Абе оригинал си е оригинал. Оваа нема Ж од првата Жаде, колку ли беше егзотична, точно како права арапка оваа новава некако ми има обична фаца. Лукас добар е, но пак ќе речам оригинал си е оригинал.
Е сега му е мајката А1 да почнат да го даваат вистинскиот клон па да видиме тогаш сите него ќе го гледаат, кој е милион пати подобар! Кај може да се спореди бе http://www.youtube.com/watch?v=ZjBm98_yaaI http://www.youtube.com/watch?v=P0h_t35g ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=8O2UCIA4 ... re=related Баш арапско, и песните супер, и многу убави глумци имаше, јазикот... Чекте да му ја заиграм сеа, иам ваква облека од порано само не знам дали ме собира уште. Ееее, тогаш активно си играв и стомаче рамно имав. :/ Јашааааааааааааар
Виц на милениумот. 19.55 Кога лисјата паѓаат - серија Немој дека некој ќе ја гледа Клон Ќе ја стават и таа како што ја тртнаа Индија од сабајле кога ќе им падне гледаноста
Леле не знам зашто го преместија терминот, баш си беше супер, а инаку обожавам шпански, така да овој клон повеќе ми се свиѓа.
Мене ми делува некако празно ,дали заради јазикот???Некако како да очекував од некаде да се појави вистинската Жаде...
И шо е финтава ? ! ? Мексиканциве не можеа да се помират што Бразилциве направија серија која остана запаметена и ултрапопуларна а не беше нивна ? Римејкови и остали глупости own: Жаде си беше Жаде овака само смешни ми испаѓаат Бледа копија и натинг мор ....
А ти ако беше малку поупатена ќе знаеше дека римејкот потекнува од САД/Колумбија а не од Мексико. А за сите остали хејтери на римејков ќе ви кажам еден податок дека и самите бразилци кои што ја имаа направено првата верзија O Clone, истите луѓе учествуваа и во правењето на римејков El Clon. Ако не ми верувате на ова што го кажав тогаш можете самите да се уверите доколку видите на крајот од епизодата од кои телевизиски куќи потекнува серијата и ќе видите дека пишува Globo (телевизиската куќа во бразил) и Telemundo RTI (телевизиската куќа од САД/Колумбија). Значи римејков неможе да биде лош бидејќи е правен од истите луѓе што ја имаат правено оригиналната бразилска верзија.
Ја фатив денес на Сител. Многу ми се грди некако актерине.. посебно таа што е на местото на ивет, како шмизла некоја, а ивет беше елегантна, јака жена. И таа сопругата на Албиери е грда Не ми е интересен некако за гледање, многу ми се вештачки сите, Клон си беше Клон..оригинал!
Aко можи некој да ми кажи што ќе се случи со Жаде (од тие што го гледале) ќе се земат со Лукас? И дали овој докторот ќе напрај клон од Лукас или...што е финтата за што се вика клон....
Спојлер Јас ти кажувам според бразилската верзија. Да, на крајот завршуваат заедно. А клонот ќе го направи доктор Албиери од клетка на Лукас затоа што премногу му фали другото кумче Џого. И по грешка Деуза црнкињата ќе постане сурогат мајката која ќе го носи и роди клонот Лео. Потоа дејството ќе се помести неколку години кога сите имаат деца. Се ежам додека пишувам зошто Клон ми е дефинитивно една од најомилените серии, два пати целосно ја гледав и тоа беше совршенство од серија во секој поглед - продукција, глума, музика, оригиналност. Мислам дека и во оваа верзија истите работи ќе се случуваат, но препорака најголема за бразилската верзија.
Доберман смири нерви човече Не се пали до толку кажав не ми се свиѓа не ми се свиѓа Крај приче а како што гледам не сум ни единствена ... Кажавме наш став , мене не ми се допаѓа не ја гледам а ти ако сакаш гледај ја и стави ја на рипит и по 5412 на ден .... Јас не хејтам тие што треба ќе хејтам серија .... OMG !
За LoVeR: Јас сум го гледала и оригиналот и римејкот така да двете серии се прекрасни...А во врска со твоето прашање, Жаде и Лукас на крај ќе се заедно... а доктор Албиери ќе направи клон од клетките кои ги има земено од бемката на Диего, затоа серијава се вика Клон...
Спојлер Нема да биде по грешка. Албиери (или Алигиери да не беше? ) намерно ќе ги оплоди јајце-клетките на Деуза со погрешни сперматозоиди. И Деуза не е сурогат-мајка. Таа е само вештачки оплодена.
Јас последниве 2 епизоди не ги гледав, бев во Скопје а таму имаше проблеми со телевизорот кај другарка ми. Како и да е , може некој накратко да ми каже што се случи. Си отиде Лукас конечно дома, дозна ли дека почина брат му ? Се омажи ли Латифа ??
Клон(O Clone)[Пинк] Мене бразилскава ми е многу појака, Жаде неможе да биде никоја друга освен глумицата во бразилскиот филм.. И Зораиде исто, ја обожавам
Naaah, не ми е ова за споредба со вистинската Жаде. Си ја сакам старата, е таа беше легенда. Веројатно ни оваа не е толку лоша ама сепак не е тоа тоа...
Катастрофа.. не може ни да се спореди со оригиналот. Ниту еден лик не ме потсетува на оригиналните ликови. Глумата ми е на најниско ниво. Ниту една серија на Telemundo RTI не ми се допаднала до сега па ни оваа. Да земеа мексиканциве да го снимаат Клон сигурна сум дека многу подобро ќе испаднеше. Баш пред некоја вечер не можев да заспијам и ја гледав репризата. И гледам рамни телевизори и монитори, се по последна мода и се прашувам како ли ќе изгледа после 20 години откако ќе се роди и порасни Лео... кој знае што ќе има тогаш Некако не обрнале многу внимание на овие детали