оригинал си е оригинал, немам намера да ја гледам, на алсат ја даваа оригиналнта ја следев колку можев, не се споредува со оваа, толку се неприродни. отсекогаш ме нервирале реплики, а не знам зашто е направена реплика и на оваа серија, која им е поентата, глупости. own:
Јас ги гледав двете епизоди и серијата премногу ми се допадна и дефинитивно продолжувам да ја гледам. Инаку серијата се емитува од понеделник до петок во термините: Сител: Премиера во 17:00 часот и Репризи во 02:30 и 09:10 Сител 3: Репризи 07:00 и 20:15 Има термини за сите и секој што сака да ја гледа може да си избере кој термин најмногу му одговара. Инаку музиката од серијата е прекрасна http://www.youtube.com/watch?v=VtBkOanX ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=fWdL-MhJ ... re=related
физички оваа глумица мене ми се допаѓа повеќе од жаде Aма, кога станува збор за женственост, харизма, држење, и флерт со мажи, еееееее оваа може вода да и носи на бразилката! Hајвеќе ја сакав жаде зашто знаеше како да ги измачува машките, онака женствено си играше со нив A оваа глумица ја нема таа харизма, така да не знам колку ќе успее да биде оргинална во тој дел
Оригинал си е оригинал, иако како и во секое едно нешто, така и кога станува збор за серии/играни филмови постојат исклучоци ( иако не би знаела во моментот да наведам такви). Од оваа серија имам гледано само една/две епизоди и ми се допаѓа онака како вообичаена латиноамериканска серија, но во споредба со бразилската верзија мислам дека нема потреба ни од коментар. Тоа е веќе нешто видено за оние кои ја гледале оригиналната верзија (како јас) и дури ја нема таа оригиналност со локациите (сцените во Мароко јас колку што знам се заменети со обични студија), во однос на актерката се согласувам со претходниот коментар. Така да не можам да кажам ништо повеќе од тоа, бидејќи не планирам да ја гледам понатаму. Сепак донекаде се потрудиле луѓето. P.S. А и музиката колку што можев да слушнам не ми е нешто посебно и не е од оние бразилски ли, арапски ли кои занесуваа.
Ќе ја гледам серијава. Ги пропуштив првите епизоди, за жал. Ми се смачи веќе од турски серии, еве конечно и нешто шпанско. Прекрасно танцуваат, и да музиката е многу убава
Го имам гледано оригиналот и нормално предобар беше. Но погледав неколку епизоди и од римејк-ов и навистина ми се допадна,а особено глумецот..многу ми е срце Така да,ке бидам во тек со серијава и исто така ме радува што е шпанска серија. Редно беше малку да се одмориме од оние турски и индиски серии.
Дечки што се случи денес, не можев да гледам цел ден бев во Скопје. Ќе ја чекам репризата во 2:30 ама во случај да заспијам ако може да ми каже некој што гледал денес накратко што се случи
Спојлер Диего и татко му се скарани. Оваа Катерина (мислам така се викаше) цел ден го бараше татко му на Диего (и Лукас ) но овој нејќеше да и одговори на повиците па на крај реши да дојде кај него и тогаш се сретнаа и со Диего бидејќи он дојде да земе некој работи од доба. Сега привремено живее кај тој на А ... што клонира. Јас се извинувам што уште не ги знам имињата на сите Лукас и Жаде се сретнаа и оваа реши да избега со него. Се договорија за наредниот ден да бегаат и кога требаше да си оди оваа ја фатија едни двајца. Она му викаше на Лукас дека ќе го убијат да не доаѓа и така заврши .. Еве во кратки црти,најбитното..се надевам сфати што како се случило
Се разочарав од римејков, оргиналот и ова- не се ни споредуваат! Колку само во оргиналот можеше да се види културата, начинот на живеење во Мароко, па Рио како беше претставено се, а овде безвезе, глеам по Медина по фармерки и шамии се шетаат, а па глумацава да убава е, ама не е ни одблизу добра како претходната Жаде, како играше и се движеше, оваа може вода да и носи, не планирам да ја гледам серијава. Според мене еден голем Феил. Едит: За музиката не ни коментирам, лошо,лошо
Ја гледав само првата епизода онака целосно и баш ме заинтересира филмов да го гледам бидејќи оригиналот не го гледав од почеток, ама втора смена сум на училиште и не можам да го гледам редовно а реприза го гледам само кога ќе го начекам. Ама сепак со бразилскиот клон неможе ниту да се спореди, копија сепак си е копија глумците баш и не ми се погодени можеби дека сум повеќе навикната на другиот Клон а особено Албиери тој би било подобро да биде Али затоа што тој ми има некако поарапска фаца.
Иако не сум гледала до сега од новиот клон не верувам дека ќе биде нешто богзнае што, ама сепак времето ќе покаже. Инаку според мене оригиналниот Клон беше ремек дело за почит па затоа сум малку скептик дека сега некоја копија ќе биде подобра од оригиналот кој е врв.
јас пак спретивно од тебе го обожавам португлскиот јазик баш би сакала да го научам не дека шпанскиот не го сакам меѓутоа серијава ми е тапа некако ептен бледа копија на оргиналот
Бидејќи серијава има одлична гледаност, од утре ќе се емитува во прајм тајм терминот, односно во 20 часот.