1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книгата и младината

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од aNy-to, 22 септември 2010.

  1. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Често се прашувам колку денес младите читаат и дали воопшто читаат?
    Дали младите покажуваат волја и интерес да прочитаат книга или тоа го прават само кога треба,за во училиште.
    Денес бев револтирана од една случка.Една роднина дојде од мене да бара тетратка во која сум ги прераскажувала лектирите од средно училиште.Ми кажа дека син и неможел да најде лектирата да ја прочита,па потоа демек ја нашол но била голема и неможел да стигне да ја прочита....и ред други причини.Јас многу се изнервирав и неможев да претраам,и кажав се што мислев во врска со тоа.Како прво и кажав како може детото да и седе постојано на интернет,или да гледа шпански серии а неможе да најде време да си ја прочита книгата.Можеби погрешив,но не се каам што не и ја дадов тетратката иако ја чував.Се чекаат на готово,никој со ништо несака да се замара.Се сеќавам јас уште преку летото ги читав лектирите и делата.Па се обработуваат добри книги кои се класика како што се Злосторсво и казна,Чичко Горио,Клетници....и други.
    Кое вашето расмислување за оваа тема,до каде вака и каква иднина ќе не очекува....дали уште толку ќе се изгуби вистинската вредностна литературата,уметноста,културата и други работи...

    П.С. Се мислев каде да ја сместам темата,ако не е во соодветна категорија нека биде преместена.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Денес младите не сакаат да читаат, ниту се интересираат за книги. Од проста причина што тоа не е доволно cool за нивниот имиџ. |(
    Не го прават ниту во слободното време, чисто заради љубов кон книгата, а уште помалку кога им е потребна за на училиште.
    Жално е како читањето книги денеска е вредност која е сосема потценета, иссмејувана, или се користи лицемерно - луѓе кои се преправаат дека читаат и глумат квази - интелектуалци, кога ја прескокнале Зоки-Поки и Касни порасни.

    Без навреда, да не се разбереме погрешно, и јас некогаш ги поземам Шопингохоличарка и Шминкерка и Загубениот симбол. Ама реално, тие лимонатки не можам да ги наречам книги, вистинска литература, уметност.

    Од друга страна, би било дури и пожелно донекаде, да ги читкаат, макар и тие. Ама дури и за несложените книги, се мрзливи.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.521
    Пол:
    Женски
    Некако овие два збора не ми одат во иста реченица. Младината и книгата?! Не знам кога последен пат сум слушнала некој да продискутира што последно прочитал, освен некое списание.
    Се сменија вредностите. Ако почнеш да збориш што си прочитал, а не со кој си се смувал вчера, те гледаат како некое кретенче.
    Жално, ама тоа е.
     
    На glosipgirl, CoverGirl10, Ragazzina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Леле реинбоу потполно се согласувам со тебе..
    жално е.. жално е што и јас бев таква до пред некоја година..едноставно неможев да седнам со книга у раце..ке пукнев..али фала му на Бога,последниве години, ми се чита,онака си читам баш..нема поубаво нешто од книгата,колку само го крева културното ниво, прави да размислуваш повеке,ти ја богати фантазијата...само позитивни работи...
    стварно катастрофа што денес младиве главна тема им е кој кого смувал,кај искочиле...не велам не за ова..ипак млади сме..сеа тоа е фора..али САМО тоа?? и ако некој спомне книга те гледаат баш ко 'ти нормален/на си?'
    Работиме лектири у школо периодов..и прашувам ја низ деца..ја имаш таа и таа книга, ја имаш прочитано и еден одговата,
    пфффф каккоо не бее ја книга не сум читал од 3то одд. последна ми беше зоки поки....и се смее..
    и сеа ја да не испаднам као против него или uncool почнав и ја да се смешкам као 'одобрувачи' а у ствари у себе си викам...божее....срамота...
    тоа е...
    браво за децата/тинејџерите и сите останати кои читаат.нема поубаво нешто од тоа!
    позз =)
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Младината предпоставувам дека се однесува на личности до 20 год. Според мене тоа е многу индивидуална работа конкретно за мене се додека бев на факултет поради полагањата и и стручната литература немав доволно време за слободна литература слободна читав само преку летот но сепак надокнадував :) Сега откако завршив многу повеке читам и овој период поинтезивно бидејки сега се запишав на посдипломски и кога ке ми почнат предавањата ке немам време. мој совт до младите генерации ЧИТАЈТЕ ВРЕДИ :)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.574
    Пол:
    Женски
    Се помалку и помалку се чита. Не е оправдание ако кажат дека книгата не ја нашле во библиотека, па многу книги има на интернет. Кога цел ден може да зјапа во компјутер за глупости нека прочита книга. Затоа и речникот им е се послаб на помладиве генерации. Кога бев средно лектирите ги читавме едвај 5мина од 40. Како ќе им се нашла таа книга во животот. Никогаш не е на одмет да се прочита што повеќе. Затоа сум против раскажување на книга во тетратка, се препишува. Сестра мие помала 2 год. и нејзините другарки го бараа прирачникот од матура за да не ја читаат книгата, само кратка содрзина. Имам внук 5то одд. нема прочитано ниту една книга. Се радувам кога во автобус ќе видам некое дете како чита.
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Интересно е што се почесто се сретнувам со млади луѓе кои сакаат да читаат и читаат. И притоа не се срамат за да испаднат не cool пред другите.
    Можеби не сум во право, ама мислам дека меѓу младите пак е вратена актуелноста на книгата, дали заради тоа што nerd стајлингот е во мода, или е нешто друго , стварно незнам. Ама ете, се почесто запаѓам во муабети кој која книга ја прочитал, па добивам некоја препорака... МОжеби е до моето опкружување, ама мојот впечаток е ваков!
    Малку е чудно, со оглед на медумското влијание, и зависноста на интернет што до некаде и ги надмина границите, ама мислам дека процентот на љубители на убавиот збор е доста голем.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Денешните тинејџери се супер напредни (секоја чест за ретките исклучоци),што ве гледам чудни бре феминки едни низаедни Вие ќе кажувате они не читале.Ами учени се раѓаат они.

    Ако не знаат да сврзат два реда квалитетен муабет,ако најголемо достигнување им е испушениот џоинт,најдлабоко размислување што го дале било за ланскиот снег,најпоучно дело што го прочитале бил некој жолт печат,сепак за нивните родители се најпаметни,најснаодливи,најнајнај.....

    Жалосно е што читањето книга им е само уште една од многуте обавези од глупоно училиште поради кое не можат да имаат свое слободно време...ццццц...пак ќе речам секоја чест за исклучоците!
     
  9. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Јасно и гласно - скоро никој не чита книги. Од моја генерација дали има 3-4 деца што ги познавам што читаат книги со задоволство. Другите се у фазон „Хах, книги - прекул сум за тоа“. Најтрагично е што кога ќе почнеш да зборуваш за некоја книга, или ти вртат друга тема или те гледаат со потсмев и те нарекуваат бубалица или не знам веќе што. За летниот распуст прочитав 14 книги на англиски јазик и ако спомнев нешто за тоа, сите ми викаа дека не сум била нормална и кај ми бил паметот. :?

    Сведок сум и на нечитањето на лектири - дали 5 деца од моето одделение со 23 ученици ја имаа прочитано последната лектира. Баш моите најдобри другарки се едни од тие што не читаат и секогаш кога имаме лектира, доаѓаат да препишат од моите работни.

    Навистина е катастрофално колку се потценува вредноста на книгата. Не за џабе уште од прво одделение не учеа дека книгата е најголемо богатство, ама на кого да му кажуваш. |(
     
  10. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    јас читам книги, и оние што ми се и што не ми се за лектира .. зашто имам поголем брат понекогаш му ги прочитувам и неговите лектири .. книгите се за да си збогатуваш речникот, да знаеш да се изразиш пред некој, а не само да ќутиш од страна и да гледаш..можеби си "кул" , ама никако не му се фаќаш ни на малото прсте на оној кој што чита книги..можеби материјално си богат, ама џабе ти е кога во речникот ти сиромав..ќе седнеш со некој и нема да знаеш што да му кажеш, каков муабет да си направите..
     
  11. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Моја генерација девојчињата многу читаат. Се плашат ако некоја прочита повеке од некоја дека ке ја надитри.. :lol:
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    За жал во мојата генерација ретко кој чита, се губи углед, нели. :)
    Ретки се таквите што ги читаат и лектирите, а камоли дополнителна литература.
    Јас обожавам да читам. Бидејќи и многу рано научив (на пет години :) ) некаде во трето одделение почнав да ги читам Браќата Грим. Помнам дека нивните раскази ги читав и за добро утро и за лека ноќ, по неколку пати. :D Пред се` од секоја книга можеш да извлечеш наравоучение, барем од тоа што до сега јас го имам прочитано сум извлекла голема поука. Не кријам дека сакам да читам. Не се грижам многу за мислењата на другите и сакам да си го збогатам речникот, воедно и мразам кога дваесет годишна девојка не може да направи СЛОЖЕНА РЕЧЕНИЦА и има пречки додека говори. Многу ми е поубаво да прочитам неколку страни и да се релаксирам, отколку да гледам некоја шпанска сапуница.
    Жално и трагично е тоа што младите се „фраери“ ако не читаат, но се` ќе си има одраз за некоја година. ;)
    По некоја моја проценка, мислам дека големо влијание имаат родителите за оваа работа. Нели, децата најчесто земаат пример и од нив, па доколку родителите се љубители на пишаниот збор такви се и нивните деца. :) Во мојот случај, мама чита доста, а тато поретко, но брат ми редовно се дружи со книгата. Често позајмувам некоја книга од неговата полица. :)
     
    На aNy-to му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Слика за тоа колку "многу" сакаат да читаат нашите генерации е рекламата која оди на мтв последниве месеци (на час по македонски се обработува Одисеја), навистина се бараат секакви изговори, се гледаат филмови (кои најчесто немаат блага веза со содржината во книгите), лектирите се препишуваат од Википедија или од бројните форуми, за дополнителна литература ич да не правам муабет..жално.
     
  14. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    не читав додека не почнав во средно образование
    одтогаш не пропуштам да не прочитам книга за обработка или лектира
    и почнав да зземам и бестселери
    што малку им звучеше чудно на поблиските
    некои ми се смееја
    што мене страшно ме зачуди
    а една другарка дури и ми рече дека последно прочитана книга и е зоки поки

    и секако дека некои од младите луче не се во добри односи со книгите
    но ме радува кога ќе видам млади луче влегувајќи во книжарница или библиотека
    секако дека има и љубители на книгата
     
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    За жал такви кои ја ценат книгата се се помалку. Јас лично освен лектирата знам понекогаш да си прочитам некоја добра за моја возраст книга.
     
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Освен компјутер и седење пред огледало ништо друго не знаат, па дури и ги зафркаваат и им се смеат на тие малкуте што читаат. Лектирите ги читаат од што мораат (секоја чест на исклучоци). Јас до некаде и родителите ги окривувам, а зошто? Моите дома сите читаат и ми биле пример, мајка ми уште од мала ми го наметна тоа на некој начин, а денешнава младина бега од книга како ѓавол од крст :worried:
     
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Имам 16 години и многу сакам да читам, ако тоа не е ме прави кул, океј не сум кул.

    Многу ретко, али се наоѓаат и такви. Мило ми е што се почесто се дружам со дечки кои читаат и со кои комуницирам за книгите.
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Со моите 17 години можам да кажам дека дури претерувам со читање..опседната сум со тоа...во една недела по 2 книги без разлика дали ми се за на училиште или онака,што ги земам од библиотеката...Мајка ми дури често пати ме кара поради тоа што кога седнам знам и по 4-5 часа да читам...Но сепак се гордеам со тоа,што читам и не мислам дека ние што читаме сме некој фрикови или дека не знаеме да се забавуваме.Туку едноставно јас се забавувам и со читање на книги,не мора да излезам во дискотека за да се забавувам добро...и книгата и пишаниот збор умее да го расположи човекот.А верувам дека пишаниот збор,книгите ке ми бидат повеќе корисни во животот од колку гласните,бучни дискотеки...Едноставно ми е жал за моите врсници кои не читаат книги и сакаат да се подсмеваат со тоа што читам ...ги сожалувам што не умеат да уживаат во пишаните мисли..
     
  19. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не можете да кажете дека ние младите не одиме во иста реченица со книгите, само дремеме на компјутер итн. Точно, има голема маса на млади кои освен Зоки Поки, друго и да не прочитале, но не не ставајте сите во ист кош. Јас читам, и како што видов читаат и други феминки кои се отприлика мои годиште.
     
    На GarpovaV, Wild.Child и starfish им се допаѓа ова.
  20. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Јас мислам дека во денешно време поголемиот дел од младите не читаат, повеќе им се седи на интернет и на фејсбук отколку да читаат книги :D