Да да обавезно ми кажува и води сметка за дебелината на ендометриумот Само прашањето ми беше дали естрофем е истиот состав со утрогестанот -најверојатно е погали го твојот бебуш од нас
Здраво Феминки , Воздржана најпрво честитам за бременоста Не знам од кај да почнам стварно не знам многу ми е тешко не знам кај да се обратам повеќе и јас и ММ имаме испитано се и се е во ред со двајцата. Забременив во Февруари со Кломифен но по еден месец имав спонтан Кога го пиев кломифенот матичниот не ми стави инекција прегнил, туку сами по себе си пукнаа фоликулите, мора да се стави таа инекција или тоа е индивидуално???? Дали е можно од прегнилот што не ми го стави да настана спонтаниот???? Кажете ми ве молам. За време на терапијата испитувавме фоликули на 3, 9 и на 11 ден и во ред беа а не се секавам колку мм беа . После спонтаниот паузиравме 3 месеци и од тогаш не можам да останам бреммена а толку многу го сакаме ова бебе вчера па ми дојде тетката пак и матичниот ми даде пак Кломифен и треба утре да почнам да ги пијам од 3 ден. Не знам што ке биди овој месец ке видиме се надеваме на позитивното позз до сите , и ви посакувам искрено срека на сите
Тоа што не ти ставиле прегнил нема врска со спонтаниот тоа е мое мислење можеш да се посоветуваш и со лекар. Прегнилот ја ставаат доколку убаво созреат фолекулите околу 19-21мм и со сигурност да пукнат за да не прераснат во цисти. Искрено жалам за спонтаниот зошто тоа се случува немам објаснување ниту утеха ти знаеш низ што си поминала ама знам дека треба да си силна да ти биде утеха дека еднаш фатило значи ќе фати пак и ќе биде успешно Советувај се со лекар кога ќе фати што да се прима првите месеци за да се задржи плодот иако знам и покрај се се случуваат спонтаните без никаква причина тебе нема повеќе главата горе следната бременост ќе биде се ок И јас сега ако добијам понеделник (се надевам нема ) ќе пијам пак кломифен
Фала за советот ке разговарам со матичниот ко ке одам на контрола после терапијата со Кломифенот ми рече на 8 ден да одам и тогаш ке ми кажел што ке следува понатаму. Дај Боже да не добиеш до понеделник да добиеш дури после 9 месеци срекно
Естрофенот е за здебелување на ендометриумот а утрогестанот е за подршка доколку настане оплодување. Задршка и подршка звучи исто но не е ,треба и двете,односно естрофенот се пие од 8 до 14 ден од циклус ,а утрогестанот се става вагинално најчесто од 16 ден. Фоликулите може да прснат и без прегнил,и тоа нема никкава поврзаност со спонтан абортус.Но по протокол со кломифен оди +естрофем+прегнил+утрогестан.
da istoto i jas go znam sto go napisa malata-volsebnicka toj e protokolot mene posle klomifenot sum ostanala bremena imaf nesto kafeno doktorot odma mi prepisa utrogestan i nemav poveke kafeno posle edna nedela mi potvrdija bremenost od 4 nedeli
Мене шемата ми беше Кломифен+ прегнил+ цикло прогинова(составот е естрадиол- 4 дена ) + утрогестан вагинално од 16ден натака ендометриумот ми беше цело време 8мм * естрофен / естрадиол може е исто генерички само различно име
Првиот пат кога забременив пиев Кломифен само ништо друго, фоликулите сами пукнаа имаше сакус, ми утврдија бременост од 5 недели . После 2-3 дена имав како кафеав исцедок матичниот ми рече да ставан Утрогестан вагинални и ги ставав мислам 1 недела, после тоа пак имав таков исцедок и малку крв матичниот ми стави прогестерон инекција, и 3-4 дена се беше во ред и потоа наеднаш искрварив имав силни болки во долниот дел од стомакот и кога појдов кај мат. сакусот го немаше Девојки , да ве прашам уште нешто дали е можно од Кломифенот да ми престана циклусот , денес ми е втор ден со К. а четврти ден од циклусот , вчера имав менстр. а денес немам ни капка . Не знам шо е работата помагајтеееее И дали кафето има некакво влијание врз Кломифенот ??????? :\
Од моето искуство немав гајле додека пиев кломифен си пиев кафе сабајле обавезно и попладне како и секој ден а и циклусот не би требало да се скрати, нормална е пауза од еден ден во крварењето или утре ќе ти продолжи или ќе ти биде пократок Уживај ништо сташно не ти се случува
и јас бев на кломифен овој месец ги пиев од 5ден на циклус и супер го поднесов немаше никакви проблеми.Денес бев на мерење на фоликули....имаше 3 нај големи кои беа до 19мм и уште 2 по 16.96 значи вкупно беа 5.е сега сакам да прашам докторката ми рече да одам за 2 дена значи во среда да види дали ке растат или ке пукнат самите,ми спомна за прегнил инекција ама ми рече да пробаме без неа зошто ми е прв месец со кломифен.дали треба да се прима пергнилот или не...а пак и други апчиња не ми препиша освен кломифенот...ми кажа денес дека одлично реагирам со кломифен...ве молам ако има некоја поискусна со кломифенот нека ми пише да знам што да правам
Тоа е тоа ,се е супер 5 фоликули и ќе види ако пукнале фоликулите ок ,ако не ќе ти стави прегнил инекција.Најчесто практика е кога се пие кломифен се става и прегнил за прскање на фоликули кога ќе бидат најдобра големина од 18 до 22мм.Од денес па натаму бидете вредни по дома и тоа е тоа нетреба други апчиња,освен ако не ти даде и утрогестан вагиналети а тоа е проценка на докторот. Со среќа
денес бев да видиме дали пукнале фоликулите...пукнале и течноста се гледаше сега останува само да работиме на случајот ако небиде и овој пат одиме пак со кломифен и + други апчиња
Бројот на фоликули е супер па незнам што плус апче ти препорачува.Најдобро е да не се трошиш со кломифен и супер фоликули без инсеминација.Значи кломифен и инсеминација може да е добитна комбинација ако н ебиде месецов,но гледајте сега да биде
јас бев прв месец на кломифен и се појавија 5 фоликули и еве вчера сами пукнаа и не ми ставија прегнил,сега сум во исчекување...инаку докторката ми кажа дека супер фоликули сум направила со кломифен и одлична големина ајде ке видиме сега дали ке дојди баба рогааа
Охооооо машала, 5 фоликули! Па таа бројка ни со сите хормони од инвитрото не ги постигнуваат! Уживај еци, само опуштено и релаксирано, 2 од 5 сигурно ќе се фатат И не бери гајле, и да не е од првиот пат.....мислам дека можеш 3 циклуса со ред да си стимулирана со Кломифен. И искрено не сум гинеколог, ама бројкава на фоликули ми кажува дека реагираш и повеќе од одлично на него, така да не знам дали ти треба нешто плус... Не е само да пораснат, тоа си го постигнала, треба моментот да се погоди и на двајцата, треба да сте опуштени, треба да уживате и да водите љубов, зошто вие правите ЖИВОТ, не тарана, па треба само да ја изрендате за да ја направите Само позитивно и со среќа!
феминки мои уште сум во исчекување дали ке дојде баба рога на 09.08. да видиме дали кломифенот си ја заврши работата ајде се читаме