1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клонови (Orphan Black) [2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од anuskaNESTLE, 3 јули 2013.

  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    [​IMG]

    Денеска ја открив серијава и ја пуштив со доза скептичност, но многу се изненадив.

    Серијата има интересно лудо сценарио - клонирање.
    Главната глумица ми е убава на чуден начин, иако го има тој изгубен поглед нонстоп.

    Се почнува откако Сара(главниот лик) се наоѓа на железничка, и гледа жена - идентична како неа која се фрла пред воз и умира.
    За да дејствието ја доживее кулминацијата - Сара оди во домот на нејзината близначка се со цел да дојде до одговори, и секое ново откритие ја носи до се поголем проблем и ужас.

    Дефинитiвно ви препорачувам, и така се 10 епизоди, што се тоа за нас, ги мачкаме на леб у еден ден. ;)

    http://www.imdb.com/title/tt2234222/?ref_=sr_1
     
    На d.Darla, Someonespecial, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Orphan Black

    Meне ептен ме заинтересира, штом го завршам менталистот, ја почнувам.
    Еве и трејлерче, мене прилично многу ми фати око од видеово.
    http://www.youtube.com/watch?v=do_BCA-vR9E

    Само лоша работа, кој ќе чека до догодина за новата сезона, за тоа ме лутат Британциве ептен големи паузи праат меѓу сезоните.
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Orphan Black

    Само што ја почнав :D Вчера ја гледав првата епизода. :) Ме заинтересира пилотот, ќе видиме натака како ќе се одвива. Јес да, другарка ми ја гледаше и рече дека е задолжителна за гледање. Планирам по една епизода дневно да гледам, летово слабо ми е нешто со серии... ниедна што ја почнав не ми задржа внимание :worried:
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ја гледа уште некој? :?: Јас само морам да кажам Пол... ват ен есс! Колку е секси човеков :tmi:
    Девојкава морам да ја пофалам, одлична глума. Во ниеден момент не се почувствува дека една личност се плетка зад толку ликови. Тие делови се супер вклопени, сцените се добро направени. И Феликс е супер, срцка е :)
    Ја препорачувам, седнете и изгледајте ја. Ја немам завршено, ама од тоа до сега што го видов, вреди да се погледне.
     
    На Someonespecial, solnishko и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.810
    Допаѓања:
    38.278
    Пол:
    Женски
    И јас неможев да одолеам :D Ја изгледав првата епизода и едвај се воздржувам да ја изгледам и втората и третата...сакам да си ги цепкам.Ќе кажам дека ми се допадна почетокот, возбудлива е и интересна и копка да ја гледаш понатаму.Главната актерка ми е прекрасна и одлично глуми, досега не се сеќавам дека ја имам гледано во друга серија или филм, а сепак има квалитети.Како и да е ќе продолжам да ја гледам и да коментирам.Фала ти за предлогот Анушка.
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Пол е нешто неверојатно секси! Абе мажот ПОРНО Е!! Каков е изладен, паметен ма прекрасен бре :D
    Јас во еден ден изгледав 5 епизоди, па пауза правев во Неготино си отидов без лаптоп, одмарав од серии и уште две ми остануваат 9 и 10 епизода.... :(

    Серијата е многу добра, предобра.
    Дејствието се одвива брзо и секоја една епизода влече кон следна, ко магнет.
    Морам да признаам дека Косима ме изнервира, ем знаеше дека типката и е монитор ем пак легна со неа, глупава.
    А Алисон ми беше прејака кога го врза маж и, и мислам дека он и е монитор, само шо не и призна, нели гореше едни фајлови он, не верувам дека пријателката е мониторот, таа е само глупа.
    Сара ми е д уан бед ес од сите нив заедно со Хелена, јак пар ми се заедно, посебно кога Хелена и помогна и ги извлече неа и Пол, и му ја пресече опашката на тој.
    А брат и на Сара - кој шмек и го дава на серијата, браво за него, имам еден ист другар, животот без него не можам да си го замислам!

    Вечерва ќе си ги догледам 9та и 10та епизода, па ќе пишам впечатоци. :)
     
    На Someonespecial и kravce им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.810
    Допаѓања:
    38.278
    Пол:
    Женски
    Јас ја изгледав серијата уште во првите два дена.Не можев да се обуздам :D
    Одлична серија, не ми се верува дека една актерка глумеше толку различни личности во една иста серија.Предобра приказна и ужасно се изнервирав што новата сезона е дури во април наредната година.Не се нормални, кој може да чека толку време за ваква добра серија.
    За последната епизодна ќе прокоментирам.
    Мислам дека Кира ја зеде мајка и на Сара, уствари не мајка и туку она што ја чувала и намести да изгледа како некој да ги киднапирал и двете.Сметам дека таа е умешана многу повеќе од она што мислиме, уствари може е еден од главните изумители.Косима ми е срцка и жал ми е што е болна и што најверојатно ќе умре.Алисон отиде под ледот...знаев дека маж и е шпион, уште првиот миг кога го видов.Паул ми е неверојатно секси и одличен ми е во пар со Сара.Сара ми е фаворит.Сега не разбрав дали сите тие се родени како пар, односно близначки...зошто ги има 10(значи по две) или сите се посебни, освен Сара и Хелена?И најверојатно мора да постои оригинал, како инаку ќе клонираат?
    Ајде коментирајте на темава, доста интересни дилеми има кои може да си ги разјасниме една на друга.
     
    На solnishko, anuskaNESTLE и kravce им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    И јас синоќа си ја догледав серијата и сега сум разочарана што мора да се чека точно една година до нова сезона, на што личе тоа жити се?! Бар да имаше 20 и некоја епизода да сфатам ама ова срање најмногу го мразам, ќе најдам добра серија и има само 10 посрани епизоди!

    Дискусија:
    Госпоѓа С. дефинитвно има замешано прсти ако не и цела рака во целава ситуација со клонови, мислам дека таа е една од најглавните, и мислам дека Сара е најбитна пошто може таа да е оригиналот, т.е сега заедно со Хелена.
    Бројче тоа дали одат во парови не го разјаснија, го оставија за во следната сезона, сега за сега е јасно само дека Сара и Хелена се родени како близначки - според тоа Амелија (црнкињата), нивната мајка што го изјави. Мене ми делуваше искрено, и мислам дека глупавата Хелена да не ја убиеше ќе дознаевме што точно и се намерите на госпоѓа С, ама нели мора да има и втора сезона, па ни оставија еден голем прашалник.

    Хелена се надевам дека ќе умре, ептен е оштетена и нема спас, психата и е размрдана на страшно ниво.

    Ме интересира и многу што ќе се случи со Алисон, нели она го потпиша договорот дека е нивно сопствеништво, значи што сакат може да прават со неа, да експериментираат, секакви тестови, а таа грејната не се ни сомнева сеуште во тој глупавиот маж што го воде, а знаев, одма знаев штом го видов дека е замешан, ептен е проѕирен.

    Сара ми е преубава, има некоја енергија и харизма жената многу јака. А брат и па е приказна сама за себе, сцената со Алисон во псоледната епизода ВРВ! :D

    Доктор Лики ми е ептен секси маж :D Ноу џаџментс плис! Има нешто у него, мистеријата и самоувереноста шо најногу ги сакам у маж, исто како и Пол.

    А новата партнерка на Арт ми удара на нерви антипатична лигња! Арт верувам дека во 2 сезона ќе биде на страната на Сара и ќе и помага.

    Секако има нешто многу повеќе позади целиов проект, останува само на втора сезона да ни открие.
    Презадоволна сум што се одвива брзо серијава и има многу возбудливи и интересни моменти, 45 минути ми летаат како секунда.
     
    На nati44, LilBaby, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    И јас ја завршив пред некој ден :hai:
    Алисон тоа уствари и го сакаше, да продолжат да течат работите како што си беа. Не ја интересираше ни како ни зошто ни што, само сакаше да продолжи да го води тој дотогашен живот, без дополнителни компликации. Ама ептен ми е психо Алисон, го има тој убиствен став, како го врза прво мажот, па после и комшиката... забегана е. Криво ми е за Козима, иако во претходните епизоди малку ме нервираше.

    Втора сезона очекувам да иде со потрага по ќерката на Сара, и верувам дека ќе има доста убиства. Арт сигурно ќе и помогне многу. Таа партнерката негова... не знам кај ја најдоа, не само ликот и глумицата не ми е нешто посебно.
    Има нешто повеќе околу Сара, не е уште еден клон. Сликата што и ја даде Амелија, пишуваше отпозади професори, може г. С да е една од креаторите на проектот, па зошто таа баш на Сара би и била ментор. Има тука поголема мистерија.
    Не оставија со прашалници, стварно долго време ќе им треба за нова сезона :worried: И можеа барем уште еднаш да ни го разголат Пол пред крајот на сезонава :wasntme:
     
    На solnishko, 1209 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  10. solnishko

    solnishko Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав сите 10 епизоди во еден ден. Прекрасна серија. И ужасно ме нервира тоа што мора да чекаме до април 2014 за нова сезона :envy:

    Според мене Сара е оригиналот, затоа што само таа има ќерка. Хелена ми одеше на живци |( . Мислам дека Катја и Косима се близначки. Алисон ми беше озгубена во простор и време. А Пол :inlove: се надевам дека ќе останат заедно со Сара, навистина беа прекрасни заедно :inlove: И да, им недостигаше барем уште една жешка сцена меѓу Пол и Сара :wasntme:
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Па мислам покрај толку фризури и бои на коса, фалеше на крај една со боб фризура, медова боја по име Рејчел. :D

    Алисон као фамилијарна жена, совршен живот, кого залажува, џабе и е таа сигурност што мисли дека ќе ја има со договорот кога е невидена лудачка, и нејзе животот одамна и е за*бан. Што беше со Линдзи и нејзиното давење во лабавото? :^) Нејзината смрт нема ништо да и реши во животот, кога копилето од маж во куќа и е, уште на прв поглед ми стана одвратен буцкото.

    Хелена ми е одвратна, аман од нејзините глупости, се надевам ја прекрати Сара. Се рамнат со Алисон која е поголема лудача.

    Сара ми е прекрасна, најголемо внимание ми задржа нејзиниот лик, мене ми е страшно посебна. Гозиме ми е исто мила, и жалам ако во 2ра сезона умре.

    Госпоѓа С секако ми изгледа на вклучена во киднапирањето на Кира, ете и мајка и сакаше да ја предупреди, од 76та чим е вмешана, секако дека има удел.
    Втора сезона типувам дека ќе биде уште поинтересна. Чим во 10 епизоди ни сервираа ваква приказна, наредните едвај ги чекам! :rock:

    Премногу фала за Анушка. :*
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Фан-та-стич-на!

    Ја изгледав во еден ден без престан 8 часа гледам, едно работно време.
    Али работава беше баш ај кент тејк мај ајс оф ју.


    Приказната им е навистина добро осмислена и задржува внимание и повеќе од нормалното.
    Глумицава е фантастична, се снајде во 5 различни улоги и 3 акценти, мислам не го може тоа секој.
    Мене сите ми оставија некоја посебен впечаток и секој до триве посебно(Алисон, Сара и Косима сите три различни на свој начин и многу уникатни)
    Крајот ме остави буквално без зборови, зашто не ми се веуруваше дека до тој степен ќе го доведат нивниот идентитет.

    Очиве ми капна од гледање, утре детално ќе ја разглобам мојата анализа.
    Дефинитивно една од повозбудливете серии кои сум ги гледала.
     
    На nati44, Someonespecial, anuskaNESTLE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ne.me.znaesh

    ne.me.znaesh Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Уј и некој друг ја глеал серијава :D мило ми е.. Серијата е одлична ,подобра неможе.. Татиана (глумицата) е феноменална, не секој може да глуми 5 различни.. Пол и Феликс се срцки :$ Ја препорачувам на сите пошто е неверојатно многу добро напишана :) Clone Club :l:
     
  14. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Значи серијава е закон. :clap: На почетокот бев скептична но после првата епизода не бев свесна дека сум ги изгледала сите 10 епизоди. :lol: Една епизода тука е како кај некој серии цела сезона.Дејството се одвива брзо, без влечења, плачки и создавање непотребни ситуации.Се надевавам дека следната сезона ќе биде толку добра како и првата.
    Пол и Сара :inlove: фрчи хемија меѓу нив
    Актерката Татјана прејако ги глуми сите ликови :clap:
    Филекс е шлагот на тортата, го обожаваммммм
     

    Прикачени фајлови:

  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Колку добро глуми оваа клоницава не е свесна, не се заебава воопшто :D . Јака е глумицава а и телцето и е перфектно.

    Серијава е нешто различно. Криминал, сплетки, наука,... секс...
    Некаде до 5 епизода сум и сеуште не ми е станата досадна.
    Омилен лик ми е Cosima:
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Фантастична серија. Дефинитивно се навлеков на неа уште од првата епизода и сите 10 епизоди ги изгледав во еден здив. Интересна серија со многу заплети и пресврти и вреди да се погледне. А за актеркава немам зборови,маестрална глума. Секој карактер многу интересно и маестрално го доловува што на моменти си помислував дека се работи за повеќе актерки кои глумат еден одреден лик,а не дека една иста актерка ги доловува сите тие карактери одеднаш. Сега ни останува да почекамe уште некој месец,едвај чекам. :)
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да ве потсетам, излезе 1-та епизода од 2-ра сезона завчера. :geek:
     
    На Dgirlll, kravce, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.810
    Допаѓања:
    38.278
    Пол:
    Женски
    Κолκу е згоден новиот муж на Саρа дуρи посеκси ми е и од Пол, дали оти јас саκам повеќе таκви не толκу сκоцκани момци.Него сега не ми е јасно госпоѓа С на чива стρана е? И дали новото типче е вмешано, пошто κога збоρеше на телефон овој лошиот ρече не гρижи се знам со κого е, а плус имаше шанса да го застρела а не го стоρи тоа и на κρај од κај беше толκу сигуρен таму да ги баρа овој :?: Мислам деκа ќе најдат леκ за Κосима оти стваρно не би саκала да умρе. Вие до κаде сте со сеρијава, нешто ве нема на темава.
    Едит:Сега ми теκна деκа аκтеρот е оној κој го глуми Даρио Нахаρис во Гејм оф тρонс.He is soooo hooot...
     
    На the.vampire.girl и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.810
    Допаѓања:
    38.278
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе зошто вака, оти ве нема на темата ни импресии да споделите ни нешто друго да кажете :?:

    Јас ја изгледав и последната епизода и морам да кажам дека финалево беше едно од најдобрите финалиња во серии што сум ги гледала до сега, ептен ми ја стопли душава некако.
    Моментот кога сите беа на куп беше предобар стварно.Очекував дека вака нешто ќе се деси со клоновите, дека Косима ќе добие волја за живот за да ја реши мистеријата на клоновите, знаев дека Данкан и ја има оставено тајната.
    Срцето ми застана кога Кира ја викаше, а таа не одговараше, мислев готово е, ама преживеа, добро е.
    Инаку ептен ми го направи ќефот тоа што Рејчел сега е еднооки Џек, одвртно створење.
    Добра е приказната за машките клонови, само што не очекував дека токму тој ќе биде оној клонираниот.Сега уствари Хелена и онаа женичката негова носат уште клонови или?И дали само Хелена остана бремена поради тоа што со Сара се близначки или ќе можат и другите да раѓаат?И каде побогу ја однесоа Хелена, стварно е жално што само ја метлеат натаму-наваму како некое заморче.Стварно многу прашања остави сезонава, ама апсолутно беше предобра и немаше еден досаден момент.Мене моментално ми е на прво место за најдобра серија.

    А и јас да сум на место на Сара не би знаела кого да изберам дали Пол или Кал, зошто како што ми се слабост мажи во униформа Пол беше, со извинение, ама да свршиш :D Стварно ептен се згодни и преубави и двајцата.

    И АЈДЕ НЕ СЕ ЗЕЗАЈТЕ САКАМ ДИСКУСИЈА :!:
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    ^ Јас ја запоставив серијата, а баш ми беше интересна. Почнав и други серии да гледам истовремено, морав да жртвувам некоја. Од втората сезона само 3-4 епизоди изгледав, така да ми се насобрале сега. Ама знам дека ќе ги изгледам во еден здив, па ќе коментирам. :) Одвај се воздржувам да не го отвотам спојлерот. :lol: