Девојки јас оравев ХЦГ уредно е, хормони уредни лани и спермограм исто. Сега докторот ми пиша Кломифен да пијам од 5до 10 ден 2x1 и кога го прашав дали треба да докдам на комтрола ми рече нема потреба ништо само имајте односи од 12 до 16 ден. Јас претходно имав водена циста голема која сама ми пукна и сега ми е страв од Кломифенот да не ми се појави пак…
Се согласувам, без надзор не, јас имав 3 големи цисти по 4 и 5см од кломифен, среќа водени па пукнаа после 2 циклуса. Плус првпат пиеш, не знаеш како организмот ќе реагира, а полна доза ти дале 2х1.
епа и мене ми беше чудно и сега незнам дали да го сменам па да почнам тогаш со апчињата.. и ако имате препорака од добар матичен гинеколог во Скопје што е посветен пишете ми.
Здраво. Знам дека одамна е објавено ова, но можеби ќе прочиташ. Ако не е проблем може ли да ми кажеш како спиронолактонот влијаел на тоа да дојде до спонтан? Дали пиењето на спиронолактонот при обиди за бебе може да биде штетен? Јас го пијам поради покачени машки хормони веќе неколку месеци, ендокринолог ми кажа додека не се оствари бременост да ги пијам а при позитивен тест веднаш да престанам, но се плашам затоа што имам читано различни искуства. Ти благодарам
Не може да се остане бремена со спиронолактон, ако се случи може да дојде до спонтан, а ако не дојде до спонтан може да има сериозни нарушувања на срцето на бебето. Треба три месеци пауза пред обид. Мене ова ми беше кажано.
Ти благодарам на одгогорот, докторите често различно кажуваат. Мене ми кажаа дека ако сум пиела пред обиди за бременост не било убаво да се прекинува терапијата, во мојот случај глукофаж поради инсулинот (кој веќе мие во нормала) и спиронолактон поради покачени андрогени хормони (кои веќе се во нормална граница, освен малку тестостеронот). Дефинитивно ќе побарам и друго мислење, поздрав се најубаво.
Ако ти кажав дека останав бремена од пиење две шољи чај од мента без спиронолактон? Намалува андрогени. Пресериозна сум. Прочитај и сама на нет. Ама три месеци после прекинување на спирото нема обиди. Би ти рекла да правиш тоа што ти вика срцето. Мене ми кажаа докторите еднаш, а до тогаш ни еден и сама го престанав. Отидов на друг ендокринолог, се правев дека ништо не било претходно, секако на приватно - спирото не го ни спомна! Некогаш сами свои доктори.