Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книгата и младината

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од aNy-to, 22 септември 2010.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Повеќето уште од мали нозе не се учени од родителите да читаат, немало никој да ги поттикне, па не се замараат со тоа. Еве една случка:
    Имав осум годинки, се враќав од библиотеката. Беше лето, а 12.часот напладне. По пат ја читав книгаата која само што ја позајмив од библиотеката. Наидов на едни деца, брат и сестра. Братото веќе единаесет години, сестрата седум. Ме сопреа. Ми рекоа дека сигурно не знам каква е книгата која ја држее момчето. Тој рече:"Ај раскажи ја оваа книга, да те видам дали ја знаеш." Го погледнав името, да, ја имав прочитано таа книга, почнав да ја раскажувам. Ме гледаа в лица и ми се смееја. Тогаш момчето рече:"Просто девојче! Сред лето чита книги!" Ме подбутна и хистерично смеејќи се заминаа. Јас останав замислена на камената улица. Си реков:"Еден ден ќе бидам успешна, паметна личност, ќе се гордеам на своите успеси, а тие ќе бидат никој и ништо." И знаете што? Сега јас можеби не ги учам школските лекции и не лупам глава од земја, но сега истото тоа девојче кое ми се смееше не знае ни течно да чита. Да. Ај да не бидам оф топик, сами е го сватите значењето на нивните постапки.
     
  2. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Еве јас да си кажам...од моите другарки никоја не чита книга дури едно време ме зезаа со тоа ти ептен учена ќе испаднеш ама јас си го прифаќам како комплимент..и жал ми е за нив бидејќи незнаат што пропуштаат бидејќи читањето мене ме исполнува..и да си признаам јас до полани книги читав тие што ми се редовни и 3-4 во лето ама од тогаш ми дојде паметот за читање и мнгоу се радувам што е така <3
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Како бе не читаат? Па вие се дружите со погрешни личности. :D

    Јас со моиве другарки може скромно да ви кажам дека се натпреваруваме. Која прочитала повеќе, гледаме што потешки и потешки книги да читаме, па мерак ми е ептен. Ќе седнеме на кафе и наместо за машки ние за книги си дискутираме, не сфајќајте погрешно не сме нердс туку сме баш во тек со настаните, не сме исклучени и само со главата над книга.
    За се може да се најде време. По цел ден сум излезена, навечер по кафичи или со другарки сум, ама кога си дојдам дома имам време да седнам и 2-3 часа да посветам на некоја книга. Со задоволство читам, со уште поголемо задоволство ги дискутирам книгите.

    Почнав да читам уште од 12-13 години, пред тоа си ги читав само лектирите од школо што и тоа не е мала работа.
    Си почнав со оние чик лит, научив се што требаше да се научи за љубовта и момчињата и сега свртев на класици. Сега читам далеку потешки книги од што читав пред неколку години, што мислам дека е сосем во ред.
    Имам една таква познаничка што едвај 5 книги има прочитано ама битно на фб коверот и е со полица од книги, објавува статуси "reading is cool" и "intelligence is sexy" ама она не е интелигента. Ако прочиташ три книги од Александра Потер и една две од Пауло не си паметна, не. Па уште кога ќе излезе некој бестселер како сега што е „50 нијанси на сиво“ па некоја ќе ми каже онака ококорена „пу, срамота таа книга да ја немаш прочитано, џабе толку читаш ако баш таа ја немаш“ и во себе си мисли „која заостаната“... мрш девојко, стој на 3 метри дистанца од мене.
    Ако врв на твоето читање е „50 нијанси на сиво“ жал ми е, многу ми е жал што имаш толку големо мислење за себеси.

    Познавам фини луѓенца, што навистина ми е мерак да дискутирам за книги со нив. Библиотекарките ми го научија стилот и ептен добри книги ми препорачуваат, само тие не се ме разочарале до сега.

    Ептен заебгав од темата. Зборот ми беше дека сепак читаат младите, најмногу се чита Спаркс и оние лесните чик лит, ама и тоа е читање, и од нив може да се извлече некоја поука. Што и да е, да се чита. А оние кул деца (8)) што не читаат бидејќи тоа било само за бубалиците, еден ден нема да знаат на детето со домашно да му помогнат, жално.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Бедни ми се оние што се прават паметни и не читаат лектири, а да не павиме муабет за друга литература. И на оние кои читаат им вадат етикети бубалици или лица кои немаат социјален живот и само седат и читаат. Како не. Јас се восхитувам на начитани луѓе. И самата читам, сите лектири сум ги прочитала, а и башка од нив некои други. Обожавам книги, сега кога немам никакви лектири :) често си купувам книги да читнам нешто ново. Најмногу сакам психолошки и мистерии, како и крими романчиња.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Женски
    Во мојов случај не е така.Јас на 5 години научив да читам,на 7 течно читав,а на 9 имав премногу книги.
    А,сега,тоа ми е навика.Еден ден не ми поминува без прочитана книга. :)
     
  6. Евроазија

    Евроазија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Обожавам да читам книги.Еден ден се надевам дека и ќе можам да напишам некоја книга
     
    На xplady и Аргентина * им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.214
    Пол:
    Женски
    Duri ima dostapni knigi, kje ima i lugje koi gi chitaat, bez ogled od koja generacija se del. Prestanete da se istaknuvate na smetka na pomladite od vas. :rofl:
     
    Последна измена: 23 јули 2023
    На boomsleng и xplady им се допаѓа ова.