Јас памтам Ја гледав 3 пати серијата, еднап прв пат коа ја даваа, после втор пат после години, години на Алсат ја даваа ноќе, прво со албански, па македонски превод и еднаш пред некоја година, али тоа беше потполно истава серија, само шпанска верзија со дејствија во Мароко и Мајами и други глумци
@anina Jaс па којзнае колку пати, преку репризи, преку клипови, затоа сум вака наоружана со аргументи, чиниш дисертација спремам.
Јас златен португалски научив перфектно, не знам колку пати ја имам гледано. И пак би ја гледала на јутјуб да имам време. Таа мексиканско-американската верзија беше нула, не вреди струја да ти троши тел. за неа. Не ја спомнувајте тука, богохулие, се нервирам вака.
Оваа португалската верзија е најдобра,легендарна серија,2 пати целосно ми е изгледана Како мала се токмев за стомачен танц,ама дебело дете си бев,не одеше работата Па оние прстените споени со алка,умирав таков да си купам,а многу и имаа. Она видеото со Жаде и Саид милион пати ми е гледано.
Убава серија, навистина. Кога ја даваа на А1 не ја гледав редовно,потоа на Алсат кога ја даваа кога имав време, кога не. И така читајќи ја темава ми текна да ја побарам за да ја изгледам како што треба. Исто на линкот погоре даден ја гледам, а си најдов и други серии за гледање после оваа
^ Кога ќе ми текне како се китев на времето со алки низ цела рака и како "кршев колкови" во школо како резултат на серијава. И плус како навиена повторував "и ша ла" имитирајќи ја ќерка и на Жаде Ама ако ја има пак, дефинитивно ќе ме најде пак пред тв. Вреди за секое време потрошено на неа.
Женски ај потсетете ме како заврши серијава што се деси на крај... Преубава серија беше,раскошна,со многу убави глумци ама не ми текнува за жива глава како заврши дали Жаде и Лукас останаа заедно?
Ете јас ќе ти одговорам , на крајот останаа заедно , ќерка му на Лукас се излечи од дрогата , си продолжи со животот , бившата жена на Лукас Маиза и таа си најде сродна душа на плажата , Саид и даде развод на Жаде , и многу беше убаво кога Жаде и Лукас се сретнаа трчајки еден кон друг во пустината , трчаа насмеани , се гушнаа и тоа беше , тука беше и крајот на серијата
Најубавата португалска серија на сите времиња, дефинитивно се издвојува од сите други.. Преубава содржина испреплетена со неколку приказни кои го опфаќаат модерното време, забранета љубов, проблематична младина, закоравени размислувања обичаи и традиции, предрасуди, најголемото табу на овој свет - клонирањето и се друго заедно навистина ја направи оваа серија да биде нешто кое ниту една друга нема да може да го приложи на еден гледач. Заносните пејсажи на Мароко и Рио оставаат без здив, јас ја обожавам таа арапска култура и тој свет особено ме фасцинира.. Се сеќавам уште како малечка сонував еден ден да го посетам Фес (и се надевам еден ден ќе остварам мојот сон).. Она што морам да го пофалам е одличниот избор на актерки, која од која поубава.. Жаде навистина воодушевуваше со својот изглед и танц, колку од нас научивме да се „кршиме“ само поради неа Исто така музиката најмногу воодушевуваше, засекогаш ми остава во меморијата најавната песна.. ептен моќна! Се на се прекрасна серија, не ни паметам колку пати сум ја изгледала.. Секогаш кога ќе ја откупеше некоја телевизија и ја даваше одново ја гледав, никогаш не ми здосади па така да почнав неодамна повторно да ја гледам.. Моментално сум до 122 епизода, имам уште многу за гледање знам И крајот особено ми се допадна што беше среќен, главната порака дека љубовта не познава граници и секогаш победува!
Супер филмче- сега кога ја видов темава се подсетив на него, пошто ја обожавам нивната музика, танците и филмот ми беше омилен, ххх ми текнаа ко помала цело семејство се шетавме на плоштад и од оние луѓе цедиња што продаваат имаше цд со музиката од филмов околу 10-ина песни, едвај го убедив тато да ми го купи, лелеее пресреќна бев кога ми го купи и дома кога дојдов одма го пуштив без да знаам која песна ќе почне и го пуштив на најгласно и почна од оваа песна - www.youtube.com/watch?v=QUQLQBy_Xjc наеднаш кога викна од памет ме извади хахахаа, по цели денови го пуштав и играв убави спомени имам од овој филм пак би го гледала дефинитивно.
продолжение.... Спојлер (се извинувам за пост врз пост но не ни го собираше сите слики во едно) Познати парови од серијата денес Вера Фишер и Пери Салес (Ивет и Мустафа) Дебора Фалабела и Мурило Беницио (Мел и Лукас)