Ја гледав оригиналната серија и незнам дали ќе ја пратам оваа.Ја знам веќе приказната,нема да ми биде интересно ама дека Mauricio Ochmann ќе биде Лукас Омилен ми е актерот,глумеше во Барајќи го тато - Amarte Asi на А1 ја даваа,детенцето Фрихолито беше преслатко
е што ќе праиш? ќе ја гледаш и оваа е ок де, знаеме за што се работи, ама жаде ми беше омилена серија! Oк, јез да бразилската е не заменлива, ама да се тепа досада добра е и оваа! прво мислев нема да ја гледам, ама ете денес почна и ме предомисли
Дефинитивно не ја гледам. Бразилската Клон беше ремек дело, а и два пати се даваше таа верзија, на А1 премиерно и лани на Алсат
Ја видов пред некој ден на реклама и си викам мора да ја гледам серијава! Спојлер Јас шпанско нешто да не гледам, кај го има тоа. Ама пуста јас не видов од колку саат и ја пропуштив првата епизода. Ќути среќа што видов дека имало реприза. Глумците ми се срцки!
Ќе си го гледам пак Прееске се подсетив малце на филмчето и + на шпански! Мх Мх А Жаде истата ли глумица беше и во првиот? Не се сеќавам, малечка многу бев.
Сепак нема да има реприза сега. Еве пишува на сител дека утре во 9.10 ќе биде репризата. Инаку вие што ја гледавте, кажете ми, ваљда не е синхронизирана серијава, а? Обично сите се синхронизирани во последно време.
Конечно и јас после толку време повторно ќе седнам пред телевизор и ќе гледам серија од ваков тип. Не сум гледала вакви серии континуирано добри 2-3 години. Ме нервираат сега овие турскиве што се хит Ама Клон ја гледав поради тоа што многу сакам стомачни танци, ја обожавав серијата. Денес ја гледав првата епизодта и планирам да ја гледам редовно и оваа верзија.
Клон беше повод да го засакам Рио и португалскиот јазик! Со душа чекав да дојде 8 саат и да седнам пред телевизор, многу ја сакав серијава! Римејков не верувам дека ќе го гледам, ама да ја пуштат од почеток целата серија - пак би ја гледала!
Јас нема да ја гледам серијава, ја видов само накратко рекламата и девојката што е во главна улога може водам да и носи на Жаџе(Жаде де ) Не ми се свиѓаат актериве некако, а и не ми е јасно што е со трендов пак истите серии да се преработуваат.
Ordinary Girl, лани се даваше цела КЛОН на Алсат телевизија и тоа со македонски превод, изгледа не си знаела. Јас и лани ја гледав. Зборувам за оригиналот, да не ме сфатите погрешно.
Јас ја гледав сабајле на Сител (реприза) и интересно ми се зачине. Секако, оригиналот е незаменлив ама и ова е интересно. Е сеа, нели што се близнациве Диего и тој другиот, нели во оригиналот беше 1 и клон му беше напраил тој.Или па двајца беа и едниот умре.И после умре овој оригиналот (или се ожени, незнам како беше) и клонот се појави и со Жаде беа.Еее, сеа се збунив.
Јас не ја фатив ни вчера, ни денес. И немам некој план да ја гледам, туку ако ја фатам океј, ако не здравје. Знам што се работи, тогашниот Клон не го пропуштав, така да...ако ја гледам оваа ќе биде само ради шпанскиот и тоа кога ќе ја сретнам во барање нешто интересно...