Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книгата и младината

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од aNy-to, 22 септември 2010.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Два различни поими ..... ;)
     
  2. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    читам, многу читам. :) :)
    само криво ми е, што и моето опкружување ја нема таа навика, па нема со кого да продискутирам за делото!!! :worried: :worried:
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да читам си читам тоа што ми е за на училиште и ако имам време некоја добра препорачана книга. Не сакам готовани значи ако сакаат толку нека си ги читаат сами книгите и сами нека си ги раскажуваат :^)
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Добро, прекинете со вакви генерализации, бидејќи се тотално непотребни.

    Младина е широк поим.
    Еве јас и моето друштво спаѓаме во неа, па читаме книги, додуша, мојата најдобра другарка е фанатик за книги, посебно од Агата Кристи, прав манијак.

    Вие зборувате за младината со совршена шминка и фризура, која не знае од носот подалеку.
    Такви тинејџери, нема на форум.

    Инаку, познавам многу луѓе што гледаат на криво кога носиш книга во раце.
    Е, тогаш сум бесна и сакам да залепувам шамари.

    Има многу на кои што им е сега “кул“ да читаат, па читаат лесни шлагеријади од книги од типот на: Дневникот на принцезата и слично. Тоа не почитувам ни под категорија разно.
     
    На hrcace, L-enna, mamma-mia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас од мали нозе читав и тоа многу...и знаете, воопшто не ме интересираше што ќе ми речат другите. Покрај знаењето, со читањето ти се збогатува и речникот. Неможеш да постигнеш толку, колку што можат, тие со знаење и добар речник ;)
     
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    3.606
    Пол:
    Женски
    Имам 18 години и сакам да читам книги... Мислам дека може да се извлече добра поука од нив и ако ништо повеќе си го надополнуваш фондот на зборови па со самото тоа ќе изгледаш попаметен иако не си :D :D :D се зезам, мислам дека денеска многу ретко кој чита книга...и тоа е мили мои СТРАШНО... :( Ајде фаќајте се за книгите :)
     
  7. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Тежок збор е книгата :D За кого како,јас навистина обожавам да читам лектири и многу често читам по потреба или по моја желба, а книгиве што ни се за во школо тоа слабо :D
     
  8. JustSimple

    JustSimple Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    48
    Многу сакам да читам книги, па нека мислат ако сакаат дека не сум кул. Не ми е гајле. Инаку тоа не ми се случило, некој да ми рече: „ти нормална си?“, или нешто во тој стил. Се дружам, седам пред компјутер, излегувам, учам :!: , а имам време и да читам. Не сум бубалица, учам доволно за да ги имам сите петки.
     
  9. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Имам скоро 16 години и сакам да читам... :) Не се согласувам со потполност дека младината не сака да чита, добро мал е процентот на тинејџери кои сакаат да читаат книги но важно ги има. Еве на пример јас и мојата најверна другарка постојано одиме заедно во библиотеката и се договараме кои книги да ги земеме, па си разменуваме и читаме и после си разменуваме мислења. За време на школската година ги шитам тие за школо и кога имам време по некоја слободна, а за време на распустот не обожавам да шитам лектири пошто после нема да ми бидат интересни па читам некои слободни. Со тоа сакав да кажам дека има уште тинејџеи што сакаат да читаат :$
     
  10. AmericanGirl

    AmericanGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Дали 5 деца од одделение ги читаат лектирите, а не па други...еве јас сум некоја што читам и не се фалам со тоа многу зашто веднаш ќе почнат со префрлувања...ај препорачајте ми некоја книга, да не е од лектириве...
     
  11. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Погрешен е насловот.
    Јас имам 14 год. и читам во слободно време.Не само лектири туку и свој избор на книги.Секој пат кога татко ми ке ме праша каде ке одам кога се спремам за во библиотека му кажувам и ми вика дека нема потреба,имаме тоалет во веце.И си преќутувам ама некогаш навистина мн ме нервира.
    Не ги осудувам ни младите ни повозрасните тие што несакаат да читаат,секој си има право на избор туку тие што ги осудуваат и иасмејуваат што читаат. :)
     
  12. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Се смени времето.МНОГУ!
    Денес 90% од младите мислат дека нема да бидат доволно cool ако прочитаат по некоја добра книга.Сите се внесени во компјутерите и мислат дека ако нешто прочитаат од таму,прочитале книга!Девојчињата најмногу купуваат списанија,а машките не се ни замараат со тоа.Искрено мислам дека во списанијата нема ништо паметно за читање,освен ако не изникне некоја навистина добра колумна што вреди да се прочита.Како што напредува технологијата,книгите се повеќе и повеќе се забораваат книгите.А за лектирите да не збориме.Некој ќе рече дека ја прочитал таа и таа книга(лектира),а знам по начинот на кој го кажува тоа дека ја прочитал само колку да ја прочита и само ја прошол без разбирање на самата содржина во неа.Иако јас сум сеуште во моите рани тинејџерски години,многу ги сакам книгите и секој втор или трет ден започнувам да читам нова книга,бидејќи кога ќе почнам да читам некоја книга се внесувам во нејзината содржина и не ја оставам.
     
  13. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со NewYorker веќе никој од младите не чита книги, ретко кој чита. Сега и лектирите што ни се за во школо не ги читаат бидејќи ги има на интернет прераскажано,јас обожавам да читам книги и гледам слободното време да го потрошам во читање, бидејќи со секоја прочитана книга мојот речник се збогатува.
     
  14. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    И јас спаѓам во младината што чита. Понекогаш кога имам мерак за читање, читам над 100 страници на ден, а понекогаш кога не ми се чита може и по неколку недели ништо да не прочитам. Многу деца кои ќе прочитат некој брестселер, веднаш мислат дека се читачи и на сите се фалат дека божем читат. Го сакам Лондон, Париз, Надарени, Мали слатки лажливки и други, за мене не се книги. Што ќе научиш од нив? Кој чуства ќе ти ги побудат? :^) Настрашното нешто во книгата е кога некоја од девојките ќе си го скрши ноктот. Ваоо, колку драматично. :fubar:
    Јас ги обожавам книгите на Горјан Петревски, нешто незаменливо се. :x Освен од Горјан обожавам да читам книги од македонски писатели, бидејќи знам дека тие книги се на литературен македонски јазик. Книгите се нешто прекрасно. :inlove:
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    читам, и тоа многу(дома ми кријат книги, у библиотеката сум секојдневен гост)ама моево опкружување... Бога молам да најдам некој шо ке можиме да правиме нормален муабет
    Јас сум сигурна дека има возрасни луге што не знаат името да си го напишат а за тинејџери и да не зборувам. Писмената по македонски јаа пишува со латинично писмо. Еј ми се иде од глава да му ја треснам вежбанката. А за стил да не зборуваме. Еве мал извадок (само она што се сеќавам) од писмена на мој соученик
    Тема:Како го поминав летниот распуст
    Јас на летнио распуст беех таму и таму убаво си поминах беех со стрина ми и чичо ми одииме на базенто
    претпоставувам дека повеќето заплакавте на овој ред неписменост кој не беше наведен поради навреда на дотичниот туку поради тоа што сакав да докажам дека денешните ученици веројатно не знаат кој е тој Горјан Петрески а за попознати писатели и да не пишувам.
     
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.055
    Допаѓања:
    36.093
    Пол:
    Женски
    Јас читав книги само во основно и во средно. Коса ми се креваше кога требаше да ги читам. Не сум љубител на пишаниот збор.
     
  17. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое право на избор. Никого не осудувам и не сум ги проценувала луѓето врз основа на тоа дали читаат или не. Некогаш е стварно претерано да не знаат да се изразат. Јас досега не сум била во опкружување на луѓе поточно млади кои не читаат. скоро сите мои блиски, соученици читаат ако ништо друго ќе прочитаат некоја книга по нивни вкус- некои мистерии, некои читаат чик- лит, историски. Нормално е дека сите немаме ист вкус. Јас искрено многу сакам да читам и го практикувам тоа.
    Сепак сметам дека е подобро да се читаат книги барем во овие години кога сме млади, пред се се надоградуваме себеси, се релаксираме, бегаме барем за миг од реалноста. И да за мене подобро е да се прочита книга и на тој начин да се одмориме него ли да се пие алкохол во огромни количества.
     
  18. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Книгата и младината?!?! Да, се римува, малку! Ама се’ поретко и поретко одат едно со друго, како што викаат рака под рака :^) . Некои воопшто не читаат, а некои кога ќе почнат една книга ја „гњават“ цел месец. Добро многу ли се 200 страни. :fubar: .

    Утре ќе каже повторно утре... Убаво е кажано: Утреш куќа не врти. Ама за кого. :!: . Јас сум тинејџерка и книгите ми се премногу интересни. Речиси сите велат: Таа книга не е интересна!, Таа книга е многу досадна! Од таа книга ништо не можам да разберам!!

    Па, секако дека нема да разбереш кога сега читаш книга, а умот ти е што ќе се случи со Џемиле и дали Нериман и Омер ќе се смират!! :^)

    Кога ќе дојде ред, кога ќе станат повозрасни и ќе им биде потребно знаењето од книгата, Џемиле, Нериман, Омер и кој ли уште не, ќе дојдат и ќе ви го дадат. Вие воопшто немојте да се грижите.

    И да, премногу ми е чудно кога ќе прашам некој: Колку книги прочита?, а тој ми вели: -Ниту една, не можам да ги најдам никаде. Си мислам во себе: Побарај ги на патот, таму се можеби. Хелоу :fubar: . Па потруди се малку. А што зборувам јас, што мора да се труди, отиди во библиотека или пак купи ја од некоја книжара. Ама не, тој сака на виолетово перниче да му ја донесат.

    И кога некој ќе им рече: Читајте малку повеќе, некогаш ќе ви треба, е вакви се => |-) |-) . Од едно уво влегува, од друго излегува! Е што има јас да читам де!!! Демек нешто ќе ми помогне.

    Читајте повеќе. Некогаш ќе ви треба!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    61.363
    За жал денешната младина многу малку или воопшто нечита книги!!! Дури и училишните лектири им се оптоварување и гладаат по секоја цена да не ги прочитаат - се снаогаат со читање на прераскажани дела на интернет или со читање на критики за книгата!!! Страшно, не знаат што пропуштаат!!! Јас кога бев ученичка се натпреварував со една другарка која повеќе книги ке прочита!!! Библиотекарот беше на маки да ни најде книги што не сме ги прочитале!!!
    Секогаш им зборувам на младите луѓе околу мене да читаат што повеќе книги, им прераскажувам книги што сум ги прочитала се со цел да ги заинтересирам повеќе време да поминуваат со книга во рака отколку на интернет игриците или Фејсбук...
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев средно задолжителни ни беа и делата (освен лектирите). Имавме принципиелна професорка која сакаше да не научи да размислуваме, а не само површно да ги читаме книгите. Имавме стварно многу книги за читање, секоја недела обработувавме по некоја, а некогаш се случуваше во една недела да обработуваме две. Во класот бевме само 5-6 ученици што ги читаа, другите или не ги читаа воопшто, или се снаоѓаа некако преку кратки содржини прочитани во учебниците и на интернет. Ретко кој членуваше во библиотека во тоа време.
    Мојава генерација се уште спаѓа во младината, а дали нешто во меѓувреме се изменило - не знам. Веројатно во прашање е и тоа кој колку време има сега за читање.

    А што се однесува до денешните средношколци и основци, мојот впечаток е дека многу непродуктивно го користат слободното време. Не е само читањето во прашање, туку и сите оние убави активности за кои времето им дозволува да ги прават. Има исклучоци, не велам не, ама генерално повеќето ги губат минутите посветувајќи се на тотално неважни работи и дозволуваат бесцелно да им поминат деновите. Кога ќе го прочитам она Леле, досадно ми е - коса ми се крева.