Клон - O Clone (A1) И јас ја гледав серијата, интересна беше, друга култура, начин на живот, а исто така и дел од музиката ми се допадна.Од ликовите, Назира ми беше смешна, дедото на Жаде, чинам Али беше, се некои бисери на мудроста му текнуваа.Малку мислам дека претераа со љубовта на Жаде и Лукас, ако добро се сеќавам, така мислам се викаше ликот. Мислам дека нема човек што не ја гледал серијата, та дури кај нас тука, ехо имаше серијава, во однос на музиката, која се продаваше. Шпанската верзија не ми се допадна, бидејки многу неавтентична беше, додека во бразилската, премногу добро се реализирани ликовите, видливо беше дека не е тоа аматерски направено, туку професионално.
Клон - O Clone (A1) Растур серија еј, пак ќе седнам да ја гледам само нека ја вратат на тв! Јас пак уште тогаш гласав за Саид и не можев никако да ја поднесам приказната на Жаде и Лукас, премногу ми беа патетични и пред се претерано нерационални. Не можев да ја сфатам Жаде како не се прибра во умот после сите тие години и дете родено, многу ми беше збесната во поглед на Лукас, и ме нервираше што не му даваше шанса на Саид. Иначе пусти Саид, подобар станал со времето
^ Море си имаше уште тогаш потенцијал, само фризурата не му чинеше Ја коментиравме серијава пред некој ден со мачките, баш велевме дека би ја гледале повторно ако ја емитуваат. Добри песни имаше во серијата, доста научивме за мароканската па и за бразилската култура, преубава музика,феноменален танц, костимографија, сценографија... серииште! И мене ми беа смешни Жаде и Лукас, абе срце парање, абе трескање од земја, демек толку се заљуби и дете и се‘ живо заборави. Најсмешен момент: http://www.youtube.com/watch?v=9fHQZqhbY-w Абе така драматично и паѓа марамата Па потоа жениве ги фаќа паника што Лукас го видел голиот папок на Жаде Оваа песна ми е најубава. http://www.youtube.com/watch?v=S6YjzDuFp3Y
Не ја напаѓајте Љубовта на Жаде и Лукас и Саид не беше цвеќе некое сам си се казнуваше место да ја пушти Жаде да си оди,тој ја држеше на сила и како му викаа чиковците само сам си се казнуваше од некој инат Жаде да не биде со Лукас.Додека ваква љубов секако дека постои,ваква приказна забранета не може да ја разбере некој кој не ја доживеал
Баш убаво, се присетив на серијава. Двапати ја имам гледано цела, и дефинитивно оригиналот ништо не може да го замени. Убава музика, танцувањето, поинаква култура, квалитетни актери, стварно имаше што да се види. На дона Жура секогаш се присетувам кога дома правиме крокети а Назира понекогаш ја сакав, понекогаш не. Зависно од ситуација. Туку како беше, ја омажија ли на крај? Многу ме нервираше што Латифа беше поубава од Жаде, можеле да ги сменат, па главна улога е. Мада и ликот на Латифа помил ми беше. Ех, па колку беа актуелни Жаде- очи, мислам дека секоја втора како неа ставаше туш. Па тоа нараквиците ова-она, се продаваа како сега прстенот на Хурем на бит пазар И уште да прашам, знае ли некој како се вика актерот што го глуми Лукас/Лео? Сега го гледам и во "Најмила" и жими се да е до мене не знам што би му правела Слаткиш
Мурило Бенисио се вика актерот. Инаку на крај Назира сакаа да ја мажат, ама она си замина со Миро тренерот по фитнес и малку бајковито летаа на волшебен килим од среќа на крајот. Серијава е најдобра.
Мене Саид во цела таа приказна ми беше најмногу виновен. Убаво му рече Али „По 20 (или колку беа?) години мирен живот, што си ја бараш бељата да ги седнеш на иста маса?“ Тој беше зависен од неизвесност, ете имаа пар хармонични години со Жаде, но ете, не даде срце јуначко... очигледно не му беше интересно. Али, пак, прав чичко излезе. Толку принципиелен човек да прекрши толку нешта за да си ги заштити внуките, особено Жаде... Mислам дека нема гледање на сценава да не ме насмее. Still a better love story than Twilight работава. Тогаш кога ја гледав првпат, многу си сочувствував со несфатената Назирче и на сценава се испорадував, од столчето скокнав... дете. Некој погоре ја имаше постирано сцената првпат кога се возеа на мотор. Срцка колку беше испотресена и возбудена. На Латифа реакцијата пак, ај со среќа нели куртулив од тебе биди среќна Типична снаа.
Е да , нели секој е ковач на својата среќа а во случајов Саид беше ковач на својата несреќа , ете се ожени зеде жена што го сака и му роди син , место да ја пушти Жаде тој ја држи насила Инаку препофални зборови за чичко Али , кутриот толку се плашеше од Алах и горењето во пеколот , а колку ја штитеше Жаде и лажеше поради неа ииако тоа беше грев , тоа е љубов , на крајот и тој свати дека е немоќен и ја пушти Жаде , всушност гледаш колку е ироничен животот, зошто да бидат заедно по 20 и кусур години кога можеа стартно ? Кутра Латифа колку само си го добиваше од старата немажена золва , хихихихи ова и сега се случува некаде , читам на фемина како се жалат снаите од своите неомажени исфрустрирани золвишта , среќа што мојата снаа нема кај да се жали , ама далеку сум од Назирчето да си се пофалам
Pobre coração O dos apaixonados Que cruzam o deserto Em busca de um oásis em flor..........koj si znae, si znae
Рамице! Какви тоа зборови читам за мојата Назира? Срце ми беше, омилен лик, заедно со Али. Уште пар да беа... ќе беше интересно во куќата. И таа како Жаде, за сопствената среќа се бореше преку борба за ослободување од некои стеги. Ама длабоко во себе, душа беше. Ти текнува кога и` помогна на Жаде скришно ќерка и` да си ја види (кога беа разведени од Саид)? Сеа тежок табиет дека беше, беше. Aх бе Соер и тебе те мачи нивната мака а? Од мене, да си бидете среќни без никакви стеги ... по можност да чекате помалку од 20 години...
Леле темава Лудница сте Кај ви дотекнува нешто што сте го гледале пред 100 години И јас ја гледав серијата и ја обожавав освен тој стариот што го направи клонот, бидејќи многу се лигавеше. Не ми текнува како се викаше. А имаше и еден екстремно убав маж. И неговото име не сум го запаметила ама беше црн и висок и беше газда на дискотека. На З му почнуваше името. Ако најдете слики ставете ги да го погледам малку
Хихихи е добро де малку претеруваше и таа затоа реков , знам дека имаше сепак меко срце , ама знаеш колку беше досадна по цел ден дома на снаите им префрлаше се и сешто , ги вртеше браќата против снаите , за Жаде во право беше ама кутра Латифа која домакинка беше , не требаше да ја става во исти кош со Жаде. Е браво бе Теси ова последното ти вредеше ...
@anina Зеин, т.е. во вистински живот, Luciano Szafir? Повелеле. Инаку уште во времето на серијава читав дека имал отворено банка за сперма, во којашто тој доста донирал.
Аиии овој е најубавиот шпански филм. Само треба да измислат уште некоја сезона, или нека го пуштат повторно на ТВ, синхронизирано. И Жаде многу убаво танцуваше, тогаш и јас се затрескав да научам (а не дека сега несакам ама неможам)
Го имаш на нет со српски превод , ако чекаш од нашите ќе дочекаш инаку и јас во тоа време се учев да играм стомачен танц , и да не се урочам научив дека сум имала некои скриени умешности во себе
Ја ништо не памтам...ама би сакала да ја даваат пак серијата... Немаше ден, а да не ја гледам...сите насобрани и ајмоо Жаде да гледамо