1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клонови (Orphan Black) [2013]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од anuskaNESTLE, 3 јули 2013.

  1. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Ќе ја даваат на Телма [​IMG]
    Ептен се израдував, ќе си ги изгледам сите отпочеток ^_^ Морам да ја пофалам Телма, алал да им е, не се предадоа на the Turkish fever и секогаш даваат нешто интересно. Браво, едвај чекам. :party:
     
  2. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ја даваат?:o
     
  3. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Не знам, прочитав на ТВ Пакет, ама не пишуваше дата, ќе чекам да ја рекламираат.
    http://tvpaket.com.mk/tv/4533-01-01-2016-18-54
     
    На Janina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Само да ја известам @Janina и останатите дека Орфан Блек се емитува на Телма секој работен ден во 9.30 часот. Денес ќе биде деветтата епизода, за жал не дознав порано, но сепак ќе се вклопат и тие што не ги гледале другите.

    Баш добро ќе ми дојде потсетување за новата сезона во април. :inlove:
     
    На Janina и fff3 им се допаѓа ова.
  5. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram mnogu :*
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    и готово заврши на телма ???
     
  7. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    нова сезона на 14 април. уште малце. :clap:
     
    На Someonespecial и fff3 им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека излегува на 16 април, а таа на 14 да ти излегувала. :D
    Како и да е, еве линк каде што можете да ја гледате онлајн HD. Дејството е уште пред најпрвата епизода и се зборува за Бет и убиството на Меги Чен. Се разјаснуваат многу работи.
    Едвај ја чекам следната епизода. :inlove:
     
    На Janina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Ја изгледавте сезонава?
    Според мене оваа беше ако не и најдобра и највозбудлива сезона.
    Уфф не знам од каде да почнам.
    Сузан не испадна таква како што ја замислував, на почетокот да, мислев дека е злобна и дека само истражувањето и е важно, ама по моментот со Косима и со Рејчел кога кажа дека најголема грешка и било тоа што ја создала токму неа, си сменив мислење, и значеа и клоновите сепак.
    Она што многу ми се допадна сезонава беа флешбековите со Бет. Иако не беше жива добивме малку информации за нејзиното самоубиство и каква личност била всушност. Ептен се надевав дека ќе има некој пресврт и дека ќе испадне дека е жива ама ете, и со ова задоволна сум.
    Исто ми се свиѓаше што акцентот беше ставен на емоционалната страна и развојот на ликовите.
    Епизодата кога не им успеа тоа со геномот и кога ја убија Кендал, богами и јас со Косима се утепав од плачење, а после и со Сара кога ептен се чувствуваше беспомошна па кога сакаше да се самоубие стварно ме дотолчи. Најомилени ликови ми се и Косима и Сара. А за Татјана мислам и 10 Еми награди и Златни глобуси се малку, браво, какво доловување на толку комплексни ликови дури некогаш си се прашувам зарем ова една глумица е:D
    И дури ми беше интересно што ја вметнаа Кристал, посебно сцената со Сара кога не поверува дека и е клон:D:D
    Еви Чо беше достоен негативец, и таман мислев Рејчел се подобрила, дека ќе стане дел од клон клубот ете ти го шокот во финалето. Од секогаш нешто најважно и била моќта. Се надевам само дека ќе ја спасат на островот Сара, дека нема да и се случи ништо.
    Делфин е жива, баш се израдував, сега Косима го има лекот, се надевам ќе се излечи.
    Не знам каква ќе биде приказната за 5 сезона која воедно ќе биде и последна;( ама мислам ќе биде поврзана со овој основачот на Неолушн и со островот. Ама не се сомневам дека ќе биде поддеднакво добра.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] :D:D
     
    На rhcpfan, Lella и 1209 им се допаѓа ова.
  10. Kallina

    Kallina Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2016
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Слушнав што се работи во серијава и интересно ми изгледа, ќе погледнам некоја епизода сигурно.
    Моментално сум хаос со серииве, една завршувам, друга ми е почната, трета на средина оставена:$

    Ме растурија серииве:clap:
     
    На Janina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.300
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила да ја коментирам четвртата сезона. Досега најмногу ми се допадна. Ако не се лажам, следната ќе е последна, и мислам дека ќе биде најдобра, освен ако не ја оплескаат на крај што е многу возможно.
    Оваа сезона заврши во полза на Рејчел која беше онеспособена две сезони. Иви Чо беше интересен лик, колку за една сезона, ако не се лажам ја убија и неа. Многу интересен ми стана Ајра, а немаше друг од Кастор освен него сезонава и мислам дека тоа е добро, што се фокусираа на Лида повеќе. Секако, на голема радост на обожавателите, Делфин is back! :D Конечно се заедно со Косима, Тамблр може мирно да спие. :lol: Некако навивам за Феликс и Скот, ама мислам дека нема да бидне ништо од тоа. :rofl:
    Многу ми се допадна што ја заангажираа и Кристал, носеше позитива со своите глупости.
    И тоа е што ми задржа внимание од оваа сезона, I liked it a lot. Едвај чекам следна. (y)

    Четврта сезона во една слика:
    [​IMG]
     
  12. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.298
    Пол:
    Женски
    Леле серијава :l::l::l:
    до 4та сезона сум сега треба да ја гледам 3 епизода ама серијава е закон а глумицата? За оскар е само. Многу е јака серијава ја препорачувам сите да ја гледат сигурно ќе им се допадне на оние што сакаат мистерија. Јас не можам да издвојам сезона што ми е најинтересна сите се интересни, единствено 3та сезона на почетокот почна да ме нервира ама после се опраи :rofl::rofl::rofl:
     
  13. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    серијава ми беше интересна и ја гледав но веќе ми здосади и ја баталив, сепак алал да и на глумицата како сите клонови знае убаво да ги изимитира
     
  14. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Одамна и се спремав на серијата и сега конечно и дојде ред,па за 2 недели ја изгледав ;(
    Можам да кажам дека сум фацинирана од серијата,од приказната од се, ама веројатно најмногу придонесува глумата на Татиана.Значи неверојатна глумица,тоа толку добро да се глуми,секој лик различно да се донесува,менување на глас,на акцент значи се. Не ми е јасно како е толку потценета,заслужува многу повеќе и баш ми е мило што зема Еми.
    Најомилени клонови ми се Сара и Косима,а после втора сезона омилена ми стана и Хелена.И Алисон ја сакам,не е можно ништо без неа и Дони :rofl:
    Овие 4 се некако посебни и интересни на свој начин.Рејчел е вистинска кучка која е само за жалење...
    За Пол ми беше жал многу иако на моменти не знаев од чија страна е,сепак на крај се покажа дека навистина ја сакал Сара.
    Се надевам дека во 5тата сезона ќе го видиме Кал повторно,некако недостигаше во 4тата.
    Епизодата кога умре Кендал беше една од најтажните,се убив од плачење...
    Покрај клоновите најомилен лик ми е Феликс,колку позитивен лик и ептен добар со сите клонови, на сите им помагаше..Едвај чекам април,малку ми е жал што 5тата сезона ќе е последна но можеби тоа е и добро бидејќи ќе направат да биде сосема доволно. Не се сомневам дека последната сезона ќе биде лоша.
     
    На Trxmx и Tiki-lolipop им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Мене па ми опадна малце желбата, кај 3та сезона.:( Првите 2 ги изгледав во два дена, и залетана, ја пуштив третата, и мааалце ми загуби смисла со Кастор:rofl:.Ама реков ќе ја догледам па шо сака нека е.
    Арно отворив тука , се порадував:lol:, и во 4та ме очекуваат изненадувања:party:
     
  16. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Искрено последнава сезона ме разочара.
    Не знам дали дека последна сезона е, па имав преголеми очекувања ама еве уште 2 епизоди до крај не знам како ќе ја завршат.
    Она што најмногу ме изиритира е самава приказна што се врти околу овој Вестморланд. Мислам уште на почеток јасно беше дека нема 200 и кусур години и дека тоа е само замачкување очи и многу време посветија на островот што според мое мислење беше непотребно. Како последна сезона очекував барем клоновиве да се на исто место, и дека ќе ги има сите почесто. Алисон на пример ја имаше во 2 епизоди преку сила, Хелена исто, а како најинтересна очекував почесто да ја прикажат. Делфин исто како ја најавија мислев ќе ја има во сите епизоди, ама и она во 2,3 се појави на кратко и толку.
    И најмногу се разочарав за Феликс, исто многу малку го имаше сезонава, што дури и се изненадив со оглед на тоа што во претходните сезони го имаше буквално во секоја епизода.
    Мислам дека она што најмногу и фалеше на сезонава е акција. Барем јас не сум навикната да ја гледам Сара мирна да седи и да дозволува да си поигруваат со Кира. Тоа најчудно ми падна, не ми е својствено за нејзиниот карактер барем до сега како што ја претставија.
    Не очекував Сузан дека ќе умре, навистина се потруди да им помогне и Косима ја спаси дури.
    И не очекував дека Рејчел ќе се оправи, многу ме изненади што им помогна со Кира, беше подготвена мајка си и Сара да ги убие, а сега им помага.
    Баш ме интересира како ќе ја завршат серијава во две епизоди.
     
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Секоја чест за Татјана. Ја немам видено надвор од серијава ама си има неоспорлив талент. Уште од почеток ги доживував клоновите како единки благодарение на нејзините различни манири и акценти. Пред некој ден гледав нешто слично - филмот What Happened To Monday (2017) каде повторно приказната се вртеше околу седум идентични сестри близначки. Во главна улога беше Noomi Rapace ама слободно ќе кажам дека на Татјана може вода да и носи.

    Штотуку го изгледав финалето и сум задоволна, настрана антиклиматичниот крај. Приказната многу ја заплеткаа, ќе немаше никаква поента да продолжуваат понатаму. Сѐ до последен момент очекував дека Рејчел ќе им се придружи во градината ама oh, well... Се заљубив во нејзината облека оваа петта сезона. :inlove: