Која е целта?навистина и јас не знам која е но кога веке пробале да клонираат луге(ако навистина клонирале)нема назад.Човекот сака да изиграва нешто што не е,и си поигрува со она кое е забрането.А забранетото е интересно нели?И мене ме интересира како би живеела таа единка.Секако дека нема да биде иста како и оригиналот,ке си има други карактеристики,ке си има свое јас.И секако дека има поважни работи на светот но оваа појава и како треба да биде забележана.Бар за мене
Човекот сака да изиграва Бог, да создава, иако тоа го може, но тоа не е целта, а притоа не мислејки дека подобро е да се помогне некому, отколку да клонира човек.Безсмислено е.
Баш тоа сакав да го кажам,изиграва Бог,креатор,испробува нешто кое не секаде е дозволено.Џабе бараш да размислува кога тоа нема да го направи.Отпосле ги сфака грешките.Јас имав прочитано некаде пред да ја отворам темата како жена барала да и се направи клон на своето мртво бебе.Така мислам дека беше и веднаш ја осудија само не можам да го најдам линкот.Ако овој текст на почетокот е вистина и ако навистина некаде постои клон како се чуствуваат родителите на тој клон и самиот тој дека не е оригинал?
Премногу е логично, а да не речам и смешно до каде стасал светов, та да се фали со едно клонирање тоа не е успех за медицината, затоа често пати зборам дека работиве во животот се обратно поставени
Клонирани луѓе дали постојат? Пуу, и те како. Толку се развила технологијата, та не е нормално по мене уште да не го направиле овој чекор. Само нивниот развој итн и строго држен под контрола, а клончињана ќе почекаме уште долго да ги видиме. Аргументи за и против на темава има колку сакаш. Просто да не знаеш кој попрво да го кажеш. Прво и основно, развој на генетика се е во ред, да, поддржувам се тоа, меѓутоа не ли се губи идентитет на една личност кога има свој клон? Сеа да, нема ист карактер, психа итн, ама изгледот бре? И не ли делеа сепак нешто како чувства, мемории? Или само во серијата Клон беше така? Не знам, се ова со проблематикава ми е толку нелогично. Едино органи. Она делумно клонирање на луѓе. Супер. Нека се донираат органи, нека се спасуваат веќе постоечки животи. А кој би сакал на него вака да експериментираат, не знам. Се уште треба да се поработи на ова де. Е сега развојот. Ако се воведе клонирањево као сосем ок ќе биде многу чудно како ќе се движи човештвото. Кој јеботе ќе сака дете што ќе биде 50% како него, кога има шанса за стотче? Мал процент дефинитивно. И на крај јасно, се ќе се заебе и ќе шетаат франкештајни по планетава. Е сега имам прашање, малце не ме бива на темава. Иста днк имаат? Нели као со матични клетки, валда да, а? Не знам. Малку тешко ќе иде ова фаќање убијци со иста днк. Ќе заќутам сега, премногу ми влијаат крим серииве.
Се двоумев дали има клонови, ама, дефинитивно има. За онакви, кои си се шеткаат слободно, не знам. Мислам дека би биле од нешто заболени и не сосема здрави. Ама за оние кои се држат во тајност, по лабаратории, и кои служат за експеримент, ги има. Со толку развиена технологија и медицина денес, нема шанси да ги нема. Па и она што во некои земји е дозволенo. Ми беше малку неразјаснето и она за карактерот, ама ете, не бил ист. Сум малку против клонирањето. Па сигурно не за џабе сите луѓе во светов се различни, ако било за тоа, Бог сите исти ќе не направел. Сигурно си има нешто улога тоа. Не сме во некоја поразвиена земја (во однос на клоновите), за да кажеме точно дали се усовршени клонирањата сега, дали кога ќе се створат ќе бидам доволно здрави, и ќе живеат долго. Доли, болна се родила, и не живееше долго. Незнам дали е случајот и со луѓето-клонови. Сепак мислам дека за некоја година, сами ќе ги видиме клоновите, шетајќи си слободно, иако нема да ми се свиѓа многу тоа...
ВО светот постојат еден куп нелеганли лаборатории каде што се прават секакви глупости, не само клонови туку и генетски вкрстувања што ние не можеме ни да си ги замсилиме. Има мноооогу богати луѓе кои сакаат да живеат што подолго. Тие имаат пари, ги викаат најдобрите научници да истражуваат за нив. Ке направат научниците клон ке му ги извадат органите и ке ги пресадат кај милионерот. Научниците тоа го прават за слава и каприц, богатите за подолг живот. Е сега клонирањето не е баш боцни прачка пиј вино, па имаат еден куп компликации и сетоа тоа кошта многу пари и многу време се истражува, многу клонови се убиваат. ЗНам дека звучи ова ко некој научно фантастичен филм ама верувајте дека во некоја лабораторија даалеку од очите на јавноста и во овој момент некој си игра со вакви работи,
Една феминка праша дали имаат иста ДНК,и јас се прашувам истото.Со еден пријател зборував на таа тема и ми кажа дека имаат иста ДНК но не знам дали е така.Јас еднаш си реков дека сакам да направам клон да видам како изгледа а овој пријателот ми рече исто ко близнак изгледа ама дали ги има исти карактеристиките не се знае-зависи во какво општество ке живее.И кога го помислив тоа да направам клон самата јас иако не сум компетентна за тоа гледајки го синока Клон кога докторот го праша Даниел за тоа дали Клон постои тој му одговори дека само лудак би можел да го направи тоа(е сега забегав со филмот знам ) значи по вашите мислења заклучив дека навистина постојат такви лудаци. Останува мистеријата ако постојат каде се наогат,дали се израснати,дали знаат дека се клонови?
Па имаат иста ДНК, нормално, кога се зема ДНК од тој што се клонира. Од јајце-клетката се вади јадрото кое е носител на ДНК (генетскиот материјал) и се става јадро (генетски материјал) од клетката на тој што се клонира. Затоа и се вика клон. Тоа е најпросто кажано основата на клонирањето. А дека има, можеби има, секакви болни умови има по светов. А каде се... е за тоа не сум размислувала. Инаку, клонирањето го оправдувам само во ситуација за создавање нови органи за пресадување. Тоа може многу да придонесе во лекувањето на одредени болести и нарушувања. Во друг случај - НЕ!
Jас сум си една и единствене! Kлонот живее пократко и да кажеме ако мене ме боли нога и него/нејзе ќе ја боли!
Здраво, дали знаете каде во Скопје можам да најдам стручно лице за интервју во врска со клонирањето? Ми треба за задача од факултет. Фала
Институт за Биологија, над општина Гази Баба. Имаш професори што многу добро се запознаени со темава. Инаку, клонирањето, обичниот свет не знае, ама јас сум сигурен дека на големо се применува во светот. Етиката сме покажале како луѓе дека ич не ја есапиме повеќе и научниците и бизнисмените кои вадат профит од тоа сигурно не ги интересира дали е етички или не. Јас се сложувам со сето тоа, ама да биде јавно и прецизно наведено кој е што е и не гледам причина зошто не би требало да биде направено ако тоа никому не му прави зло.
Jas iskreno si nemam vrska so kloniranje i neznam dali moeto prasanje pripaga tokmu ovde no samo tuka ae pravi muabet za DNK ... Sakam samo da prasam dali vp skopje moze da se napravi DNK test za tatkostvo i dali moze samo so kapka krv ili na primer so plunka i kosa? Fala mnogu.
Се’ уште мистериозна медицинска постапка, непроучена докрај, не е познато за јавноста што се’ се случува и во што се состои самиот процес на клонирање итн., така што не можам да оправдам.