Кој е вашиот избор? Дали попрво би седнале да прочитате книга или би изгледале еден филм? Што сметате дека е подобро потрошено време?
Книга е секогаш мојот избор, секогаш е на прво место. Преку книга можам да си направам најдобар филм во главата. Многу е поубаво кога ликовите можеш да си ги отсликаш како сакаш, има многу детали кои е тешко да се сместат во филм, сметам дека ликовите можат далеку подобро да бидат изградени во книга. Филмовите всушност се најдоле на мојата листа. После книга пре би гледала серија. Не сум баш голем фан на филмови.
Јас мислам дека се си има своја убавина.Без разлика дали е книга или филм.Точно дека во 100 минути не може да се опише еден роман од 500 страници,ниту да се опише и долови ликот со магијата на перото.Но сепак има една поговорка која вика,"една слика опишува илјада зборови".Исто како шо ниеден писател не може да ја долови сликата и ниту еден режисер не може да ги долови зборовите.Затоа се различни уметности.
Во книгата дефинитивно.Затоа што посликовито се покажани настаните во книгата,отколку во филмот просто уживам додека читам
Дефинитивно книга, книгата си ја доживувам на мој начин, си создавам моја слика за ликовите.... А вака филмот е преставен на начин кој што го доживел режисерот.
Книга, сигурно повеќе преферирам. Зошто? Затоа што ми дозволува да фантазирам, затоа што ми дозволува да ги замислувам настаните во мојата глава, едноставно тоа ми е 100 пати повеќе возбудливо и релаксирачки отколку филм да гледам. Не дека не сакам да гледам, ама искрено ќе ми треба време да се наканам филм да си пуштам да гледам, него ли да седнам книга да читам. Филм дури во последно време можам на една рака да избројам колку пати сум гледала, за разлика од книга. Серии, да тоа си гледам секојдневно; но филм завчера гледав последен пат после не знам колку време. А и летово кога ќе бидам конечно слободна да правам повеќе работи, се радувам што ќе можам повеќе книги да прочитам. Филм - ако ептен немам што да правам.
Книгите се мојот избор. Тие ми се на врвот а се друго е подолу и подолу... Можеш комотно да ја употребиш фантазијата и да ги замислуваш опишаните ликови на свој начин. Местото да го доживееш како нешто кое го познаваш цел живот... Со книгата си создавам „филм“ каков што сакам, ликови кои јас сакам да постојат, места кои најмногу ми одговараат... Просто имаш слобода за размислување и фантазирање...
Дефинитивно книга затоа што додека читаш слободно се препушташ на својата фантазија. Ликовите и настаните ги доживуваш на твој начин.
Двете.Првин книга а потоа филм затоа што во книгите има повеќе детали, а потоа филмот за поубаво да ги доживееш моментите.
Книга - заради причини кои веќе се набројани и кои јас веќе сум ги спомнала во други теми. Читањето книга ми е одмор за тело и душа. После напорен ден ќе се стуткам во кревет со шолја кафе или чај, и едноставно ќе го одморам мозокот од секојдневните грижи и обврски.
Книга. Најпрво поради тоа што фантазијата ми дозволува сама да ги замислам ликовите и случките. Друго, што имам занимација за наредните неколку дена (зависи од големината на книгата и дали лесно се чита или не). Плус си го зголемувам фондот на зборови и дознавам нови работи, некои ситници кои секако не би ги вметнале во филмот.
Дефинитивно книга.Уживањето е поголемо кога се чита негде во природа, на плажа, на планина, во парк . . .Многу пати до сега ми се случило да прочитам книга а подоцна да направат филм и воопшто не сум задоволна како го одсликуваат тоа што јас сум си го замислиса во главата.Бидејќи сум личност која сака да фантазира книгата ми го дозволува тоа, да си ги замислам ликовите, местата, случките, а на филм неможеш.
Книга дефинитивно.Поубаво е опишана приказната, немора за 2 часа да заврши и подобро си ги замислувам ликовите.Мирисот на книгата, самото вртење на страните ..
Повеќе уѓивам во книгата поубаво ми е да вртам страници и да литам збогатувакќи го речнико ,отколку да седнам саат ипол и да изгледам некој филм , и кој за два дена ќе заборавма што се случувало , но сепак тоа незначи дека негледам филмови одвреме навреме сакам некоја комедија или хорор(да не заборавам како изгледа чуството на страв) .
Тешка одлука јас стварно сакам филмови да гледам, ама емоциите што ги доловува книгата се неверојатни. А не можам да се откажам ни од добра книга ни од добар филм. Може двете?