Ја мислам мораш повеќе испитувања пред кломифен да почнеш ако не направиш Хсг и детална хормонална анализа не би било во ред одма на кломифен.. Пред да почнам со кломифен јас се ми испитаа па почнав...
Не читај многу, само главата напред... И не се разочарувај јас одам на тоа да имам дете сеедно какво биде биде само да се остварам мајка.... Со висок тестостерон 3.10и тсх 3.30 пиев кломифен и имам 20 мм фоликул па се надевам дека ќе биде сеедно колку е лош или не кломифенот... Само напред
Здраво, дали може кломифен да се земе без рецепта и ако да, каде? Знам дека ми треба али не сум во финанциски подржана моментално да одам на преглед
Можеш да го земеш и без рецепта, барем мене ми го давале и така ама секогаш носев рецепт Не е дефицитарен го има, скорото земав
Јас за следно ин витро докторот ми кажа дека ќе почнеме со Кломифен Некоја успешно ин витро со Кломифен? Слабо ми работат јајниците,немам фоликули...со Авомит ептен слабо ништо од фоликули
Здраво, 2пат со кломифен и пак ништо сега добив менструација, др рече пак да почнам кломифен а имав убав фоликул од 20мм но ендометриум 7.2 дали е можно поради тоа да немам бременост... Инсистирав за естрофем но не ми даде само кломифен и ништо друго и пијам елова заради полицистични јајници имам и се ставив на сирова исхрана? Помош ве молам за совет
Не се обесхрабрувај,за се има алтернатива. 20мм фоликул е супер а и ендометриум без терапија 7,2 не е лош. И јас сум со ПЦО,мене на пример Кломифен ич не ми делува. Ми направи циста шо морав да ја вадам лапароскопски и ми го истенчи ендометриумот скроз и покрај тоа што примав Естрофем. Месецов пак пиев Кломифен ама исто како да не пиев па моравме да продолжиме со инекции Гонал. За се има алтернатива и не мисли зошто не биднало,никогаш нема да знаеш зошто. Кога тогаш ќе биде
Кломифенот го тенчи ендометриумот, незнам како така докторот не ти дадил Естрофем. Значи тие се пијат заедно. За да има успешна бременост треба да е над 8мм, не е лошо и 7мм ама сепак треба да е малку подебел. Инаку за ендометриум јади многу цвекло, ананас и по 2-3 бразилски оревчиња.
Феминки, Дали Авомит се замена на Кломифен? Ми ги препишаа за создавање фоликули, да се пијат 2х1 почнувајќи од 5тиот ден од менструација, но во упатството на апчињата пишува дека се за рак на дојка.
Devojki zdravo, dobiv denes so promulot nor prv pat mi kasnese okolu 20 dena i onaka bev pred dobuvanje na eho koga bev ama sepak gi koristev, sega me interesira dali posle ovie apcinja se slucuva ovulacija? Dali treba da piam klomifen da bi se slucila ili moze i prirodno? Me zanima dali promulot nor ja sprecuvaat ovulacijata posle dobivanjeto na ciklusot ako znae nekoja da mi odgovori? I me Interesira dali gi zgolemuvaat sansite za bremenost so klomifen? Dali se stetni za nesto dali imaat nekoj nus pojavi, do sega imav normalni ciklusi se nadevam I ovulacii ama ovoj mesec ete mi kiksna ciklusot I neznam dali imam ovulacii normalni a sakam da ostanam bremena za nekoj mesec.. ako se godini bitni samo sto napolniv 24..
Ако не ти се препишани од доктор не смееш да земаш.Секое апче има нус појава.Млада си ќе видеш како ќе ти бидат следните циклуси.И првин пробај од 6месеци до 1 год.е нормално време да зачнеш,па потоа ако не биде оди на испитувања
Кломифен не се цедевита бомбони па да ги зимаш туку така. Доктор треба да увиди , дали треба да ги пиеш или не. Треба прво да ти прати фолекулите дали ти растат природно, па потоа да одлучи дали тебе ти треба кломифен или не. А тебе нели ти каснеше повеќе од 20 ден и нели несакаше бременост?