква болка. Дали има некоја искуство се плашам дане се цисти оти имам слупнато дека кога се правеле цисти тогаш имало болки...
Јас пиев 6 циклуси кломифен преку 2 месеци и имав многу многу болни овулации кои ми ги следеа на ехо цело време , од став за хипер стимулација и од цисти и досадив на докторката ама само едниот месец се случи хипер стимулација , само тој месец со иста болна овулација пукнаа по 2 фоликули од секој јајник а циста немаше . Обавезно на ехо секој ден додека ти се смират болките.
Жени, дали циклусот со кломифен ви е подолг од обично? Јас денес требаше да добијам, ама еве уште ме мачи, неќе и неќе.
Здраво нова сум во форумот. Од утре почнувам со Кломифен прв пат ги земам но и инсеминација исто така би сакала искуство. Веќе 4 години сме заедно но поради повеќе интервенции неможев да останам бремена. Ова ни го предложи докторот бидејќи ако чекаме ќе треба следна интервенција која е малку потешка. Дали има надеж со овој третман да сподели некој. Поздрав
Ima mnogu so klomifen sto ostanaa bremeni. Ima nadez mila. Imas ispitano proodnost na jajcevodi da prasam prvo? Ako nemas nemoj da pies klomifen toa e moja preporaka. Zosto so klomifenot se trosat rezervite na jajce kletkite.
Vo red. Si pominala dosta sega svakam. Inaku sekogas ima nadez, nikogas da ne ja gubis, i ke dojdat i vasite 5 min. Pustam sreka toa da bide sto pobrzo.
Не ми беше подолг, напротив, крварев само 4 дена и тоа ептен оскудно. Но имав многу болки во стомакот и половината, што инаку немам.. Гинекологот ми вели не е од апчињата, но си го знам телото.. овој месец не пиев и кога добив немав апсолутно никакви болки Ти пуштаме среќа за позитивен тест
Јас уште немам добиено, ама го осеќам дека ќе дојде секој момент (ова веќе 4 дена вака). Дај боже на арно да е
Ќе правев денес, ама не дочека да ми касни 2 дена... Ноќеска добив. Знаев, некако осеќав дека ќе добијам, ама потајно толку се надевав за овој пат, малце ми фалеше да се расплачам. Разочарана до максимум, ама прочиче
Охх душо, многу не има што секој месец сме разочарани, а сме имале надеж дека можеби ќе биде баш сега... Јас веќе 8 месеци сум во тој круг... Ама ајде, главата горе, ќе дојдат и нашите сонца
Добро вечер. Во понеделникот ја примав последната таблета од Кломифен. Сабота на 31 сум на следење фоликули 12ден. Но денес осеќам болка во јајниците особено кога се движам и кога се качува и симнува по скали дека живеам на 2 кат. Пиев чај но не поминува. Преладена сум пијам само парацетамол. Дали е нормална болката во долниот дел од стомак. Прв пат сум на оваа терапија и малку сум збунета. Фала однапред.