Стимулацијата со Кломифен делуваше супер но се појави друг проблем и не правев инсеминација докторот инсистираше природно да пробаме. Ми доцнеше циклусот 3дена но за жал добив но имам неиздржливи болки, грчеви во долниот дел на стомакот со ништо не поминува. Денес почнав со Летрозол. Па ќе видиме овој месец дали ќе правам инсеминација. Што да направам или земам да се ублажат болките дали со ова терапија може да се земи некој лек.
Те пратеше ли др. за време на овулација? Да не ти се создала циста па поради тоа да имаш сега поболна менструација? Мене од кломифенот ми се направи хиперстимулација со циста на едниот јајник и баш имав болна менструација. Требаше со стоп инекција да идеме, ама не и се ризикуваше од незз која причина т.е. не ја сфатив зашто.
Да имав 2 прегледи но поради танок ендометриумот не ми направија инсеминација. Ми рече следен циклус со Летрозол од денес ги пијам.
Мхм Мене ми ги даде и кломифенот и летрозолот комбинирано да ги пијам, ама се деси стомачен вирус и ништо не бидна. Па потоа операција од која морам да паузирам од правење бебе, а реално не се ни пазам, а па не се ни фаќа така лесно изгледа. Фебруари ќе почнам пак испитување од почеток да видиме на што сме.
Tecnost vo matkata ili izliv e znak deka folikulot prsnal taka? Mene doktorkata mi kaza deka imam izliv I deka ovulacijata e pominata folikulot prsnal ovaj ovoj mesec. Dali se uste ima sansi za zabremenuvanje sto mislite?
Добро утро феминки загрижена сум! Завршив со Летрозол 5дена го земав од 3 ден од циклус но сеуште има денес ми е 9ден за 2дена треба да одам на ехо за мерење на фоликулите. Од што ми се продолжи сиклусот дали некој се соочил со овој проблем.
Здраво девојки. Дали сум единствената што заврши со цисти после стимулација со кломифен и покрај тоа што примив стоп-инекција.??? Катастрофа. Прв пат пиев кломифен, од 3-7 ден од циклус, по 2 на ден. На 11 ден три фоликули од кои едниот беше водечки 21мм, на 13ден истиот беше пораснат до 23мм (другите стагнирале) докторката рече дека е пред прскање и тогаш се боцкав со Ovitrel (докторката ми препиша Pregnil, но не можев никаде да најдам). Денес на 21ви ден од циклус, овулација не се случила, три цисти од кои најголемата 45мм! Докторкава на приватно вели дека најверојатно грешката е што сум пиела по 2 таблети на ден (кломифенот ми го препиша матичната која патем не ми објасни ништо и среќа што постои Фемина па се информирав и направив HSG претходно). Вели како за почеток се пие по 1 таблета за да се види како реагира организмот на лекот. Мене сепак ми е чудно како е можно ниту еден од фоликулите да не пукнал со стоп инекцијата?? Сега чекам да добијам и да се надевам дека цистите ќе пукнат при менструација. Овој месец нема стимулација но се надевам со продолженото дејство на кломифен ќе овулирам природно. P.S каде набавувате Pregnil? Во повеќе аптеки Зегин/Еурофарм/Виола/Бети нема и коментарот е дека веќе некое време не набавуваат.
Ти благодарам. Се чудам како гинеколог се чудеше како било можно да нема никаде прегнил. А сега читам и овде по формумов дека одамна го нема по аптеки. Кажи ми дали нормално во аптека се купува во Косово, без рецепта, без ништо? Која цена е, ако се сеќаваш?
Да бидам искрена не се сеќавам на цената.Рецепта имав розева така да не е проблем за рецептата мислам,еве ти контакт за се можеш на Вибер да им пишеш многу се услужливи,и се одма до Мк граница близу.
Мене ми се направи циста од кломифен и тоа се виде на ехото и ми рече јас не ризикувам со стоп инекција зашто може проблем да направиме. Фолекулот ми беше баш баш голем, неможам да се сетам колку и не ми даде стоп, рече нека остане вака сам нека пука, ама кога требаше да идам да видиме што се случило не отидов бидејки стомачен вирус имав. А инаку и тогаш нигде немаше стоп инекции, др ми рече ќе најдеме ако треба не се грижи.
Дали се опасни овие цисти? Што би можела да направам за да придонесам до природно пукање? Јас немам некои болки, само како непријатно чувство одвреме навреме. Гинекологот не ми препиша ништо, ми рече контрола после циклус да видиме дали пукнале... 4.5см е најголемата, мене страшно ми звучи. Дали доколку овој циклус не пукнат цистите (на 4 дена пред добивање сум, освен ако не ми доцни од кломифенот) сепак имам шанси да овулирам или би бил пропаднат циклус?
Ќе ти прати гинеколог. Доколку на следен циклус не пукнат ќе ти даде терапија. Има решение, немој да паничиш само. Само обавезно после циклус да идеш да видиш дали пукнале. И ништо не е пропаднато, секогаш за се има шанси. Имам блиска каде од два јајника само еден со 30% функција и ендиметриоза гушка беблак од 5 месеци.
Порано мене често ми се правеа цисти, искрено пиев чај од невен и ептен ми помагаше. Можеш да направиш комбинација од невен, ајдучка трева и коприва, мене ми помагаше тоа. Пиј го барем 2 пати на ден.
Од утре треба да почнам со пиење кломифен и естрофем, по 2 на ден од двете. Тие што имате пиено дали треба да се пијат на растојание? Пред или по оброк? И дали запазувавте точно време секој ден? Недела е не сакам да прашувам утре доктор....
Добив, ми заврши и цистите се уште се присутни. Гинекологот ми препиша дидрогестерон а од претходно ми имаше дадено примолут нор да ги пијам ако не добијам. Меѓутоа јас не ги пиев, си добив, само што цистите останаа. Сега ми вели да ги пијам примолут нор од 15ти ден, но јас читав овде на форумот многу негативни коментари за тие апчиња па затоа уз муабет и побарав некои други па ми ги препиша дидрогестерон, ми рече да ги пијам било кои ама таа е за примолут нор, вели појаки се, од нив ќе пукнат. Сега јас на два ума сум, не знам дали воопшто да ги пијам и кои да ги пијам. Ако има некоја членка искуство со пукање под дејство на лекови, на вакви цисти предизвикани од кломифен да сподели што пиела.
Jas imav cista dosta golema ne bese od klomifen, sama se sozdala, piev promilt nor i so ciklus pukna. Vo sprotivno kje trebase da se vadi. A klomifenskata cista mi pukna sama so ciklusot. Slusaj si go doktorot, sigurno podobro znae od site nas ovde na forumot. Za apcinjata na site od ovoj tip sto se za stimulacija, odlozuvanje na ciklus…pa duri i na klomifenot koga kje procitas negativni pojavi za glava kje se fatis. Ne se vodi po toa ovoj pat ne e ednostaven.
Слушај доктор знае што ти дава. Штом ти ги дал да пиеш за да пукне цистата пиј ги да не си направиш некој проблем. За секое едно апче имаш негативни појави.