Никаде нема да најдеш Pregnyl, консултирај ја да земеш заменска Ovitrelle. Јас лани ја барав по многу аптеки и секаде одговорот беше дека ја нема повеќе Pregnyl.
I plus mi rekoa na sledniov ciklus da mi gi pratat zatoa gi slusam doktorka sto da praam 5 godini se mucam
Фолекули се пратат после примање кломифен. Да види дали растат, како растат, да не пораснале премногу , па да направат цисти. Зошто ти ги дала, а знае дека ќе иде на одмор, не ја разбирам. Кломифен не е витамин Ц .
Ти верувам како ти е и ти ја разбирам борбата. Од Скопје ли си? Ако си тука, смени некој друг доктор. Многу нејасно прави твојава др.
Здраво, пиев кломифен 2х1, бев на следење за фоликули ок е имаше и фоликули, проблемот ми е сега, овие денови десната града ме боле страшно, бев кај матичната ми ги чепна градите и ми напомена дека од хормоните ми е, ама ми е чудно зошто еднта града само ме боли, ама не е таква болка како пред добивање, многу е чудна, со секое движење на телото како се движам ме боле. Матичната ми рече облози од зелка да ставам ама еве 3 дена нема некое подобрување Плус имам болки и во половината еве 2 дена, а треба да добијам на 06.09... Незнам дали да направам и тест еден, уште една недела имам за да дибијам, дали е рано? Ве молам некој да не имал слично искуство... Ужасно се осеќам од овие глупи апчиња, никогаш не би ги пиела пак
Рано ти е за тест. Низ телото поминуваат хормони, нормално е да имаш реакции. А тие глупи апчиња имаат донесено среќа на многу. Ако водиш битка за бебе, се ќе пробаш и се ќе направиш. Многу не има тука такви. Кај секоја не реагира исто се.
Еве и циклусот ми помина уште осеќам како некои тапи болки на градата и како да ми е преоптеретена раката на истата страна, ми играе раката некако како да не можам да кренам ништо тешко. Коските ми се тресат, многу ми е страв, уште колку треба да чекам да се стабилизираат хормоните,а закажав и ехо на дојка Кажете некоја да не имала сличен проблем
Здраво женски ве молам за искуство која пуела кломифен, зошто и дали успешно забременила со оваа терапија, дали има негативни несакани ефекти?
Ако си ја исчитала темата сигурно си видела позитивни случаи, но и несакани ефекти како цисти. Се пијат за да предизвикаат овулација или да ги зголемат шансите со тоа што ќе го стимулираат растот на повеќе од еден фолекул, за да се зголемат шансите. Јас имам два пати пиено, првиот пат 2х1 пет дена и ми се створија цисти, други нус ефекти немав. Цистите ми пукнаа после два циклуси. Затоа е битно ако пиеш прв пат гинекологот да проба да даде прво помала доза, за да види како ќе реагираш. Обавезно надзор од гинеколог, за да се види потребата од стоп инекција (јас тогаш примив ама очигледно беше лошо темпирана штом фолекулите продолжија да растат). Во поново време кломифенот се почесто се заменува со летразол, јас подобро реагирав на тој лек и кога го земав постигнав бременост.