1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Книга или филм, во што уживате повеќе и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од ApoLLo, 3 јуни 2012.

?

Што повеќе преферирате?

  1. Книга

    125 глас(а)
    76,7%
  2. Филм

    38 глас(а)
    23,3%
  1. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Кој е вашиот избор? Дали попрво би седнале да прочитате книга или би изгледале еден филм?
    Што сметате дека е подобро потрошено време?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Книга е секогаш мојот избор, секогаш е на прво место. Преку книга можам да си направам најдобар филм во главата. Многу е поубаво кога ликовите можеш да си ги отсликаш како сакаш, има многу детали кои е тешко да се сместат во филм, сметам дека ликовите можат далеку подобро да бидат изградени во книга. Филмовите всушност се најдоле на мојата листа. После книга пре би гледала серија.
    Не сум баш голем фан на филмови. :)
     
    На LittlePinky и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  3. ApoLLo

    ApoLLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    22
    Јас мислам дека се си има своја убавина.Без разлика дали е книга или филм.Точно дека во 100 минути не може да се опише еден роман од 500 страници,ниту да се опише и долови ликот со магијата на перото.Но сепак има една поговорка која вика,"една слика опишува илјада зборови".Исто како шо ниеден писател не може да ја долови сликата и ниту еден режисер не може да ги долови зборовите.Затоа се различни уметности.
     
    На LittlePinky, AwesomeGirl и teddybear им се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Во книгата дефинитивно.Затоа што посликовито се покажани настаните во книгата,отколку во филмот просто уживам додека читам :D
     
  5. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно книга, книгата си ја доживувам на мој начин, си создавам моја слика за ликовите.... А вака филмот е преставен на начин кој што го доживел режисерот.
     
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Филм а сакам книги да читам ама не ме бива,ќе земам ќе ја оставам :$
     
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485


    :f: за муабетов ,истомисленици дефинитивно .
     
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Книга, сигурно повеќе преферирам.
    Зошто? Затоа што ми дозволува да фантазирам, затоа што ми дозволува да ги замислувам настаните во мојата глава, едноставно тоа ми е 100 пати повеќе возбудливо и релаксирачки отколку филм да гледам. Не дека не сакам да гледам, ама искрено ќе ми треба време да се наканам филм да си пуштам да гледам, него ли да седнам книга да читам.
    Филм дури во последно време можам на една рака да избројам колку пати сум гледала, за разлика од книга. Серии, да тоа си гледам секојдневно; но филм завчера гледав последен пат после не знам колку време.
    А и летово кога ќе бидам конечно слободна да правам повеќе работи, се радувам што ќе можам повеќе книги да прочитам. Филм - ако ептен немам што да правам. :D
     
    На ApoLLo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Книгите се мојот избор. Тие ми се на врвот а се друго е подолу и подолу...
    Можеш комотно да ја употребиш фантазијата и да ги замислуваш опишаните ликови на свој начин. Местото да го доживееш како нешто кое го познаваш цел живот...
    Со книгата си создавам „филм“ каков што сакам, ликови кои јас сакам да постојат, места кои најмногу ми одговараат...
    Просто имаш слобода за размислување и фантазирање...
     
  10. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно книга затоа што додека читаш слободно се препушташ на својата фантазија. Ликовите и настаните ги доживуваш на твој начин.
     
  11. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Па..повеќе филм.:)
     
  12. sara333

    sara333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    27
    Двете.Првин книга а потоа филм затоа што во книгите има повеќе детали, а потоа филмот за поубаво да ги доживееш моментите. :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Книга - заради причини кои веќе се набројани и кои јас веќе сум ги спомнала во други теми.
    Читањето книга ми е одмор за тело и душа. После напорен ден ќе се стуткам во кревет со шолја кафе или чај, и едноставно ќе го одморам мозокот од секојдневните грижи и обврски.
     
  14. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Книга.
    Најпрво поради тоа што фантазијата ми дозволува сама да ги замислам ликовите и случките.
    Друго, што имам занимација за наредните неколку дена (зависи од големината на книгата и дали лесно се чита или не).
    Плус си го зголемувам фондот на зборови и дознавам нови работи, некои ситници кои секако не би ги вметнале во филмот.
     
  15. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
    Филм, особено комедија. Уживам, се релаксирам, грицкам нешто :D
     
  16. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно книга.Уживањето е поголемо кога се чита негде во природа, на плажа, на планина, во парк . . .Многу пати до сега ми се случило да прочитам книга а подоцна да направат филм и воопшто не сум задоволна како го одсликуваат тоа што јас сум си го замислиса во главата.Бидејќи сум личност која сака да фантазира книгата ми го дозволува тоа, да си ги замислам ликовите, местата, случките, а на филм неможеш.
     
  17. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Книга
    Мирисот, страните, тестот, цитатите, едноставно човек да не можи дасе оддели од нив!
     
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Книга дефинитивно.Поубаво е опишана приказната, немора за 2 часа да заврши и подобро си ги замислувам ликовите.Мирисот на книгата, самото вртење на страните .. :inlove:
     
  19. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Повеќе уѓивам во книгата поубаво ми е да вртам страници и да литам збогатувакќи го речнико ,отколку да седнам саат ипол и да изгледам некој филм , и кој за два дена ќе заборавма што се случувало , но сепак тоа незначи дека негледам филмови одвреме навреме сакам некоја комедија или хорор(да не заборавам како изгледа чуството на страв) .
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Тешка одлука :$ јас стварно сакам филмови да гледам, ама емоциите што ги доловува книгата се неверојатни. А не можам да се откажам ни од добра книга ни од добар филм. :^) Може двете? :D