Книга затоа што е поубаво објаснето во неа се.Додека во филмот има помалку објаснување и повеќе е збунувачки.
Секогаш е подобро книга - му давате шанса на умот да се развива, да гради свои сценарија, самиот да гради сцени и заплети. Сепак нели и филмот започнува како книга - сценарио, кое на платното е дадено преку призмата на режисерот. Со читање книги, вие сте самите режисер на еден куп филмови
Книга- Во неа можам сама да си ги замислувам ликовите, предметите и др. Поопширно и поинтересно е објаснето, запазен е секој детал
Секогаш уживам во читање на некоја добра книга,но и гледање на некој филм.Но сепак би избрала книга.Повеќе разбирам кога ќе прочитам нешто од кога ќе во видам.Чудна сум нели? Со книгите повеќе ги доловувам настаните и плус ми се одмор за очи.
Иако сум страсен читач на книги, повеќе преферирам да гледам некое филмче ама така по свој мерак... :geek:
уживам во читање книги (особено некои психолошки, што успеваат да ти ја размрдаат секоја мисла во глава) , ама како огромен филмоман , моето задоволство се зголемува за едно ниво повеќе во гледање филмови
Книга, секако. Ти дава поголема слобода, можност да пловиш низ фантазијата, да си ги замислиш ликовите, да создадеш свој филм во главата, за таа книга.
Повеќе сакам да читам книги. Мислам дека книгите се покорисни. Преку нив секогаш вадиме некои поуки... Иако и филмот може да биде доста интересен, јас сепак ја бирам книгата.
Книга! Некако поубаво ми е да седнам, да си се опуштам и да си го пуштам мозокот да си фантазира, да си ги замислува ликовите, местата кои се опишани...
Повеќе сакам книга, но сакам и да си гледам филмчиња... Ми се допаѓа книгата бидејќи самата си го креирам сценариото и посликовито си ја замислувам приказната... Филмот е повеќе ограничен и затоа бргу ми здосадува од приказната !
Книга. Од проста причина што сама ги го правам филмот у глава. Не дека не сакам филмови, но кој и да сум изгледала снимен според снецариото на некоја книга сум се разочарала. Затоа што филмот никогаш неможе да ти ги побуди тие чувства како книгата,затоа што се ти е сервирано на тацна, нема простор за твојата фантазија и доживување на тие моменти.
Јас сум за Филм Незнам но мислам дека поубаво ги доживувам нештата кога ги гледам, а во книгата си создавам слики во главата, па затоа филм ми е подобра опција
Книга Ја користам мојата фантазија и обожавам кога самата сум режисер на она што напишано во книгата. Убаво ми е и кога гледам филм,но со книгата вклучувам иновативност и ми е поинтересно.Особено ако се работи за добра содржина
Дефинитивно книга. Филмовите ми се некако попрости, додека книгите го потхрануваат мозокот, а и повеќе сакам самата да си створам слика за нештото.
книга си е книга...ај да ве видам ке одесете ли лаптоп на плажа да ви препорачам добра а поучна книга?? Како да пливате со ајкули без да бидете изедени...добра книга што може добро да те подучи како да се однесуваш во бизниз светот..а за уживање пробајте со Кој ке Плаче кога ке те нема-книга која нуди совети за животот...
Мојот избор е книгата. Кога ја читам сликите, филмот можам да си ги направам по свој вкус. А најмногу уживам во книгите затоа што траат подолго од два саати