Дај Боже да е биднато и да си бремена. Не дај Боже ако не си бремена,кога ќе ти почне наредниот циклус пред да почнеш со Кломифен обавезно прво на ехо. Внимавај со Кломифенот,мене ми создаде две големи цисти. Пак ќе кажам,дај Боже да си бремена.
Мислиш ли дека можно е да е рано да покаже тестот ако сум бремена ? ако е овулацијата за 36 часа значи овулација се случила на 27.08 , значи до денес е 17ти ден од овулација, Хмм немам надеж Инаку мене супер ми влијаеше кломифенот. Повеќе зрели фоликули, ниту имав промена во расположение, ниту болки во јајниците, се во најдобар ред Како и да е, чекам утре на ехо да ме види докторката па ќе каже.
Матичната на ехо нема да може да види и да си бремена. Најсигурно ти е да направиш Бета Хцг од сабајле.
Дечки, месецов сум стимулирана со Кломифен, денеска бев на генеколог и потврдивме дека веќе пукнал фоликулот, стоп инекција примав во понеделникот Ми рече естрофен да си продолжам да си ги пијам, денеска ендометриум беше 12мм Рече ако ти дојде (недај Боже) тогаш да ги прекинам, а сѐ додека чекам за тест да ги пијам Вие до кога го пиевте естрофенот? После точно 14 дена од инекцијата ќе покажи точен тест?
Zdravo zenski sakam da go spodelam iskustvoto i ja piev klomifen ama posle apcinjata ima nus pojavi poduen stomak peckanje posle odnosi ne znam na sto moze da se dolzi da ne ima nekok iskustvo doktorot mi preporaca inseminacija no vo ovoj moment ne mi se pravese inseminacija zatoa ne otidov na folikuli sto mislite sto moze da fala i pozdrav do site
Peckanje posle odnosi ukazuva na nekoja infekcija a ne od klomifenot barem kaj mene nemase takvo nesto. Proveri za kandida, brisevi.
И ја сум пцо и со тенок ендометрим 5.5 но ме ми даде ништо друго освен кломифен од утре да ги почнам вас колку ви е ендометриумот?
Дали имавте пцо или друг проблем? До пцо синдром сум тек почнувам со кломифен и нередовен циклус затоа прашувам
Мораш да пиеш паралелно со Кломифен и естрофем, тие се апчиња за здебелување на ендометриум, оти со Кломифенот доаѓа до истенчување на ендометриум
Мене ми е ептен тенок ендометриумот. Првиот месец на Кломифен не ми дадоа плус естрофем,вториот месец ми дадоа ама џабе,кај мене пак не се задебели ендометриумот.
Мене само кломифен ми даде и претходно дабростон бидејќи не добивам редовно циклус незнам дали да му речам и за естрофем...
Мое мислење е да му речеш мила, уствари докторот требало да ти даде естрофем штом ти е тенок, ама тоа е веќе друга прича за нашиве доктори И да се закачи плодче, со тенок ендометриум нема да има успех бременоста мила, треба да е над 8мм, а тебе ти е само 5.5 Не сум јас таа што треба да ти попува ама мене вака ми е кажано и што си истражував сама
Со Кломифенот исто го почнавте и естрофем или претходно уште? Ке отидам кај него одма утре ке побарам пиев и вирак и природни лекови и џабе се
Да во исто време ги почнав и двете, Кломифен пиев 2x1, а естрофем 3x2, бидејќи и мене не ми мрдна од 5мм ендометриумот И еве за една недела треба да правам тест, ако е позитивен си ги продолжувам естрофемот, а ако недај Боже добијам, ми рече да ги прекинам
Со темпирани односи мила ние долго време се обидувавме во 2018 се земавме веднаш забременив природно без никаков проблем и во 8ма недела имав спонтан после тоа никако не бидуваше хормони,спермограми,хсг.. Колку пати одев во амбулантата за инфертилитет на гак и на крај матичната ми даде Кломифен следевме и кога потврдивме овулација ми вклучи и Естрофем на 20ти Март 2022 имав позитивен тест фала му на Господ сега си имам 10 месечно синче Ти посакувам многу среќа
Што убаво, големо да ти расте бебулето И јас сум со иста приказна мила, во скоро 9та недела лани имав спонтан, останав бремена без проблем Ама еве од тогаш не сум останала, не дека пробуваме цело време имав и прекини, ама кога појдов за пап тест минатиов месец видов дека имам тенок ендометриум и фоликули не поголеми од 12мм, па сега вака се прашувам дали за ова пораметување имало врска киретажата.. Како и да е, за една недела ќе видеме кај нас дали добро ќе се покажи Кломифенот