Колку што сватив овде станува збор за лектира. Лектирите во школо обожавам да ги читам и сама да ги обработувам, но да бидам искрена, понекогаш некоја ми е толку досадна, што ја оставам до пола и наоѓам или на интернет или од некој што ја има раскажано. Тоа е вистината, не само за мене, но и за другите на моја возраст. Е сега, познавам толку многу девојчиња кои книгата ја обожаваат. Одат на саеми, позајмуваат, но книги битно се читаат. Тие што во животот не прочитале ниту една.. што да ги правам. Нивно нека си е. Голем проблем се тие поединци кои на тие што всушност читаат им се подсмеваат. Незнам за која книга беше збор, кажав дека ја прочитав и другарка ми ми вели: Ти си луда. Само и одговорив: Не, само сум паметна. Ама другите паѓаат на тие провокации и влијанија и дури ако не сакаат, ја оставаат книгата само за да бидат cool .
О, да! Младината чита. Можеби не читаат сите, но има личности кои многу сакаат книги. Се си мислам дека моите врсници/врснички поради тоа што не им се свиѓаат лектирите не земаат книга в рака. Јас последнава година - година и некој месец, можеби две, со парите што ги собирам од родендени, поклони, роднини и пријатели, си купувам книги. Имам околу педесетина. Најскапата моја книга чини 1290 денари (Хари Потер 6) И да не заборавам... На почетокот ми се смееја кога ќе ме видеа нашколо со книга, ама сега и пријателкиве и соученициве мене ме бараат кога им се чита нешто зошто знаат кој има „библиотека“ дома
Од таа причина дека се многу кул за да читаат книги,и нели "немаат време" (од фејсбук и мерење на улици),речникот на денешнава младина е толку прост и вулгарен дури ни најобична реченица не знаат да состават.А за неписменоста и (не)правописот и да не збориме.Ми е жал само за скриениве таленти,ако има такви воопшто,што не се пронашле и не се ни обидуваат.Пишувањето и читањето духовно воздигнува!
Не знаат да склопат реченица? Извини, но не сме ретардирани. Кога не си сигурна и не знаеш каква е младината, не мораш да се обратиш на сите. Јас познавам луѓе, кои се дупло постари од мене па не читаат и киснат на facebook. Тоа што повеќемина не читаат книги е можеби и од самото воспитување на родителите, оние поискусните, старите и начитани генерации. Патем, после точка и запирка се остава место.
браво за последната реченица Веќе ми е мака од другите и за другите. Секој нека си прави со својот живот што сака. Јас сакам да читам, сакам да пишувам и ја сакам духовноста во мене и се обидувам да ја најдам кај другите. Оној што никогаш не прочитал книга е многу сиромашен.
Sephora не се напнувај,па не те именува тебе. Факт е дека интернетот им е на многу замена за старата добра книга или па улицата. Втора работа, не значи дека ако родителите ти се начитани и врвни интелектуалци, па тебе веднаш ќе те воспитаат правилно и ќе ти ја пренесат љубовта кон книгата. Во врска со прашањето на темава: Додека јас растев со "Касни порасни", "Силјан штркот", "Кој ја скрши вазната","Зоки-Поки" и уште многу,многу интересни детски книги што ни беа за лектира, денешните млади растат со фарма на фејсбук и таквите игри слични на нив и со Полат Алемдар. Од мали ако не стекнат навика за читање,покасно тешко да ја имаат. А, со книгата сите се сложуваме дека и речникот се збогатува многу повеќе отколку читање црна хроника во Шпиц. Ме нервира што тука комшивчево мое, уште од второ одделение ми идаше на врата да ми ги бара прераскажани лектирите. Лектири од максимум 70 страни. Состави за како си го поминав зимскиот распуст. Па уште кога ќе ги видам такви мали, со толкава употреба на вулгарност во нивниот и онака прост речник, се прашувам до каде отиде светов. thumbs up за чесните исклучоци.
Мене ме напнува фактот што до сега сум наишла на повеќе коментари од типот вас младите за ништо не ве бидува, еее во наше време како беше и сл. Преку глава ми е од тоа сите да сме во ист кош пикнати, затоа што навистина има мои врсници кои многу читаат и имаат висок стил на изразување за оваа возраст. Секако, како и во претходните генерации и во новиве има безделници на кои зборот книга не им е во оскудниот речник, тоа воопшто не го оспорувам. Не сум спомената јас лично, да, но мене ме навредува тоа да сме сите споменати заедно.
Не можеш да се издвоиш од генерализации, секогаш во животот е така. Нормално дека има исклучоци, сигурно некој што те знае нема да те стави во ист кош Не си земај при срце толку, не се знаеме тука и нормални се генерализациите, ама секогаш се вика со чест на исклучоци
Да пишуваше секоја чест на исклучоците во ред, ќе прифатев. Но простиот и вулгарен речник, како и тоа дека сме неписмени ме вади од такт. Навистина навредува. Ми е жал само за скриениве таленти,ако има такви воопшто овој дел, особено.
Како и секогаш кога се спомнува младината - секогаш најлоши и најгруби зборови: Е, види ги нив, на Фејсбук се по цел ден, книга не фаќаат, оценките на училиште им се слаби, воопшто не читаат, се шминкаат, имаат дечковци, пијат, пушат .. И мислите дека мене ова не ме навредува ? Разбирам дека се зборува општо за младината, ама преку глава ми е секој ден некој да ми труби дека младината е ваква и онаква Јас лично нити имам Фејсбук, книга фаќам - што доведува дека имам добри оценки (и баш ми е гајле ако некој сега ја прави фацката - ау види ја батерфлај, ја искористува можноста да се пофали), читам (нема да кажувам дека не ја дигам главата од книгата, дека ми се смее мојата генерација и други жалопојки) не се шминкам, немам дечко, не пијам, не пушам .. И ај сега за изрод нека ме прогласат. Ај да не забегувам од темата. Јас читам. Имам 13 години и сакам да читам. Не трубам на сите дека уживам во книгите и дека се разликувам и одделувам од мојата генерација од проста причина што не чувствувам потреба на некого да му се допаднам со тоа колку книги и какви книги сум прочитала. Си читам за мене - го правам тоа што го сакам. А за останатите дечурлии како мене, уво ме заболе. Тоа што нивните родители дозволуваат децата да бидат затупавени од Интернетот - не е мој проблем. И ќе ве замолам, следниот пат кога ќе се збори за младината, да не се нагласува ''секоја чест за исклучоците ако воопшто ги има'' . Благодарам
Значи мојот пост по незнам кој пат пак не е убаво разбран.Се извинувам јас,а сега да појаснам.. Значи ВО ПРИНЦИП малку се оние млади како вас,кои читаат книги и навистина се интелигентни.Но јас така морав да се изразам заради повеќето (а знаеме сите дека се многу повеќе) деца кои и не им се оди на училиште а камоли да седнат дома и да читаат литература.А во оние деца има и скриени таленти кои треба да се пронајдат,а за тоа треба да почнат да бидат како вас,паметни и културни нели.Ете не ми беше финтата да ве испофалам,но бидејќи останавте навредени појаснав на друг начин што сакав да кажам погоре.А ако некој се пронајде во оние многуте деца кои се неписмени и некултурни,со ниска интелигенција (заради нечитањето) јас пак се извинувам,и се надевам ќе допре до нив сето ова
Погрешно сме се разбрале Јас зборував за сите коментари од темата против (дозволете вака да се изразам) младината. Секако, не сакам да помислите дека сум изреволтирана од ваша страна. Мене ми се мачи и од оние околу мене кои мораат секогаш да раскажуваат за нивното детство во споредба со моето, сето она што го имаме ние помладите а што тие немале. Напротив, ве разбирам. Сигурно ви е смачено од сите ваши познаници (комшии, братучеди) кои немаат домашна култура, или никаква култура Верувајте - и мене ми е
Во младината е иднината. Вредностите на животот од генерација на генерација се менуваат и стануваат се' помизерни. Така да нормална е споредбата "мое време-твое време" И нема љутиш тука. Сите сме искритикувани,а секој што се смета за исклучок воопшто не би требало ни да се навреди, туку да го прифати тоа како сосема нормална споредба што и тој би ја правел кон идните генерации. Фалачаопријатно
Јас ги читам книгите кои ни се за во училиште ,но секако понекогаш издвојувам време и за да прочитам книга која ме привлекува ,која е во моите интереси .Го напишав ова како знак дека не секој од денешнава малдина не ги сака книгите и порано постоеле такви и сега постојат по тоа се издвојува светот
Не ми е јасно, што е тешко да седнеш и да земеш книга во раце. Па не му правиш на никој ништо, туку сам на себе си помагаш. Ако на некој му е мотивација, еве, книгата е како филм што не ти го дава одговорот. Те тера да размислиш, да го разбудиш мозокот малку. Па има и други книги освен лектири, верувајте. Книги кои ќе ве насмеат, па дури и променат.
Ех па зар јас сум исклучок од младинава? Јас пак(искрено) не можам да замислам ден, без да прочитам макар и 10 страни. Ете некако навика ми е или пак опсесија Носам книги и во училиште, па кога нема што да се прави, отварам книга под клупа и тотално се задлабочувам во неа.Чудна сум за моите врсници, па и‘ често слушам прашања од типот: - Како можеш да читаш книга? А јас не можам да се замарам со глупости Па прво можеш да процениш човек од речникот кој го користи, или е паметен и мудар(тогаш е сигурно начитан) и можеш нешто да научиш од тој тип на човек или веќе другата група ја знаеме, каде одбегнувам да комуницирам со такви луѓе(without prejudices). Наместо да безделничам цел ден, да седам на фејсбук, ке прочитам некоја книга. Луѓето не читаат книги затоа денес е помасовно населението со ограничено знаење и плитко размислување. Читам се' што ке ми дојде при рака, ама после некоја тешка книга, како психолошките обично ме одмараат лимонатките. Подари книга, подари богатство.
Читам книгата и младината не оделе во иста реченица?? Грешка сте драги мои феминки. Прво, младината е доста широк поим. Вие во ист кош ги ставивте децата и тинејџерите од 12 до 20 години. А во нив има и дрогираши и интелектуалци. А ако младината и книгата не одат во иста реченица тогаш не знам во која категорија сме ние кои читаме книги?! Секогаш кога имам слободно време читам книги. Нема да се фалам дека дома имам не знам колкава библиотека, туку искрено ќе си кажам дека се што сум прочитала било позајмено. Нема една лектира која не сум ја прочитала, а од пред некоја година почнав да читам и друга литература. Значи читам секакви книги, важно е кратката содржина да ме привлече. Еве моментално читам две книги паралелно: едната ми е лектира, а другата си ја читам онака, за лична сатисфакција. Јас, за разлика од повеќето од вас, многу добро ги сфаќам младите кои не сакаат да читаат. Па има луѓе кои не сакаат да ги прошируваат знаењата и видиците, кои не сакаат да го збогатат речникот и на кои литературата не ги интересира. И не читаат. И тоа ми изгледа сосем нормално.
Како бе младинава не читала ? кај нас во библиотека однапред се закажува за книгата зашто ти ја грабнаа. се чита, се чита и тоа како. ние сме многу другарки, па си ги менуваме книгите. кога ќе слушнеш некој што прочитал, дури срам те фаќа и нозите одма ти одат накај библиотеката. чудно е тоа што и слабите ученици во клас се намамија и "читаат" Колку да се рече дека читале. Да има фејсбук, интернет, ама со тоа повеќе се силиме. Ќе објават книга која си ја читкале, ќе си коментираат и тебе ти се јавува гласче да се прашаш Зошто да не и јас? Има една библиотекарка што на сите ни спомнува, чудно и било книгите од Коелјо, Кристи и некои слични автори, ги земале претежно мали деца. Другарка ми најчесто е пред мене во овие книги, па после ни ги препорачува на другите. И не сме само ние. Скоро сите друштва што почесто се среќаваат низ градот така прават. Ама тие читат и на странски
Обожувам да читам книги. Не само лектири, туку и многу други романи, збирки на раскази, енциклопедии и сл. Имам 12г. а веќе имам прочитано над 500 книги. Читам во слободно време, а на вечер не можам да заспијам ако не прочитам барем од 30 до 50 стр. од некоја книга. Не сакам премногу да се фалам но ретки се децата на моја возраст кои читаат книги и жал ми е што немам со кого да дискутирам за книгите... Спојлер доказ дека дел младината чита книги.хаха
читам книги, итоа многу.. уште еден доказ дека дел од младината не го тераат тој имиџ и сеуште читаат книги