El Clon (Клон) е новата латино серија која што од наредниот четврток (21 април) ќе започне да се емитува на Сител телевизија. El Clon е римејк на популарната бразилска серија O Clone која што се емитуваше пред неколку години кај нас на А1 и доживеа огромен успех. Серијата започнува во четврток (21 април) во термините: -Сител = 09:10 (премиера) и 02:30 (реприза) -Сител3 = 07:00 (премиера) и 20:15 (реприза) Ова е промото што официјално беше пуштено на Сител пред неколку часа, можеби некои од вас веќе го имаат видено. Интересно е во промото што не откриваат за која серија станува збор. Според мене имаат одлично промо (реклама) за серијава http://www.youtube.com/watch?v=IKCQ9OmZXLY
Со оглед на тоа дека веќе ја гледав Клон не верувам дека сега и оваа ќе ја гледам, ич не сакам римејкови на тазе серии...ај разбирам филмот/серијата да е стара 15-20 год. па да се снима помодерна...ама ова е глупост...
Јас обавезно ќе ја гледам оваа верзија (римејкот) бидејќи во неа се збори на Шпански јазик, а јас го обожавам шпанскиот јазик А додека во оригиналот се збореше на Португалски јазик, а јас не можам да смислам португалски јазик, некако одвратен ми е кога го слушам и затоа не ја гледав оригиналната верзија.
Поради големата заинтересираност и големите апели што се упатуваа кон Сител за да се промени терминот бидејќи 09 наутро е премногу рано за ваква мегапопуларна серија, Сител ги прифатија молбите на гледачите. Терминот е променет и серијата дефинитивно почнува во четврток во 17 часот Според досегашните позитивни критики и нестрпливоста на гледачите да почне Клон, се очекува дека серијата ќе направи вистински БУМ во Македонија. Јас како и многумина сум пресреќна што ни доаѓа нова латино серија и обавезно ќе ја гледам, бидејќи насекаде досега каде што се има емитувано има постигнато голем успех и многу позитивни критики. Еве го и новото промо, и не ја пропуштајте бидејќи е навистина одлична http://www.youtube.com/watch?v=1a9y1kRT ... r_embedded
јееееееееееееееееееееееееееееееее нема шанси да го пропуштам ова. Клон ми беше омилена серија!!! хахаха па дури и имињата исти и останале
Па да, имаињата се исти бидејќи е римејк. Се радувам што повторно ќе уживам во шпанскиот јазик, доста ми беше од турските и индиските серии, конечно ќе се освежиме со нова латино серија Can't wait
Ќе ја пратам кога ќе имам време чисто само од љубопитност заради глиумците Марина и Рикардо од серијата Марина, ако не се лажам.
Kлон е и засекогаш ќе остане моја омилена серија иако не сум по серииве. До сега 3 пати ја имам гледано, се навикнав на глумците а и португалскиот ми е омилен јазик . Малце сум скептична дека ќе го пратам римејков...
ја обожавав серијата КЛОН, дури си ја гледав и на алсат пред година , две кога ја даваа и на македонски и на албански а оваа новата верзија сигурно нема да ја гледам, најповеке мразам вакви ај да речам преработки на серии, филмови....
Јас обавезно ќе ја гледам бидејќи првата верзија на Клон ја немам гледано, така да оваа ќе биде нова серија за мене со непозната содржина.
Само бледа копија и ништо повеќе. И двете ги има гледано и оригиналот е далеку поубав, немаше ден да не пропуштам епизода. Мексиканиве се научиле само крадат серии, се виде колку се креативни.
Изгледа само мене оваа серија ми беше глупава и не ја гледав.Истото ќе се случи и со оваа,не планирам да ја гледам.
ооо конечно и некоја шпанска серија више преку глава ми е од турскиве...барем шпанскиот ќе си го подобрам ...ќе се гледаа...само мислам дека малце ќе ми биде досадна зашо знам што се се дешава Типот што го глуми Лукас многууу е убав П.С. а истите термини си остануваат за репризите или и тие се сменети ?
И мене исто, мерак ми е што ќе има шпанска серија, па ќе си ја гледам кога ќе ја фатам, од пуста љубов кон шпанскиот А и дечкото исто така ми е прекрасен, има глумено и во некоја друга шпанска серија и си го сакам
Клон беше мојата омилена серија, сосема различна од шпанските серии а посебно од овие турскиве сега што ужасно ми одат на нерви. Интересно ми беше што гледаш традиции од други култури, имаше споредба помеѓу верите, се зборуваше за тоа колку е лоша дрогата(по случајот на Мел), па за клоновите. Стварно добра серија. И глупост ми е ова. Серијата беше една и единствена, не се потребни вакви срања. Оригинал си е оригинал. Нека ја дадат правилната бе. ( и кај ја нашле таа што ја глуми Жаде, грда е ко коњ, Жаде беше лепотица)
Актерите што ќе глумат до сега сме ги гледале во шпански серии, така што мислам дека ќе биде шпанска и оваа. И таа оригиналната серија не сум ја гелдала, па се надевам дека оваа ќе ми биде интересна. Лакримоса беее, не е грда, баш ми е симпатична
Конечно нешто шпанско на ТВ ми се здосади веќе од вие индинскиве и турските серии Ама сепак клон оригиналот бразилскиот нема да може никој да го замени