Аман дали има уште така неодговорни гиниколози и даваат кломифен како да се бомбони. За таква терапија мила обавезно хсг да си направиш. Сега биднало, дај боже и да бидне работава, и се фати бебуле. Ама ако не, прво направи си хсг и после кломифен. Добронамерен совет
Те насочи да пиеш без хсг? Ако е така убаво што не си го послушала. Јас пиев без да правам. Фала богу ништо не се деси, ама кога се инфирмирав повеќе се уплашив да пијам втор месец. И се откажав. Покасно фала богу природно си останав бремена.
Да, не се ни вратив кај него. Не бев информирана до толку, ама нешто ми кажуваше дека не е ок. Не сакаше ни да ме слуша, он си имаше нешто во глава.
Здраво. Др Калчовски ми препорача да се пробаме со една инсеминсција (пред да се одлучи на зафат поради еден непрооден канал) па ми препиша и кломифен од 50мг, 2х1 Немам искуство со ова и малку се испаничив. Апчињата ги почнав денес и еве не знам дали да пијам и вечер или да оставам само 1 на ден, сепак да се види како ќе реагира тело. Некако голема ми се гледа дозата како за првпат, па ќе замолам за искуства. Ми кажа на 8 дена да почнеме со следење на фоликули. Постои ли опасност од хиперстимулација, или друг проблем и покрај тоа што ќе следиме ситуација и фоликули? Баш се потресов, многу трпиме како жени ☺️ ми доаѓа да баталам се и само на спонтано, па како даде Бог
Дали ќе има хиперстимулација, тоа никој неможе да ти каже. Кај некој се случило, кај некој не. Ти ги дал Калчовски, што реално е навистина добар доктор и знае што прави. Доколку нешто има, идеш на предгледи, ќе ти даде насока. Доколку се сомневаш во неговите насоки, побарај си друг доктор каде ќе имаш доверба. Пред се, сега ти треба да си опуштена и релаксирана.
Мене од едно на ден ми се направи хиперстимулација бидејќи претходно никој убаво не ме следеше дали ми растат. За секој случај пиј исо спорт пијалоци од зелените и јади многу протеини. Кај нас не го препорачуваат тоа одма додека земаш кломифен, не знам зошто..ептен се неодговорни ама убаво е да си почнеш нема од тоа штета за секој случај. Со среќа!
Јас сум со извадена една туба поради вонматерична бременост. Со докторот следевме каде се јајце клетките оти ми требаат само на десната страна. Минатиот месец имав на двете страни од кои на левата (каде што немам туба) беа поголеми и побрзо напредуваа. Докторот ми даде да пијам кломифен и следевме како ќе растат. Последниот преглед ми беше пред да пукнат фоликулите и според ситуацијата немавме многу надеж. Меѓутоа испадна овој месец да ми касни менструацијата и да сум веќе во 5 недела бремена мислам дека и јас ги пијав 2х1 бидејќи за 5 дена мислам дека ги завршив... сакав само уште еден пример да ти дадам кој испадна позитивен од едно пиење... најголем поздрав
Завршив со Кломифен во неделата, бев на следење понеделник (на 8ми ден од циклус) и имаше по неколку фоликули и на двата јајника, од кои по еден водечки, на лев (кој ми е непрооден) поголем, 17мм и на десен 19мм. Денес бев повторно (11 ден од циклус) и на извештајот пишува Десен овариум б.о., дали некој знае што значи ова? Лев овариум фоликул со големина од 20мм. Ми препорача инсеминација во сабота, а денес вечер да се боцнам со Овитрел. Сега маката ми е слична, дали има поента ако водечкиот фоликул е на лев, односно јајникот каде е запушен каналот. Докторот вика нема врска кој јајник овулира штом имаме еден прооден канал, што лично и вака лаички не ми прави логика . Исто некаде ми помина дека на членка и ја одложиле инсеминацијата во даден месец бидејќи и овулирал јајникот на чија страна исто имала непрооден канал. Збунка сум скроз Драго ми е за твоето позитивно искуство♥️
Здраво девојки. Сакам да го споделам моето искуство, можеби некоја од вас има слично... Пробуваме за бебе веќе 9 месеци ама безуспешно. Сите испитувања се направени и се е во најдобар ред. Последниов месец бев кај Дракулевски. Ми препиша Кломифен, ги пиев од трет ден на циклус, мислам 5 дена. Кога бев на контрола, ендометриумот ми беше тенок, па ми препиша Естрофем кои ги пиев 3 дена. Неколку дена пред да треба да ми дојде менструација имав кафеав исцедок, кој исчезна за 3 дена и менструација не ми дојде. Вчера бев на преглед и испадна дека имам неколку цисти на десен јајник (др ми рече од кломифенот) и сеуште тенок ендометриум . За една недела пак сум на контрола. Сакам од нареден месец да пробаме инсеминација, ама чекам прво да ми дојде. Дали некоја има слично искуство? Извинете на долгиот пост
Мене кломифенот ми направи исто голема циста. Матичната ме препрати кај Калчовски, он тогаш ми кажа не е страшна ќе се среди. По пауза од два месеци, цистата ја немаше и правев инсеменација без кломифен, бидејќи фолекулите и без кломифен ми растеа убаво.
Zdravo moj sovet ti e da probas kaj doktor sto e specijalist a taa rab dr drakulevski e super no ne mu se primarni problemi so zacnuvanje