1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клон (O Clone)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од tessie, 3 септември 2013.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    За римејкот има тема, а за оригиналчево немало...

    [​IMG]

    Нејсе, ко шо можам да видам од другата тема, повеќето ја преферираат бразилскава верзија, па си велам истомислениците да си споделуваат интересни размислувања, сцени и тн. Мене реално ми беше класи и класи над верзијава од... Телевиса чинам. И од аспект на глума, изглед на ликовите, сценографија, костимографија, посветеност да се долови ликот (Инаку Џована Антонели, актерката што ја глуми Жаде, 40 и кусур дена престојувала во едно мароканско семејство за да го долови подобро ликот, така читав уште во времето кога се емитуваше на А1, 2003-4 ако добро паметам).

    Приказната повеќето ја знаат, судир меѓу прогресот и традиционалните вредности прикажан преку љубовта на двајца млади кои потекнуваат од семејства со различни религиозни и културни вредности и обичаи од една страна, и шокантното откритие кое според традиционалните лекари ги крши човековите права и професионалната етика - првиот човечки клон на д-р Албиери.

    Улоги: Giovanna Antonelli, Murilo Benício, Juca de Oliveira, Vera Fischer, Reginaldo Faria ...

    Мој омилен лик како и на повеќето ми беше секако Назира. :D Разбиваше монотонија кога ми беше мака од лигавењата на Латифа и Мухамед/Жаде и Лукас. :D

    [​IMG]
     
    На malerozna, E...V...I...L и Agrona им се допаѓа ова.
  2. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Предобра серија дефинитивно. Првиот бразилски (сериски) филм е тој што сум го гледала. И гледајќи го филмот така се заљубив и во Мароко и во Бразил поточно Рио. :inlove: Начив многу за културите преку серијата за муслиманската религија исто така. Преубава серија и секако глумците на место. Најомилен лик Назира како на tessie. :lol:
    [​IMG]
    Убаво како што си пиша, ја разбиваше монотонијата во серијата. Лигави Мухамед, Латифа и девојчето од Жаде и од Саид (не знам како се викаше).
    [​IMG]
    Костимите, облеката прекрасни исто така и шминката. А очите на Жаде преубави. :inlove:
    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Ја обожавав Назирче, само се жалеше како она за сите е слугинка, а нејзе не и` се насмевнува среќата (потпуно ја разбирав женичката :D ). Ми беше смешен моментот коа му фрли окце на чичко Али, а тој рече нешто као „Убава е и привлечна, ама...таа жена е како оган“, демек у стил таква не е да ја земеш дома. :rofl:

    Девојчето на Жаде и Саид се викаше Хатиџе, но едни ја преведуваа и Кадија (српски или хрватски не памтам точно на која тв ја имаше. Aма и збунувачки беше, Жаде се изговараше на 500 начини: жаде, жаде, жаџи, жаџе, или пак лукаш/лукајш и така :D). Опасно, кај го најдоа, толку мало а супер глумеше. :D

    Саид интересни узбуџење фацки праеше коа Жада наша му плешеше... :D

    И ќе го забораев чичко Абдул (мајка ми чичко абдал го викаше). За жал актерот од средината на јули веќе не е меѓу нас. (R.I.P).
     
    На hermosa и Agrona им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Клон - O Clone (A1)

    Како бе умрел, еден од омилените ми беше :( Уште еден што си отишол без да го запознаам :?:
    Теси, тоа за изговорот беше затоа што нели Арапи, Мароканци глумеа и за да го доловат акцентот имињата ги модифицираа. А името Хатиџа се толкува како Кадија во некои јазици, затоа.

    Ова ми е дефинитивно омилена серија од тој вид на серии, два пати ја имам гледано. Се беше погодено, од кастинг до костими, музика.. И навистина беше поучна, исламските традиции, погубното влијание на дрогата, нели беа вклучени и вистински зависници на сеанси како ги раскажуваат своите животни приказни, па конфликтот религија-наука, прво преку дискусиите Албиери-Али, па после со свештеникот Матиоли. Ми се допаѓаше тоа што серијата некако ги почитуваше различностите без да ги претопува една во друга. Оној што го направил тој мексиканскиот римејк треба да го уапсат :D
    Тие мексиканците па од 359495945 серии само една Руби им се погоди, другото досаден отров, римејк ќе праеле

    Инаку во приватен живот Џована Антонели (Жаде) и Мурило Бенисио (Лукас) беа заедно подолго време, сега замислете раскинале и Лукас оди со Мел (Дебора Фалабела), нели таа што ја глумеше ќерка му - наркоманката. Не сакам вакви работи да читам ама интересна информација.
     
    На hermosa и tessie им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    линк на португалски

    Како заборавив да искоментирам за музиката? Буквално комбинацијата беше work of magic.

    Омилена ми беше таа темата на Албиери. И текстот да те наежи колку го опишува самиот лик.

    http://www.youtube.com/watch?v=HvCdV0ckqVE

    Знам многу ја сакаа Ивет, мене на почеток ми стана одвратна заради тоа што се сплетка со Џого и после и покрај некои работи што ми се допаднаа кај неа, пак ми беше одвратна. За разлика од Назира која цело време си ја сакав и ја разбирав.

    А најмногу ја засакав тогаш кога и` дозволи на Жаде скришно од брат и` да се види со ќерка и`. Срце беше големо, само се правеше лошка сосила.

    Назира и Миро ми беа најсимпатичен пар. Заљубувањата и соновите на Назира ми се врв. :rofl:

    [​IMG]

    A за Мурило шо да речам...каква риба испуштил за онаа Мел...не знам....мада глумицава со кратка коса не ме воодушевуваше толку на изглед. Во серијата косата дефинитивно и` беше украс и прекрасно нашминканите очи.

    Со оваа серија, луѓево си го испромовираа и филмот и јазикот и музиката (благодарност до А1 што не ја синхронизираа, е тоа ќе беше џумбуш :D ). Oнаа мексиканскана, во споредба со оваа ми е вулгарност. Селски извештачени пластифицирани фаци ќе ги достигнат некад Giovanna, Murilo и Eliane Teresinha Giardini... сигурно. И Маиза, Латифа и сите беа појава до појава, не знаеш кој е поубав и повпечатлив, овие ко од селски панаѓур собрани. Па како пиштеа да си ги нагласат непостоечките глумечки способности, Бразилциве беа милина да ги гледаш и слушаш.
     
    На LilBaby, Agrona и Hipster им се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    А дона Жура? Мене дона Жура ми беше култен лик, до ден денес се смееме за нејзините крокети :rofl:
    [​IMG]
    Луда беше серијава, не знам кој ја нема гледано, знам пред некоја година ја даваа на Алсат М и сите си ја гледавме репризно.
    Не беше прва Бразилска серија, но беше една од подобрите. Од костимографија, до глума, па у убави глумци нашле, па и самата приказна беше интересна и не патетична.
    Назира беше луда, посебно ми беше смешна кога лажеше дека штрајкува со глад а скришно се прајадуваше :D
    Музиката и мене ми беше одлична, ама имаа врни пеачи земемо за серијава, Стинг, Дајдо и уште некој друг не ми текнува кој.
    https://www.youtube.com/watch?v=C3lWwBslWqg
    https://www.youtube.com/watch?v=l61cLp_dZHY
    Мене оваа ми беше омилена
    https://www.youtube.com/watch?v=S6YjzDuFp3Y

    Убава серија се на се, поднаучивме некој збор португалски, о бригадо, еу :lol:
     
    На LilBaby и tessie им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Дааа беее, дона Жура еве и` ја песМицата со наслов инспириран од нејзината позната узречица. :D
    И убава беше и она бе, буцка една цветнодезенисана :hug: .

    http://www.youtube.com/watch?v=HKxMuEiKlwc

    Jaка беше. :rofl:

    Саид беше згоден на лик, али карактер имаше нула. Му симнав капа тогаш кога на никого не кажа за Жаде дека била со некој, но кога видов дека веројатно го направи повеќе од себични побуди отколку ли од нешто друго, ми стана одвратен. Убаво рече чичко Али на крај кога кажуваше за Саид кој остана со оние двете жени-кавгаџики :lol: „Тој си заврши како што нему му одговара. Него го привлекува бурата, тој трча по неа“, според мене затоа и се вљуби во Жаде која воопшто не ни сакаше да се мажи. А најголем доказ за тоа беше кога по своја воља и знаење по 20 години ја седна Жаде на иста маса со Лукас. Самиот си ја бараше бељата.

    Чичко Али беше срце. Колку принципи лични и наложени од општеството во кое живеел прекршил за да си ја заштити внуката и семејството...

    Приметив дека во серијата, и покрај тоа што се прикажани два различни начина на живот, и кај едните и кај другите жените имаа доминантна улога, силен и иницијативен карактер, додека мажите беа попасивни и повеќе во сенка. ;) Не верувам дека на многу мажи кои се се`уште со оние примитивни сфаќања им се допадна серијава токму поради ова, што укажа дека жената со својата интелигенција и иницијативност може да промени многу работи дури и во општества во кои тоа изгледа невозможно.

    А сценава? Ја памтите? :devil: Мислеа ќе ја понижат, а само се посраа тенко. Им ја плесна вистината која би ги расплакала со насмевка на лице. :D Жена со големо Ж.

    http://www.youtube.com/watch?v=J0Yc3odjjWk
     
    На Someonespecial, Aryana и Hipster им се допаѓа ова.
  9. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    70
    Клон - O Clone (A1)

    Леле, прекрасна серија, ја обожавав а ова мексиканскиот римејк само ми ја уништи серијата ништо друго. Ако ви текнува тие направија римејк и на Касандра, само што се викаше Перегрина. Прекрасна серија, од костимографија и сценографија, музика па се до глумците. Инаку Латифа ми беше многу убава а немав некој омилен лик посебно. Зошто кај нас не се даваат вакви убави серии?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Серија за неколку нијанси поразлична од другите.
    И ве молам не ја заборавајте оваа песна. Омилена, и ден денес ја слушам

    http://www.youtube.com/watch?v=fboxcpcdwBI
     
    На Someonespecial, LilBaby, Aryana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Клон - O Clone (A1)

    Не бев и сеуште не сум некој љубител на сапуници, порано јужноамерички, а во денешно турските. Но ќе излажам ако кажам дека не сум гледала. Основоположник во Македонија и македонскиот етер, мислам дека беше Касандра на шпанските, А дефинитивно Жаде,(така си ја викавме ние серијата Клон) на бразилските.
    Прекрасна серија,костимографија и сценографија, прекрасна музика и приказна ( на моменти со некои научно фантастични елементи кои јас не ги обожавам), со паралели на верите, религиите, сфаќањата, личностите...
    Се сеќавам на џио Али со неговото седечко играње со едната рака ставена позади на главата. (Дури едно време и ни беше шема така да играме со другарките- пред 10 години :D ), а посебни зафрканции си правевме со фризурата на Саид. Кога некоја од нас неуспешно ќе се самоисфенираше, посебно на шишките, си викавме, како на Саид периката. :lol:
    И баш убаво ме потсетивте и на останатите ликови, НАзира со прекрасните очи си лице, многу убава жена ми беше и интересн лик, на МЕл, која ми беше млитава, хахаха и Доња Жура....
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Мене ми е премногу жал што во периодот кога ја емитуваа серијата бев премалечка и на повеќето сегменти се сеќавам како низ магла.
    Не се сеќавм што и како беше тоа со клонот, сите настани ми се измешани и ја паметам само онаа Ивет, а зошто ми останала во глава немам поима, ама мислам дека поради интересниот изговор и звучеше нешто како Ивеч. :D
    Жаде ми беше лепотица, поим за убава жена. Многу ме потсетуваше на Касандра по изглед, ама кога ја гледам сега каква била, можам да кажам дека ни малку не си личат и не знам која и каде ми била логиката.
    На мајка ми ѝ бев најнеомилена личност додека се емитуваа епизодите затоа што премногу прашував - а ова што значи, а тоа што е, а зошто, а како, а оти ... :D
    Пак би ја гледала, стопена сум за вакви олдскул серии. :wasntme:
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.276
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Mојата омилена серија беше токму Kлон.Oд приказна,мелодија ,глумци се ми се допаѓаше а и мексиканската верзија на филмот не беше лоша,поарна беше другава жаде ,поуверливо глумеше :D .Tолку многу ми беше жал за невозможната љубов на Lукас и жаде ,гревчиња но сепак останаа на крај заедно :clap: .Tаа серија никогаш нема да ја заборавам а Nазира ми беше најинтересен лик ,кутрата што не претрпе за снаите и браќата ги одгледа и нивните деца дури :rofl: .Tој чичко Aли многу беше поучен и доста мудро зборуваше,мерак ми беше да го слушам.Mаиза ме нервираше страшно ,бесрамна прво беше женска на брат му на Lукас,па за него се омажи |( .Sаид беше опседнат со жаде :x .Oбожавам ориентални песнички и си ги слушам често :) .
    Oваа ми е омилена
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... xu0eFyrMu8
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Mене Самира ми беше многу убава, едвај чекав да има сцени со неа :wasntme:
    [​IMG]

    Па и згоден дечко имаше, тој Зе Роберто што од преголема љубов смени вера за неа :lol:
    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Филмот беше мераци невидени :lol: го гледав со кеиф и со нетрпение го очекував,за да видам што ќе се деси,секоја епизода беа де заедно де не се гледаа со години,за на крај да бидат заедно и како се сретнаа во пустината но немаа по 20 туку по 40 год, е тогаш ми се наполни срцето...се прашувам каде би бил крајот и мене да ми се случеше истото,бидејки во тој период и јас доживеав една љубов како на Жаде и Лукас но не и со нивниот крај :( "MACTUB."....esta escrito!! ;)
     
    На tessie и hermosa им се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Клон - O Clone (A1)

    Јас едвај чекав да дојдат моментите меѓу Ивет и Леонид, заради песнава:

    http://www.youtube.com/watch?v=LqR-TGaGRE8

    *

    Ми беше интересна Зорајде и нејзиното гледање во шоља и познатото Мактуб, така било пишано. :D
    Мустафа како се препотуваше кога доња Жура со деколтето го канеше на рижото во ресторанот.
    Која појава беше мајката на Карла и нејзината опсесија да се омажи ќерка и за богаташ, и нејзиното популарно АЈ ЖЕНЧИ! :rofl:
    [​IMG]

    Најглупи сцени ми беа оние со Албиери, човечето на нерв ми газеше, заедно со внуката негова. :devil:

    [​IMG]

    Секогаш правевме компарација како Самира во однесувањето личеше на Жаде и нејзиното проевропско понашање, а Хатиџе и нејзиното МУЉТУ ОРУ (многу злато :D ) на Латифа.

    Назира кралицата и жртвувањето нејзино за да ги изгледа браќата, а притоа се запоставила себеси :rofl: и Миро, нејзиниот принц.
    Назира на мотор :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=43bLVJWQS3k

    И не знам дали се сеќавате, кога беа на карневал цела фамилија, не можеа Назира дома да ја донесат, се влечеа по пат, сакаше да остане уште. :rofl:

    Циркузи од серија, со задоволство пак би ја гледала.

    Хатиџе погледнете каква убавица станала, зубле мало какво беше во серијата. :D
    [​IMG]
     
    На hermosa и tessie им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Нели после испадна дека не му е внука на Албиери колку што памтам? Маж и` (бивши или каков и да беше) ја разоткри мислам...? Или на Една и` беше роднина? Тој дел ми е малку како во магла.

    Кој психопат еј, ми се ежи кожа кога ќе ми текне...
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Клон - O Clone (A1)

    Леле колку ја сакав серијата, дефинитивно беше нешто посебно. Повеќе теми беа обработени, од наука, религија, обичаи, до љубов и дрога, буквално секој агол од човештвото беше претставен.

    И многу интересни ликови, кој од кој поуникатен. Жаде и Лукас ми беа како мала најомилени, а во овој римејкот баш таа љубовна приказна ми беше највештачка. Смешни ми беа и Назира, таа ако ви текнува што нон-стоп на мажот му вртеше да виде каде е :D. Абе сите беа интересни, ретко кој да ми е бил досаден или одвратен. Можеби оваа психопатката горе, и мене Албиери ми беше малку досаден, некако мнгоу споро лагано збореше. И со децата ми беа интересни сцените, со оваа Самира, а Хатиџа малку лигава ми беше (каква станала :o)

    Легендарна си беше серијата, и преубава музика. Некои песни и ден денес ги слушам.

    Како оваа
    http://www.youtube.com/watch?v=DIEh8mq6R9I

    Стинг, Дајдо тоа е веќе класика. И на Ивет и оној беше убава песната. Абе сите беа убави и баш погодени за ликовите.

    Оваа на клонот беше мислам, многу се ежам на самите зборови и мелодија. Ах, времиња.
    http://www.youtube.com/watch?v=z1toYIJKPa0
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Клон - O Clone (A1)

    Теси, на Една беше внука, и нели и го зема мажот на Клариса, па полека почна да го цица, и купи кола и стан на нејзино име. Не се сеќавам како ја разоткрија. :?:

    *

    Две теми кои исто така ми се допаднаа:

    Срцекршачката :D :
    http://www.youtube.com/watch?v=Lap__k3aTTU

    http://www.youtube.com/watch?v=uYDD06wRUS0
     
    На Someonespecial и tessie им се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Клон - O Clone (A1)

    Оние арапските теми беа добри сите до една.

    .....................

    Да, да со Ескобар, мислам. И потоа ја разоткрија (eден маж ја прогањаше цело време), се спасија од неа и повторно си продолжи по старо (имаше сцена како влегува како секретарка кај еден друг демек со давање до знаење дека тој е следеча жртва). Тука многу повеќе го кривам Ескобар, а секој кој ќе најде полно виме и мирна крава, ќе молзе.
    Клариса беше за жалење, што се` не ја снајде во семејството...

    Можам со години да си дискутирам за серијава, беше one and only.

    Оваа сцена ми беше јака со Наза и Миро. Одлета Назица, се спаси од експлоататорите. :D A реакцијата на Латифа... :rofl:

    Музиката од Bir Gunah Gibi e совршена за нејзина тема.

    http://www.youtube.com/watch?v=CAsUUvZynO8

    Инаку еве видео како изгледаат денес (2013) актерите од Клон... и чичко Абдул додека беше жив.
    Приметив Алисиња и Албиери имаат исто презиме...ништо чудо навистина да се нешто род. :D
    A и дека Шанде е баеги остарен во споредба со другиве...

    http://www.youtube.com/watch?v=deMEFnYfLYY