1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Клуб на читатели

Дискусија во 'Канта' започната од trendafil1, 18 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Дај те бе луѓе кажете каде има или дали има во општо вакво нешто, проза, поезија, раскази.. на ова мислам како што се учи странски јазик да се има место и да си го ослободиме и умот доста само го оптеретуваме па дај кажете ми ако знаете некој ваков курс.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.097
    Допаѓања:
    56.327
    Пол:
    Женски
    курс по литература?

    Не е курс, но речиси во секој град има клубови на читатели, распрашај се и пријави се.
    Прашај во градска библиотека, би требало да те упатат, а обично и во библиотеките се одржуваат средби.
    Се читаат различни дела па се разговара за нив, или има средби со македонски писатели и поети, интересно е.

    На интернет го најдов само ова како информација http://www.brkajrabota.mk/showtime/knig ... i-pisateli, па можеш да прашаш во кафе барот дали уште се организираат средби.
     
  3. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    курс по литература?

    Фала. Инаку најдов, ама пишува дека пијавувањето е до 10 октомври, напишав на мејлот дали ќе може па сега чекам да ми дадат одговор
     
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Кај нас тешко се држи во живост клуб на читатели зашто вообичаено луѓето кои сакаат да се пофалат дека читаат книги и одат да ги дискутираат со други луѓе се самобендисани хипстери кои мислат дека прочитаната книга од некој друг, а не од него, не е доволно вредна. Знам, бидејќи сам сум се фатил многу пати како го чувствувам токму тоа. :sweat:

    Затоа најдобри се интерни клупчиња, кои може да се организираат токму тука, ping AnaKarenina која ме натера да ја побарам темава.

    Договорете се која книга ќе ја читате сите заедно, потоа ќе ја дискутираме сите тука. Може и да се соберете во живо, но така лишувате членови од други градови, :x иако знам со сигурност дека токму помалите градови кај нас имаат поголема активност по ова прашање, веројатно не се отуѓени толку колку што се скопјаните.

    :hai:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    literatura-i-umetnost/feminski-klub-na-citatelki-nevini-harlan-koben-t16709/
    Еве го мојот неуспешен обид за вакво нешто.
    Многу сакам да бидам дел од вакво нешто во реалноста, ама некако тешко се организира. Кој не можел денес, кој не можел утре, па не таа книга, па не оваа книга и на крајот ништо не се прави.
     
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    59.713
    Секако дека е поинтересно во живо да се средбите, но бидејќи јас не сум во МК, предлагам да направиме онлајн клуб на форумов. :) Може да предложиме повеќе опции, во зависност од тоа каква литература не интересира индивидуално, па да направиме некој НЗС тргнувајќи од ова. Во зависност од тоа колкав е обемот на книгата, може да се даде и рок на читање, односно временски период кога ќе се дискутира таа книга, па откако дискусијата ќе биде завршена, да преминеме на нови предлози.

    Многу се израдував на темава! Би била ептен среќна доколку има заинтересирани за вакво нешто на форумов. :)

    edit: Rainbow само што видов дека си отворила таква тема, со истите предлози кои што погоре ги напишав. Сега ќе прочитам што сте пишувале.
     
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    И јас многу сакам да посетувам вакви средби. Не би ги нарекла курс...ако се мисли на курс, не сме на иста бранова должина. Јас замислувам онака средба во библиотека, со книга по случаен избор и секогаш фиксен термин, еднаш во месецот (токму од причините кои ги наведе RainBow, да нема лутиш :) ) и потоа членовите да си ја издискутираат...нешто како книгите што сме ги обработувале во средно на часовите. И дефинитивно во живо, вака куцање онлине некако ми ја убива дискусијата и не може да се развие убава дебата.
    Ако знаете за некакво вакво `друштво на читатели` во Скопје, ве молам да ме известете.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.